Ајде и јас да го пиШам моето искуство околу овој проблем.
Алтеата го има звукот уште од прв ден кога ја купив. Втор сопственик сум, ја земав со 10к километри, сега има 50к.Порано не обрнував внимание толку на тој звук затоа што беше краток, 1-2 секунди тропкање и не помислив ништо, се додека не му се случи на членот ninomk кој е мој близок. Од тогаш цело време внимавам на тој звук, кој го има ама не секогаШ. Го има на ладен старт, особено кога колата не е работена 2-3 или повеќе дена, и звукот е поизразит во зима. Еве и видео едно од Декември 2014.
Го пријавив дефектот во Порше(Сеат), и ми рекоа исто да ја донесам колата да ја запалат од сабајле. Во меѓувреме пред да ја слушнат ми рекоа дека во најлош случај треба да платам 60.000 денари ако требаат некои делови како варијатор на брегаста итн. Им укажав дека за таков општо познат проблем треба да се активира некоја "good will" политика и тие да сносат поголем дел од трошоците, на што рекоа прво дека не под гаранција колата, што нема логика пошто ако е под гаранција нема да барам goodwill него си ја прават без никаков проблем.
По инспекција ми јавија да си ја земам колата со образложение "во моментот не е потребна промена на моторно ланче". За дијагностиката не ми наплатија ништо.
Од тогаш поминав ~7.000 километри и нема некоја промена во работата, потрошувачката и звукот. Дали е сериозна работата незнам, ќе ја проверам пак на редовен сервис кој е за кратко. Секако ќе пишам во темава.
@marjanot, види што ќе ти кажат на тебе по дијагностика. Ако го добиеш истиот одговор твое е дали сметаш дека ти даваат фер проценка, и дека не треба да се менува. Јас не инсистирав да се менува, но земав копија од работниот налог да имам документ дека сум пријавил проблем. Ако ти кажат дека треба да се менува, а бараат да платиш во целост, обавезно да бараш "good will".
@JKD, што направи ти друже?