Автор Тема: TSI мотор проблем со ланче  (Прочитано 35473 пати)

Отсутен ninomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
  • Autobahn for All
TSI мотор проблем со ланче
« на: 21 Октомври 2014, 21:05:33 pm »
Здраво момци,

Поседувам VW Golf Mk6, 1.2 TSI 77kw, од 2011 година со поминати помалку од 40000км. Од пред некој месец за прв пат приметив дека понекогаш при ладен старт на моторот се појавува штракање кое исчезнува за 2-3 секунди. Звукот е сличен како во ова видео https://www.youtube.com/watch?v=K0Szy2gDHmg
Малку разгледав на нет и видов дека TSI моторите прозведени во периодот 2009-2012 имаат чест проблем со ланчето на моторот. Замената за ново изгледа доста скапа. Дали некој од вас е запознаен нешто повеќе со овој проблем? Колку може да му наштети на моторот?
Веќе закажав преглед на овластен сервис за во Сабота па ќе видам што ќе биде точната дијагонза.

Поздрав,
Нино
« Последно менување: 21 Октомври 2014, 22:27:17 pm ninomk »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #1 на: 21 Октомври 2014, 21:10:00 pm »
Пиши му на овој член: http://forum.carclub.mk/index.php?action=profile;u=40
Тој има ваков голф со ист мотор и пред некое време имаше проблеми со ланчето.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #2 на: 21 Октомври 2014, 23:00:51 pm »
Колега!

Да, имаат проблем со ланчето, затоа поновите генерации од овој мотор се на каиш.

Не знам дали си во Скопје или не, ама ако си во Скопје, обрати се во Порше, би требало да го решат проблемот. Кај Матеј се реши за ден-два без сериозни последици и трошоци, а и него колата му е излезена од гаранција.

Отсутен ninomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
  • Autobahn for All
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #3 на: 22 Октомври 2014, 21:53:37 pm »
Пиши му на овој член: http://forum.carclub.mk/index.php?action=profile;u=40
Тој има ваков голф со ист мотор и пред некое време имаше проблеми со ланчето.
Обавезно! Фала за препораката.

Отсутен ninomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
  • Autobahn for All
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2014, 22:07:03 pm »
Колега!

Да, имаат проблем со ланчето, затоа поновите генерации од овој мотор се на каиш.

Колега, изгледа време е да се распрашам за опција замена старо за ново. Веќе некое време го меракм МК7 моделот со ACT технологија.



Не знам дали си во Скопје или не, ама ако си во Скопје, обрати се во Порше, би требало да го решат проблемот. Кај Матеј се реши за ден-два без сериозни последици и трошоци, а и него колата му е излезена од гаранција.

За жал не сум во Скопје. Ќе кршам јазик на Чешки овој пат  :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #5 на: 23 Октомври 2014, 11:40:55 am »
Оооо колега, се гледаме на пиво у чешка за некое време.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #6 на: 23 Октомври 2014, 20:00:57 pm »
Колега!

Да, имаат проблем со ланчето, затоа поновите генерации од овој мотор се на каиш.

Колега, изгледа време е да се распрашам за опција замена старо за ново. Веќе некое време го меракм МК7 моделот со ACT технологија.



Не знам дали си во Скопје или не, ама ако си во Скопје, обрати се во Порше, би требало да го решат проблемот. Кај Матеј се реши за ден-два без сериозни последици и трошоци, а и него колата му е излезена од гаранција.

За жал не сум во Скопје. Ќе кршам јазик на Чешки овој пат  :)

Не сум го пробал моторот со деактивација на цилиндри. Има еден-два примероци во Скопјево, и чекам шанса да пробам.

Отсутен ninomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
  • Autobahn for All
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #7 на: 24 Октомври 2014, 19:53:47 pm »
Оооо колега, се гледаме на пиво у чешка за некое време.

Важи колега, пиши кога ќе ожедниш :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #8 на: 24 Октомври 2014, 19:59:57 pm »
Од кај сеа и вие колеги?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #9 на: 24 Октомври 2014, 21:27:39 pm »
По чешка линија :)

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #10 на: 25 Октомври 2014, 23:52:57 pm »
Колега!

Да, имаат проблем со ланчето, затоа поновите генерации од овој мотор се на каиш.

Не знам дали си во Скопје или не, ама ако си во Скопје, обрати се во Порше, би требало да го решат проблемот. Кај Матеј се реши за ден-два без сериозни последици и трошоци, а и него колата му е излезена од гаранција.
мојот тси е од 2008-ма, он на каиш или на ланец е не знам , а и  никогаш не сум се заинтересирал за ова, а ти како што велиш мојон треба да е на ланец
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен ninomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
  • Autobahn for All
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #11 на: 27 Октомври 2014, 20:45:44 pm »
Дефектот ми го потврдија денес од сервис, дефинитевно разлабавено е ланчето на моторот.
Ми рекоа дека замената ќе ме кошта 90е, а останатите трошоци ги покрива Фолксваген затоа што даваат продолжена гаранција на тој дел.
Во Среда треба да си ја земам колата. Тогаш ќе се распрашам подетално каква замена имаат направено и дали новиот дел е поинаков од претходниот.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #12 на: 28 Октомври 2014, 18:17:08 pm »
Поштено. Фина цена, на здравје. :)

Отсутен ninomk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
  • Autobahn for All
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #13 на: 04 Ноември 2014, 22:15:09 pm »
Конечен исход од сервисот е променето ланче, моторно масло и филтер за масло.
Фолксваген сноси 80% од трошоците за делови и комплетно работна рака. Мене на крај ми излезе 75еур да платам.
Се надевам поквалитетно е новото ланче и дека ќе терам со него многу подолго.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: TSI мотор проблем со ланче
« Одговори #14 на: 04 Ноември 2014, 22:17:40 pm »
Дали доби гаранција на ланчето?