Автор Тема: Електронски проблем на Форд Фиеста  (Прочитано 2465 пати)

Отсутен Templar

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
    • Hot meetings without obligations, one night only
Електронски проблем на Форд Фиеста
« на: 11 Септември 2015, 21:55:05 pm »
Здраво на сите.

Проблемот е следен:
Возилото губи снага и често гасне (на палење, на тргнување, сред вожња).

Проблемот лежи во читачот на вртежи на радилицата и иако знам што е, не знам како можам да го средам. Сменат е еднаш целосно, сменато е конекторчето, жицата е смената (до почеток на заштитната кошулица, не целосно) и џабе е се, пак зафркава. Инаку да напоменам дека возилото нема капак на тој читач (овластениот сервисер го извадил и не го вратил па сега страда на вода, но проблемот постои и кога е се суво, како летото).

Би сакал да ве замолам за помош, на електроничар не сакам да ја однесам, многу пари ми бараат, а не гарантираат успех; ако знае некој како можам да го средам проблемот и би сакал да сподели со мене ќе му бидам многу благодарен, а можеби ќе си заработи и пиво во блиска иднина.

П.С можеби најбитното заборавив да го напоменам. Возилото е Ford Fiesta 1.4 TDCi, 2008 годиште, земено ново од салон.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #1 на: 11 Септември 2015, 23:40:06 pm »
Дали возилото го однесе во овластениот сервис на Форд?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Templar

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
    • Hot meetings without obligations, one night only
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #2 на: 12 Септември 2015, 12:54:38 pm »
Не е во возна состојба возилото за да го носам било каде.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #3 на: 12 Септември 2015, 17:11:32 pm »
џабе муабетов... однеси го во овластен сервис и они ке откријат што е, и секако ке си дадат гаранција за тоа што ке го сработат...

за подвижно или не, постои шлеп служби.. мислам дека и мида си имаат свој шлеп...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #4 на: 12 Септември 2015, 17:18:06 pm »
Баш нивен шлеп немаат, ама имаат една служба што сорабуваат со нив. Јави се во мида и ќе ти дадат број. Чисто орентационо како за пример, од автокоманда до мида односно карпош,  кошташе 600 денари. Па сега ти рачунај. Инаку не знам како точно им е тарифата, односно колку беше од километар.

Отсутен Templar

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
    • Hot meetings without obligations, one night only
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #5 на: 13 Септември 2015, 02:41:34 am »
Се тоа во ред али не живеам во Скопје, во Охрид живеам и некако не ми се исплаќа од тука да плаќам шлепање до Скопје до Мида, плус таму ќе ме закрпат здраво. Фала за одговорите како и да е, ќе видам што ќе направам со возилото.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #6 на: 13 Септември 2015, 03:00:50 am »
пред да го носиш во мида, прашај колку ке кошта дијагностиката...

чак што више, контактирај го членот од тука што е вработен во сервис на мида (докторот)... до сега обезбеди ептен фини попусти за членовите на форумов...

и како тоа немаш рачун (не ти се исплаќа) да ја носиш на сервис кој дефинитивно ке ти најде што е проблемот, наспроти колата да ти седи паркирана и не исправна...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #7 на: 13 Септември 2015, 03:10:44 am »
Абе и јаре и паре нема тоа е јасно.

Еве ти еден предлог. Да пробаш нешто со членската карта од амсм која кошта околу 1000 денари и имаш 200 км бесплатен шлеп. Само како иде не знам баш.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #8 на: 13 Септември 2015, 08:48:35 am »
Има 100км бесплатен а од охрид до Скопје бројат скоро 400 пошто се рачуна повратното.  Километар е околу 20 денари.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #9 на: 13 Септември 2015, 09:13:27 am »
200 се бесплатни, ме шлепаа со полото од грчка граница до Велес и нешто ситно си доплатив 500 - 600ден

Отсутен alumen:)

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг:
« Одговори #10 на: 14 Септември 2015, 23:50:13 pm »
Маџар сервис - Охрид, Косел?
Немора до Скопје.

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #11 на: 15 Септември 2015, 10:50:28 am »
не знам точно за кој сензор се работи, но мислам дека ако е на радилица нема возење воопшто; ако е е  спид сензор кој е на менувачот врзан, па кога не е во ред може да забрзува или да гаси..Но тој може и да се откачи( барем кај старите бензински фиести) и  работи колата на некој средни параметри, малку потешко е менувањето брзини во почеток додека се навикнеш ...
еве некој слики од спид сензори, не е лошо проучи си го веб сајтот http://www.intermotor.co.uk/smpeurope/Intermotor-Catalogue.asp

http://smpe.elcome.co.uk/ecat/XC2Images/img_0300526009.jpg

http://smpe.elcome.co.uk/ecat/XC2Images/img_0300624007.jpg

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Електронски проблем на Форд Фиеста
« Одговори #12 на: 15 Септември 2015, 19:38:48 pm »
Има 100км бесплатен а од охрид до Скопје бројат скоро 400 пошто се рачуна повратното.  Километар е околу 20 денари.
еен другар имаше пех, му пукне црево на Стража, му доје АМСМ камиончето, нив и колата ги онесе безПлатно до Охрид, пред авто сервис, свршија работа дури стигна попладнето и на плажа да оди