денес ја земав колата,не работи веќе така,останатото си беше се супер.
Фабриката покри целосни трошоци,65 илјади(така пишува) сменето е и уље и филтри,ланче,затегач,и уште нешто главно,не ми текнува како се вика.Ни дадоа и фотокопија од тоа што го смениле.
Али,приметив дека на прво вртење на клучот(не запалена) се укллучуваат сите системи,за брзо ги снемува сите,останува само EPC(Жолто сијаличе) и уште едно црвено(нема име,не знам како да го опишам).Откако ќе се запали колата,ги снемува.
Нормално е да светат тие две ? гледав по видеа и на други голфови така свети...При возење или палење се губат,но на прво удирање на клуч,се упалуваат сите можни системи-ги снемува за секунда-две,но овие две стојат дур не ја запалам..