Ајдеее читај го овој,немале обврска да го сменат...а зашо го сменија тогаш ? зашто откако им кажавме дека ќе пишеме горе за работава,одма ни закажаа сервис за да го мењаат ? не зборете глупости барем до толку,пред да им го кажам тоа читав и по други држави како е,а и тука,а и прашав 2ца мајстори,ми кажаа дека ТРЕБА да го сменат за БЕЗ ПАРИ или МАЛА надокнада,зашто ? не затоа што се многу поштени и добри,туку затоа што самата ФАБРИКА признала дека им е МААНА тоа на 6ките.
Затоа и мене ми е логично да ни дадат гаранција,али пошто не бев 100% сигурен не ги прашав,од чиста причина што сме научени дека не треба да бараме од леб-погача.
Да е проблемот само тропање на ланчето,нека тропа,ама верувам дека од тоа тропање ако не го смениш,ќе се исподесат уште 10 глупости...
друже... незнам што ти е тешко да сватиш дека НА ДОБРА ВОЉА НИВНА, ЗА ДА СИ ЗАДРЖАТ РЕНОМЕ НА ФИРМА КОЈА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ти го смениле ланчето и другите тракаташки бесплатно... тоа што фабрика признава дека имале фалична серија на ланче НИКОГО НЕ ОБВРЗУВА ДА ТИ МЕЊА НЕШТО БИЛО ШТО НАДВОР ОД ГАРАНТЕН РОК... затоа и постои тој гарантен рок... рокот е ХХ години... ден после тоа, можеш да се сликаш АКО НЕЈКАТ да ти сменат... па не у немачка, на свети петар прати му писмо и меил ако сакаш...
едноставно, свиркај си, си добил гратис нешто што кошта незнам колку миљони евра и тоа е тоа... а гаранција... нормално дека нема гаранција на нешто што е беспари... ем беспари, ем гаранција не идат заедно... денес ти го смениле, утре да ти протропа, нема гаранција... утре ке си го платиш по фул цена...
мислам, не е тешко да се сконтаат и спојат тие две работи заедно... во гарантен рок, можеш да им јебеш кеву ако сакаат да земат пари.. не само беспари туку и оштета за претрпени нервози ке наплатиш ако ги тужиш... ама вон гарантен рок, тоа е тоа... убаво си пишува таму во клаузулите, што и како кога купувате нови коли... што мислите, зашто се сите тие ЕДЕН КУП ХАРТИИ кога потпишувате договор за купување на ново возило... читајте се и читајте убаво... а членовите и правилата толкувајте ги ако не знаете како, со правник.. ангажирајте си правник, а не да ги толкувате како на вас ви одговара...
кој беше со фордот и кородираната цевка што се запна со ми-да? исто беше.. те тужби, те правници, те незнам што и на крај папала маца...само нервоза, проблеми и дрн дрн дрн тракаташки за на крај да посиса ножен палец, затоа што во договорот убаво пишува кои делови од каросеријата подлежат на гарантен рок...