П. С. Ако купиш Алфа, Куоре од дома го вадам и ти го носам сеир да ти пука! 
Да стискаме палци дека нема да е Алфа...Башка нема мене, на жена ми сеирот ќе и го фаќате секој ден кога ќе се среќавате на сервис. 
@Куоре
Кое годиште беше? од каде? кое ниво на опрема? Јас се оштрам на нешто вакво:
http://www.autoscout24.eu/Details.aspx?id=250807923&cd=635493174880000000&asrc=st|fs
Ама ова сепак е подобар избор:
http://www.autoscout24.eu/Details.aspx?id=254637824&cd=635477893270000000&asrc=st|fs
ем нема да фатат антемите и кобењето за А класа. 
Не знам само колку пари би излегле до регистрација...Помош некој?
@karajann
Му паѓа цената на запад, затоа и одам на таа варијанта. Кај нас за 3 години не верувам на половната А класа од 2006 дека ќе изгубам повеќе од 30% на цена.
Иста како таа што ја гледаш буквално,само црна.Мислам дека 2007 е,не ме фаќај за збор.Купена од тука од МАС,со некое средно ниво на опрема.На почеток малце комбесто се осеќаш,ама брзо легнува на раце.

За увоз мислам дека најпаметно ти е ТИ на лице место да си отидеш и да ја земеш.
Околу пресметувањата на трошковите рачунај дека на вредноста на возилото се пресметува 18%,па потоа на збирната вредност царина и акциза.
Ориентационо цените можеш да ги гледаш на оваа страна DAT.de(доле на страната ќе бараш Used car values),минимални разлики има со Шваќето. Или ако имаш некој близок што работи во шпедиција да му праќаш линкови па да ти проверува.
Совет од мене да не ти ја пишат реалната вредност за која е купена околку е повисока од таа во Шваќето(ценовникот),оти у тој случај ќе те царинат по фактурната вредност затоа што таа е повисока.
