Автор Тема: Каско осигурување...  (Прочитано 26951 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Каско осигурување...
« на: 12 Август 2014, 10:20:04 am »
Ме интересира колку од вас користат/користеле Каско осигурување?

Колку години по ред од купување на автомобилот го осигурувате Каско?

Кои компании ги преферирате за Осигурување и зашто?

Кој тип на Каско го користите/сте го користеле?


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #1 на: 12 Август 2014, 10:22:47 am »
Од прв ден од кога е купен Голфот е Каско осигуран. Првата година беше во Триглав, втората година во Сава, третава година е во Винер.

Да куцнам у дрво, до сега не сум имал потреба да го активирам. Се надевам дека никогаш нема да имам потреба да го активирам, ама моментот на мирна глава ми одговара.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #2 на: 12 Август 2014, 10:43:31 am »
Како што кажа Зеро, ефектот на мирна глава си е присутен. Фиестата веќе втора година по ред се осигурува каско во АД Осигурителна Полиса зошто таму имав пријател. Првата година само каското беше околу 28.000 денари, вторава година дадоа попуст на 22.000.
Се планира да се осигурува каско до 5та година, колку што има гаранција, а потоа да се активира каското и сите гребаници, зуцки и (да е далеку) удари да се санираат во МиДа, а потоа колата да се продаде, или да се даде старо за ново.
Мислам дека со самото тоа што во документација стои дека била каско осигурувана, а има и целосна сервисна историја во овластен сервис, носи некој мир во купувачот, влева сигурност дека купува безбедно.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #3 на: 12 Август 2014, 10:44:28 am »
Каското е одлична работа, башка што денес осигурителниве компании нудат разно разни поволности, од типот на целосна покриеност на стаклата и покрај вклучена франшиза на стаклата итн, итн.
Башка што цените на каското последнава година станаа прилично ефтини.
За кола до 6-7 години старост, кој може да си дозволи е убава работа.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #4 на: 12 Август 2014, 10:54:54 am »
Каското е одлична работа, башка што денес осигурителниве компании нудат разно разни поволности, од типот на целосна покриеност на стаклата и покрај вклучена франшиза на стаклата итн, итн.
Башка што цените на каското последнава година станаа прилично ефтини.
За кола до 6-7 години старост, кој може да си дозволи е убава работа.

Кои компании ги преферираш и зашто?

Кој тип на Каско?


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #5 на: 12 Август 2014, 10:56:46 am »
Како што кажа Зеро, ефектот на мирна глава си е присутен. Фиестата веќе втора година по ред се осигурува каско во АД Осигурителна Полиса зошто таму имав пријател. Првата година само каското беше околу 28.000 денари, вторава година дадоа попуст на 22.000.
Се планира да се осигурува каско до 5та година, колку што има гаранција, а потоа да се активира каското и сите гребаници, зуцки и (да е далеку) удари да се санираат во МиДа, а потоа колата да се продаде, или да се даде старо за ново.


Дали е ова цена за Фул Каско односно без франшиза?

И дали е изводливо тоа што велиш за зуцките и слично? Бидејќи ако добро разбирам, треба да пријавиш штета непосредно после штетата, а не од после, и во спротивно нема да ти ја признаат.

Така да зуцките и гребаниците, ќе мораш или сам да ги санираш, или а активираш каско одма после нанесување на гребаницата/зуцката :)

Или јас лошо сум разбрал?


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5832
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #6 на: 12 Август 2014, 10:58:05 am »
Колата ја осигураме каско откако е купена, значи од првиот ден, веќе 5ипол години. Планирам секогаш да биде осигурана, мирна глава. Осигурана е цело време во QBE, сегашно Vienna Insurance Group, мислам дека е најдобра компанија. Првите 3 години беше осигурана со 500 евра франшиза, но после тоа се префрливме на 200 евра и од тогаш до сега е така. Бидејќи досега фала богу не било активирано секоја година имаш попуст, на крајот цената ни дојде исто како што сме плаќале претходно за 500 еу, плус и се договараш со агентот, секако си го задржуваш истиот и се договараш. Цената е доста променлива, немаат да кажеш некоја одредена цена и мора да биде таа, даваат попусти, поволности, поготово ако му кажеш во таа и таа компанија добив таква цена па ќе се префрлам таму :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #7 на: 12 Август 2014, 10:59:49 am »
Колата ја осигураме каско откако е купена, значи од првиот ден, веќе 5ипол години. Планирам секогаш да биде осигурана, мирна глава. Осигурана е цело време во QBE, сегашно Vienna Insurance Group, мислам дека е најдобра компанија. Првите 3 години беше осигурана со 500 евра франшиза, но после тоа се префрливме на 200 евра. Бидејќи досега фала богу не било активирано секоја година имаш попуст, на крајот цената ни дојде исто како што сме плаќале претходно за 500 еу, плус и се договараш со агентот, секако си го задржуваш истиот и се договараш. Цената е доста променлива, немаат да кажеш некоја одредена цена и мора да биде таа, даваат попусти, поготово ако му кажеш во таа и таа компанија добив таква цена па ќе се префрлам таму :)

Кои цени си ги добил и за која вредност на возило? Може и во пвт :)

Инаку малку ги читав и регулативите за осигурување на Сава Табак.. Мислев дека само франшизата е ограничување при исплата на штета, ама испаѓа дека ако не доплатиш за СуперКаско не ти важи каското за уништуваење на Светлечки тела или штета настаната од животни.

Како е кај другите во овој поглед? Од друга страна осигурани се стаклата без оглед на франшизата со самото каско

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #8 на: 12 Август 2014, 11:11:18 am »
Каското е одлична работа, башка што денес осигурителниве компании нудат разно разни поволности, од типот на целосна покриеност на стаклата и покрај вклучена франшиза на стаклата итн, итн.
Башка што цените на каското последнава година станаа прилично ефтини.
За кола до 6-7 години старост, кој може да си дозволи е убава работа.

Кои компании ги преферираш и зашто?

Кој тип на Каско?



За компанија си одлучуваш самиот, гледај да биде компанија која за брзо време и без многу тупење ги исплаќа штетите, околу ова мислам дека Банзаи е покомпетентен од мене, па ако сака може да се изјасни.

Друга работа, задолжително гледај да биде компанија каде и покрај франшизата стаклата се покриени во целост.

Каско без франшиза секогаш е најдобра опција, но ако мене ме прашуваш каско со 200 евра франшиза е прилично фер понуда за цената.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1832
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #9 на: 12 Август 2014, 11:28:19 am »
Како што кажа Зеро, ефектот на мирна глава си е присутен. Фиестата веќе втора година по ред се осигурува каско во АД Осигурителна Полиса зошто таму имав пријател. Првата година само каското беше околу 28.000 денари, вторава година дадоа попуст на 22.000.
Се планира да се осигурува каско до 5та година, колку што има гаранција, а потоа да се активира каското и сите гребаници, зуцки и (да е далеку) удари да се санираат во МиДа, а потоа колата да се продаде, или да се даде старо за ново.


Дали е ова цена за Фул Каско односно без франшиза?

И дали е изводливо тоа што велиш за зуцките и слично? Бидејќи ако добро разбирам, треба да пријавиш штета непосредно после штетата, а не од после, и во спротивно нема да ти ја признаат.

Така да зуцките и гребаниците, ќе мораш или сам да ги санираш, или а активираш каско одма после нанесување на гребаницата/зуцката :)

Или јас лошо сум разбрал?



И јас не сум баш сигурен дека може туку така да се средат сите гребаници на цела кола.
Секоја штета на колата се регистрира како одделен штетен настан, еве ај две три гребаници да кажеш дека се од ист штетен настан, па да ги покриеш, ама цела кола хмм...
Друга работа, за помали штети осигурителните компании не бараат полициски записник, ама за поголеми штети, обавезно ќе бараат полициски записник.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #10 на: 12 Август 2014, 11:29:11 am »
Банза нека ме корегира ако негде грешам, али немој во Еуроинс, Инсинг, Албсиг. Ако има некој друг на листа да се додаде нека пише.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #11 на: 12 Август 2014, 11:32:42 am »
Дали е ова цена за Фул Каско односно без франшиза?

И дали е изводливо тоа што велиш за зуцките и слично? Бидејќи ако добро разбирам, треба да пријавиш штета непосредно после штетата, а не од после, и во спротивно нема да ти ја признаат.

Така да зуцките и гребаниците, ќе мораш или сам да ги санираш, или а активираш каско одма после нанесување на гребаницата/зуцката :)

Или јас лошо сум разбрал?

Фул каско е, и од кражба и поплава и све то. :) Штетите на возилото ќе се пријават како „злонамерно оштетување од страна на трето лице“, зошто всушност така и се настанати. Од агентот бевме уверени дека ќе пројде тоа, па ќе видиме, има време.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #12 на: 12 Август 2014, 11:33:04 am »
Му вратив на ПП што ми пишал :)

На кратко, според мене и нашето работно искуство (а со мајка ми работиме највеќе штети) на прво место се Македонија ВИГ (Кјуби), најмалце го тупат и исплаќаат за 2-3 дена по потпишување спогодба.

После нив се Триглав, па Сава, Еуролинк и Винер. Во Кроација по смената на директорот многу е подобрена состојбата, а и Полиса не се лоши.

Албанските би ги избегнувал заради недостиг на пари, па затоа и одолговлекуваат. За жал тоа е реалната состојба, иако имаме добра соработка со нив.

Да напоменам само дека ова се моменталните состојби и состојби кои се актуелни неколку години наназад, но работите може брзо да се сменат во секоја од компаниите. Или заради промена на раководство, или заради некои финансиски потешкотии.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #13 на: 12 Август 2014, 11:40:18 am »
Од кога е купена колата е каско, првите 4 години беше со 200 евра франшиза, оваа година ја ставив на 500 евра франшиза заради преголемата разлика во цената помеѓу двете полиси(68%), да знаев дека е волкава разликата и порано ќе се префрлев на 500 али ете :). Првата полиса беше 36.000 денари, одтогаш наваму паѓа. Оваа година за каско со 500 евра франшиза платив 12.000 денари од кој 1000 беа за патници, значи можев и за 11.000 да земам каско. Мислам дека е одлична цена за мирна глава и незамарање дали некој те чукнал или си го чукнал.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #14 на: 12 Август 2014, 11:43:09 am »
Дали е ова цена за Фул Каско односно без франшиза?

И дали е изводливо тоа што велиш за зуцките и слично? Бидејќи ако добро разбирам, треба да пријавиш штета непосредно после штетата, а не од после, и во спротивно нема да ти ја признаат.

Така да зуцките и гребаниците, ќе мораш или сам да ги санираш, или а активираш каско одма после нанесување на гребаницата/зуцката :)

Или јас лошо сум разбрал?

Фул каско е, и од кражба и поплава и све то. :) Штетите на возилото ќе се пријават како „злонамерно оштетување од страна на трето лице“, зошто всушност така и се настанати. Од агентот бевме уверени дека ќе пројде тоа, па ќе видиме, има време.


Под Фул каско мислевл, дали е ова каско без франшиза? Или има некаква франшиза?

Искрено ова за зуцкиве јас би проверил уште еднаш, бидејќи не ми личи дека би прошло.. Поготово што сигурно има некаков рок за пријавување на настаната штета... Провери си уште еднаш со агентот :)