Автор Тема: Каско осигурување...  (Прочитано 27872 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #15 на: 12 Август 2014, 11:44:15 am »
Од кога е купена колата е каско, првите 4 години беше со 200 евра франшиза, оваа година ја ставив на 500 евра франшиза заради преголемата разлика во цената помеѓу двете полиси(68%), да знаев дека е волкава разликата и порано ќе се префрлев на 500 али ете :). Првата полиса беше 36.000 денари, одтогаш наваму паѓа. Оваа година за каско со 500 евра франшиза платив 12.000 денари од кој 1000 беа за патници, значи можев и за 11.000 да земам каско. Мислам дека е одлична цена за мирна глава и незамарање дали некој те чукнал или си го чукнал.

Која компанија? :)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17505
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #16 на: 12 Август 2014, 11:45:20 am »
Без франшиза е, барем последен пат кога проверив така беше.
За секој случај ќе проверам пак со агентот, но не знам што би ме спречило мене да пријавам вандализам врз колата и да ги документирам сите оштетувања кои очигледно се направени од човечка рака. Сепак ќе си прашам.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #17 на: 12 Август 2014, 11:46:48 am »
Од кога е купена колата е каско, првите 4 години беше со 200 евра франшиза, оваа година ја ставив на 500 евра франшиза заради преголемата разлика во цената помеѓу двете полиси(68%), да знаев дека е волкава разликата и порано ќе се префрлев на 500 али ете :). Првата полиса беше 36.000 денари, одтогаш наваму паѓа. Оваа година за каско со 500 евра франшиза платив 12.000 денари од кој 1000 беа за патници, значи можев и за 11.000 да земам каско. Мислам дека е одлична цена за мирна глава и незамарање дали некој те чукнал или си го чукнал.

Јас 10.000 плаќав за веспата првата година, десет пати помалце вреди од твоето Ауди ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #18 на: 12 Август 2014, 11:48:13 am »
Кои цени си ги добил и за која вредност на возило? Може и во пвт :)

Вака сега, грубо, да не ги барам листовите... За Фиестата се работи, тогашна вредност околу 9000евра. Првата год. со 500 евра франшиза беше околу 9000 денари. Секоја наредна година бидејќи нема пријавено штета цената се намалуваше за од прилика 900-1000 денари. Исто така причина за намалувањето е опаѓањето на вредноста на колата од година во година. Па така втората година беше околу 8 000 итн. До 3-тата година ни беше со 500 евра франшиза, а последниве две е со 200 евра. Последнава, односно 5-тата година ни испадна околу 6400 денари со 200 евра франшиза.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #19 на: 12 Август 2014, 11:51:56 am »
Без франшиза е, барем последен пат кога проверив така беше.
За секој случај ќе проверам пак со агентот, но не знам што би ме спречило мене да пријавам вандализам врз колата и да ги документирам сите оштетувања кои очигледно се направени од човечка рака. Сепак ќе си прашам.

1. Има временски рок за пријавување на штетата

2. Не сите штети ти ги покрива Каско.. Има некои финти ако ти ја оштетат колата при протести или слично дека не важи.. Значи мора да се направи записник како е колата оштетена. За неколку гребаници, зуцки можеби и би поминало.. Ама  баш да чекаш да се направат повеќе и одеднаш све да средуваш мислам дека не би поминало

Банза може да ни објасни кои штети од вандали се покриени, кои не :)

И Банза или Томе, може ли толкување на следново:

"оштетување или уништување од глодари, диви или домашни животни. Осигурувањето не ја покрива посредната штета која ќе настане како последица од непосреден контакт на возилото со диви или домашни животни и значи понатамошна штета, како ни штетата која ќе настане поради обид за спречување на непосреден контакт. Посредната штета е платлива ако настане со еден од другите осигурени опасности"

Во обично Каско на Сава Табак не е покриена штета од животни.. Таквото осигурување важи ако се докупи Суперкаско со ограничувањата од Пасусот.

Како стои во поглед на штета од животни кај другите компании?

Исто ако не се докупи СуперКаско не важат штетите за штети на огледала, светлечки тела..  Како е кај другите? :)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17505
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #20 на: 12 Август 2014, 11:57:18 am »
Ова го вика кај Осигурителна полиса:

Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстарации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица, оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода, или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води.

По се изгледа и овие немаат осигурување од штета настаната од животни. Ако имаш Трабант и свињите ти го изедат, најебо си :) :) :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #21 на: 12 Август 2014, 12:10:44 pm »

Или ако удриш куче или крава на Автопат (ќе треба да се тужиш веројатно со сопственикот или со ЈП Патишта).

Или ако како пред некоја година во Маврово, крава си ги чешаше роговите од паркирана кола :) (мама и е*а на колата дури успеаа некако да ја избркаат)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #22 на: 12 Август 2014, 12:29:18 pm »
Каско се изплати во првите пет, еве до седум максимум години од купување на ново возило.

После тоа е фрлање пари во ветер.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #23 на: 12 Август 2014, 12:43:22 pm »
Од кога е купена колата е каско, првите 4 години беше со 200 евра франшиза, оваа година ја ставив на 500 евра франшиза заради преголемата разлика во цената помеѓу двете полиси(68%), да знаев дека е волкава разликата и порано ќе се префрлев на 500 али ете :). Првата полиса беше 36.000 денари, одтогаш наваму паѓа. Оваа година за каско со 500 евра франшиза платив 12.000 денари од кој 1000 беа за патници, значи можев и за 11.000 да земам каско. Мислам дека е одлична цена за мирна глава и незамарање дали некој те чукнал или си го чукнал.

Која компанија? :)

QBE, по ново не му го знам името убаво. А што се покрива и како врска неам. До сега го немам активирано, и се надевам нема ни да има потреба.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1507
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #24 на: 12 Август 2014, 12:44:08 pm »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #25 на: 12 Август 2014, 12:48:06 pm »
Ја појма неам на кој принцип функционира ова касково и што уствари се подразбира под „франшиза“.

Еве рецимо питање - дали на наредна регистрација ако сакам каско осигурање, би ме коштало поевтино, имајќи предвид дека колата би била веќе 7 години стара и дека не ми било активирано осигурањето т.е. сеуште си постојат бонусите?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #26 на: 12 Август 2014, 13:02:52 pm »
Фул каско, во случај на штета, во потполност ја покрива осигурувањето. Целата штета. Пример - поправката чини 3.000 евра, осигурителната покрива 3.000 евра.

Каско со франшиза - покриваш дел ти од штетата, во зависност од износот на фрашизата (200, 500 евра), а остатокот го покрива осигурувањето. 3.000 евра штета, ти плаќаш 200 или 500 евра, остатокот - 2.800 или 2.500 покрива осигурителната.

Ако не ти била претходно каско осигурана, немаш никакви бонуси. Плаќаш потполна цена, како за ново возило. Бонусите се пресметуваат во наредните години, ако не го активираш, се разбира.

Мислам дека се вршеше и проценка на колата и состојбата на истата, ама не сум сигурен.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #27 на: 14 Август 2014, 19:11:38 pm »
Од моето искуство за периодов, добив најдобра понуда од Винер Осигурување.  Бев две години по ред осигуран во друга компанија, меѓутоа сега прејдов во Винер.

Ако некој има потреба од КАСКО, нека ги провери нивните услови. На форумов имаме и член што може да помогне ако некому треба осигурување тука.

Исто ако некој размислува да купи само дополнително осигурување за стакла, нека испита и опција КАСКО во Винер, каде се вклучени и стаклата и тоа без франшиза.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #28 на: 15 Август 2014, 11:46:28 am »
Триглав не се исплати за нова кола, имаат некое процентуално каско, и за нова кола е отров. Јас за каската сум со Кроација, 500 ЕУР франшиза ( највеке поради крадење ). Добро е што стаклата се врачунати во каското независно.
И ценкање му е мајката со овластените осигурувачи. Не верував до каде стигаат, нормално конкуренција чуда прави.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #29 на: 29 Август 2014, 09:09:01 am »
Триглав не се исплати за нова кола, имаат некое процентуално каско, и за нова кола е отров. Јас за каската сум со Кроација, 500 ЕУР франшиза ( највеке поради крадење ). Добро е што стаклата се врачунати во каското независно.
И ценкање му е мајката со овластените осигурувачи. Не верував до каде стигаат, нормално конкуренција чуда прави.

Во мојот случај разлика во цена од компанијата кај што бев веќе осигуран 2 години по ред, и каде што имам автоодговорност и зелен картон за второто возило со цената што ја дадоа во
Триглав не се исплати за нова кола, имаат некое процентуално каско, и за нова кола е отров. Јас за каската сум со Кроација, 500 ЕУР франшиза ( највеке поради крадење ). Добро е што стаклата се врачунати во каското независно.
И ценкање му е мајката со овластените осигурувачи. Не верував до каде стигаат, нормално конкуренција чуда прави.

И јас не верував дека цената може да биде скоро дупло поевтина од компанија до компанија. Исто стварно иритира кај некои компании што има Каско, ама во тоа не влегуваат некои нешта, па доплаќаш за Супер Каско кај што влегуваат.

Кај Винер имаш каско, и влегува истото што и влегува од другава во тој ХиперПродуктот за кој што се доплаќа...