1. Во твојата компанија треба да ти направат комисиски записник за да се утврдат оштетувањата. Некаде се наплаќа некаде не, ама ќе си земеш фискална и ќе ти ги рефундираат и тие пари Грците.
2. Со комисискиот записник ќе одиш во овластен сервис за да ти дадат понуда за поправка согласно комисискиот записник, задолжително да стават и работна рака.
3. Ова погоре плус полицискиот записник, возачка, сообраќајна, трансакциска од сопственикот ќе пратиш на маил во Грчката осигурителна компанија. Ако фали нешто ќе ти пишат а ако не за неколку дена ќе ти префрлат пари.
Ако имаш нешто нејасно или други прашања, пиши ми ПП.
Поздрав