Автор Тема: Каско осигурување...  (Прочитано 26950 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #30 на: 29 Август 2014, 10:21:33 am »
Јас сум сигурен дека може да се напише една магистерска тема, „Каско понуди во МКД и што е најдобро за вашите пари“

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #31 на: 02 Јули 2015, 06:26:15 am »
Соро година дена од последеното постирање, се надевам дека некој следи и ќе ми даде објаснување. Првата регистрација на Голфот ми истекува сега во Август. Кога го купив лани го осигурав каско со 500 евра франшиза во Албсиг кое ме чинеше 8500 денари. AllMightyMe спомна дека Албсиг е осигурителна компанија која тој не ја препорачува поради доцнење со исплати ако недај боже треба да се активира каското. Со оглед на тоа дека кога тогаш се распрашував каде да го осигурам каско возилото се сеќавам дека за истите услови добив понуди од 12000 до 15-16000 ден  во други компании и поради цената која ја добив во Албсиг се одлучив кај нив.  Единствена замерка која ја имам е дека кога го правеа каското дали намерно или ненамерно имаа ставено дека вредноста на возилото изнесува 10000 евра што значи дека ако во случај на активирање на каското тие ќе подмират до таа сума иако уредно им беше доставена фактурата која изнесуваше 14500 евра. Јас тоа не го приметив на лице место туку го приметив дури отпосле кога отидов дома. Веднаш му се јавив на агентот и ми рече дека не е проблем, као ненамерна грешка е и дека ќе ми направи ново каско со цената од фактурата која е. Ако добро се сеќавам допатив некои 500 ден за тоа пошто дечкото доаѓаше до кај мене дома. Пошто и оваа година планирав кај нив да го земам каското ме интересира дали некој на форумов или пак сте слушнале за некој друг да имал проблеми со исплата на каско од Албсиг и предложете друга осигурителна компанија која би понудила каско со таа цена односно  намалена за попустот кој следува за оваа година доколку знаете. То е моето искуство со Албсиг. BTW се извнувам за подолгиот пост.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #32 на: 02 Јули 2015, 07:14:13 am »
Колку што сум јас запознаен, Албсиг исплаќаат штети само со судска пресуда. :) искуството е позитивно додека немаш штета, ако недај боже пријавиш штета, голготата почнува....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #33 на: 02 Јули 2015, 08:13:49 am »
Соро година дена од последеното постирање, се надевам дека некој следи и ќе ми даде објаснување. Првата регистрација на Голфот ми истекува сега во Август. Кога го купив лани го осигурав каско со 500 евра франшиза во Албсиг кое ме чинеше 8500 денари. AllMightyMe спомна дека Албсиг е осигурителна компанија која тој не ја препорачува поради доцнење со исплати ако недај боже треба да се активира каското. Со оглед на тоа дека кога тогаш се распрашував каде да го осигурам каско возилото се сеќавам дека за истите услови добив понуди од 12000 до 15-16000 ден  во други компании и поради цената која ја добив во Албсиг се одлучив кај нив.  Единствена замерка која ја имам е дека кога го правеа каското дали намерно или ненамерно имаа ставено дека вредноста на возилото изнесува 10000 евра што значи дека ако во случај на активирање на каското тие ќе подмират до таа сума иако уредно им беше доставена фактурата која изнесуваше 14500 евра. Јас тоа не го приметив на лице место туку го приметив дури отпосле кога отидов дома. Веднаш му се јавив на агентот и ми рече дека не е проблем, као ненамерна грешка е и дека ќе ми направи ново каско со цената од фактурата која е. Ако добро се сеќавам допатив некои 500 ден за тоа пошто дечкото доаѓаше до кај мене дома. Пошто и оваа година планирав кај нив да го земам каското ме интересира дали некој на форумов или пак сте слушнале за некој друг да имал проблеми со исплата на каско од Албсиг и предложете друга осигурителна компанија која би понудила каско со таа цена односно  намалена за попустот кој следува за оваа година доколку знаете. То е моето искуство со Албсиг. BTW се извнувам за подолгиот пост.

Јас би ти ги препорачал Winner.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #34 на: 02 Јули 2015, 09:24:47 am »

Не само Албсиг, туку и Инсиг, Еуроинс.

Не се работи само за каското, туку и за тоа да се молиш во случај на сообраќајна незгода другата страна да не е осигурана таму :)

И не е само што не проценуваат реално, туку и начинот на кој што го прават тоа, дрзок и безобразен. Нормално на крај те молат да не одиш на извршител.

Македонија и правење бизнис. Неможат они мене да ми одолговлекуваат толку колку што можам ја да ги хејтам кај стигнам :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5832
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #35 на: 02 Јули 2015, 10:16:48 am »
Другарче, вредноста на возилото што ја ставаат секоја година се намалува. Така да 2-рата ќе биде помалце, 3-тата помалце итн.

Таа цена е во случај недај боже да ти го украдат возилото, да изгори или слично и да треба цело да ти го исплатат. го исплаќаат колку што вреди на пазарот моментално за продажаба на старо а не толку колку што си го купил ти на ново. Како и да е првата година да, цената шо ја ставиле е ниска.

Иначе само VIG поранешно QBE или Triglav од осигурителниве компании.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #36 на: 02 Јули 2015, 12:19:44 pm »
Дибидус подобро плати малце повеќе во Триглав, Македонија ВИГ, па и Сава или Винер отколку да имаш проблеми со Албсиг.

Јас работам како адвокат и најголем дел од предметите ми се баш штети со осигурителни компании. За жал редовно имаме проблеми со Албсиг, а причината е дека немаат пари па на секој можен начин гледаат да одолговлечат, намалат и избегнат плаќање.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #37 на: 02 Јули 2015, 12:22:43 pm »
А уствари да правиме АО во компаниите од црната листа за да имаш ти повеќе промет?

;D ;D ;D

Нека се врти пара :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #38 на: 02 Јули 2015, 12:25:18 pm »
Имам јас доволно работа и со другите, таман работа и Триглав и Македонија ВИГ баш на секој да му исплаќаат колку што треба, и они пробуваат да скратат или мислат дека нешто не треба да се плати :) Само што Албсиг за секој предмет е повуци потегни, а кај другиве е поретко и се оди многу по брзо.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7038
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #39 на: 02 Јули 2015, 12:26:39 pm »
Де бе, да се нејќело да се работи ..... ;D ;D ;D После државава ни била крива :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5832
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #40 на: 02 Јули 2015, 12:31:57 pm »
Гледај биди кај еден агент, не менувај затоа што ќе ти дава добри цени. Ја сум кај еден ист 6 години и цената шо ми ја напраиа за каско е смешна. Без франшиза 100 евра годишно. Патем во VIG

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #41 на: 02 Јули 2015, 12:52:51 pm »
Голема благодарност до сите за советите. Дефинитвно нема да земам каско од Албсиг годинава и ќе побарам понуди кај предложените од Вас. Не за џабе рекле стариве: "Кој пита не скита".
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #42 на: 29 Јули 2015, 20:37:29 pm »
Треба утре да вадам прво осигурување за колава. Кај е најарно да се вади? Сооднос цена/услуга?

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #43 на: 30 Јули 2015, 01:27:18 am »
П.с. модератор ако може да го префлри мислењево во темата за обично осигурување. Грешка имам направено

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Каско осигурување...
« Одговори #44 на: 30 Јули 2015, 08:41:43 am »
Еве да го споделам моето искуство со прибирање на понуди за каско осигурување на голфчето. ВНИМНИЕ: ќе бидам малце подетален.

Првин да напоменам дека прошлата година имав каско од Албсиг и единствена маана што им најдов беше дека ја беа утнале цената на осигуреното возило за ново возило од 14500 на 10000 евра, кое после откако приметив го корегираа на точната сума. Е сега барајќи акал од членовите на CarClub и прифаќајќи ги нивните совети одлучив оваа година дека нема да ја осигурам колата во Албсиг поради негативните искуства во случај  на активирање на каското, туку да побарам понуда од останатите предложени компании, односно од Триглав, Сава и Winner. И тука почнуваат македонЦките работи.

Со цел да добијам можеби подобри понуди на едно мое другарче, кој соработува со дел од осигурителниве компании, му кажав да види што понуди може он да добие.

Беше Среда кога седнав троа на интернАт и ги разгледав понудите кои ги имаат осигурителниве компании на нивните официјални сајтови и им пуштив мејлови на Сава и Триглав. Веднаш добив автоматски одговор од нив дека во најкус можен рок ќе бидам контактиран од некој од нивните агенти. Пуштив мејл и на Винер каде што од страна на нивниот агент добив одговор дека најдоцна до крајот на денот или евентуално утредента ќе добијам понуда.
Инаку, на сите им го пуштив истиот мејл, барајќи да ми дадат понуди за потполно каско и тоа понуда за без франшиза, понуда за со 200 евра франшиза и понуда за со 500 евра франшиза, притоа напоменувајќи им дека и АО, зелен картон и патничко осигурување за 3 лица ќе бидат купени од кај нив.
Четврток, ни абер ни глас од нив, Петок неработен ден беше, Сабота и Недела викенд, Понеделник, Вторник и Средата до пладне никаков мејл од нив, ништо, тапа џонсон. Седнувам пак на интернАт и првин и пуштам мејл на чупето од Винер и за нецели 10-тина минути добив одговор дека понудата од Скопје и била испратена на мејл вчера (Вторник) и дека само што мислела да ми ја препрати. И би, ми ја препрати. Срочив краток мејл и до Сава и Триглав, незадоволен од нивната непрофесионалност и незаинтересираност, кој идеше вака:
"Може да знам дали некој ќе ми одговори на мејлот или да барам друга осигурителна компанија?"
Изненадувачки од Сава веднаш ми одговорија и тоа со крајно непрофесионален одговор кој се состоеше само од цената на каското за сите три опции кои ги барав, ништо друго, во смисла: Почитувани, во врска со Вашата понуда бла, бла, бла и така натаму и така наваму, ти реков ми рече. Инаку од некојси таму агент или кој знае што работи (да не му го спомнувам името) што ми одговори на мејлот добив шампионска понуда за каско како да ќе сум осигурувал авион а не кола. Дали тој фраерот мислел дека нафтата поефтинува на светската берза па ние обичните смртници сме почнале да пиеме нафта не ми е јасно ама му одговорив на мејлот со прашањата: "Ти (името негово) сигурно работиш за Сава или против Сава? Барав понуда за кола а не за авион." Крај на програмата. Морав да бидам нељубезен и да им вратам на ист начин и од причина што во меѓувреме од другарчето што ми бркаше понуди добив исто така понуда од Сава (овој пат за кола) која е драстично поразлична од оваа "авионскава". Од Триглав сеуште сум во исчекување да добијам одговор (едвај чекам да ми пишат па после и јас да им вратам).

За разлика од мене другарчево успеа да добие понуда од Триглав и од Уника. Подолу се сите понуди кои ги добив.

                         БЕЗ               200 ЕВРА         500 ЕВРА
                 ФРАНШИЗА     ФРАНШИЗА    ФРАНШИЗА

ВИНЕР         15768               10161                  5957

САВА            21948               13097                  8174

УНИКА         20177              13796                   7760

ТРИГЛАВ    19701  со 1% франшиза 16336, со 2% франшиза 15035, со 4% франшиза 12999, со 8% франшиза 10373, со 16% франшиза 8349.

И на крајот шампионската понуда од Сава
                      37884               22582                  14094

Пишувам од телефон и затоа се извинувам што не направив табеларен приказ на понудите ради прегледност.

Да сублимирам, значи од три посериозни осигурителни компании од кои побарав понуда две ми одговорија, во според нив најкус можен рок на мое повторно барање после 6 дена откако им пуштив меил додека од една воопшто и не добив одговор (Триглав). Другарчето мое доби од нив понуда, меѓутоа не и јас. Цените на понудите им се различни, во една иста компанија за едно исто возило можете да добиете две или повеќе различни понуди зависно од тоа кај колку агенти ќе се обратите.
Мој совет, кога ви треба каско или било кој друг вид на осигурување, доколку имате повеќе слободно време на располагање пратете мејл или посетете повеќе претставништва на една иста осигуритела компанија со цел да добиете најдобра понуда, иначе од прва ќе добиете само најскапа за вас а најдобра за нив.
Од она што досега го добив Винер ќе биде мојот избор за годинава.

За малку ќе заборавев, кога им пуштав мејлови за понуди помеѓу другото им напоменав да ми кажат колку ќе ме кошта и АО и зелен картон, т.е да ми дадат цени. Никој освен девојчето од Винер не ми даде цени, ниту пак понудите кои ги доби другарчето. Од Винер за АО ми нудат 5996 ден и зелен картон кој ако не се лажам секаде би требало да е иста цена од 3960 ден. Единствена замерка на девојчето од Винер и наоѓам во пишувањето на мејлот, бидејќи ми пишува од службен мејл би можела да обрати поголемо внимание на правилното пишување, нигде точка, запирка, голема буква.........ееее тој Блаже Конески за кого ли он творел, него ај да не какам многу...

Тоа е моето искуство со прибирање на понуди за каско од осигурителниве компании, се надевам некому ќе му биде од корист. Благодарам за советите на А4-B8, Генералот Прва Класа, Семоќниот, Алекзендер и Адвокатот
Brains are awesome. I wish everybody had one.