Некако ми е недефинирана темата, а богами и анкетата... Дали се работи за „обични“ семејни лимузини, или за премиум? Дали се работи за нашиот пазар, или општо? Бидејќи возилата што се ставени во изборот, се „обични“ лимузини, така што, тука не припаѓаат BMW, Mercedes, Audi, Lexus, Alfa Romeo. Ако е за нашиот пазар конкретно, мислам дека Accord дизел не се носи кај нас, така да и тоа малце паѓа во вода...
Иначе мене ептен многу ми фали Ford Mondeo во изборов и муабетов, а воедно тој би ми бил прв избор од „обичните“ лимузини. Ако е за премиум, онда изборот ќе ми паднеше на 159, арно ама, ојде и таа во историјата, па веројатно би бирал меѓу Mercedes C и BMW.