Гласање

Ваш избор ?

Honda Accord 2.2i DTEC
17 (34.7%)
Mazda 6 2.2  CD
1 (2%)
Toyota Avensis 2.2 D-4D
1 (2%)
Opel Insignia 2.0 CDTI
7 (14.3%)
VW Passat 2.0 TDI 170hp DSG
14 (28.6%)
Citroen C5 2.0 HDI
9 (18.4%)

Вкупно гласови: 49

Автор Тема: Diesel лимузини  (Прочитано 20318 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Diesel лимузини
« на: 04 Септември 2011, 13:49:00 pm »
           Honda Accord 2.2i DTEC  цена непозната







           Mazda 6 2.2 CD   30000 €









           Toyota Avensis 2.2 D-4D 30000 €









        Opel Insignia 2.0 CDTI       27000 €







        VW Passat 2.0 TDI 170hp DSG    28754 €









        Citroen C5 2.0 HDI                 очекувана цена до 30 000 €




« Последно менување: 04 Септември 2011, 14:57:03 pm Cuore Sportivo »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #1 на: 04 Септември 2011, 13:56:47 pm »
добар избор,но кога веке правиш една генерална споредба на дизел лимузини стави ги сите кои спаѓаат во тој сегмент ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #2 на: 04 Септември 2011, 14:07:02 pm »
Е тука више изборот станува тежок.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #3 на: 04 Септември 2011, 14:08:58 pm »
Honda е скупа, Маздата според мене е подобра од Тојотата.

Пасатот има најдобар мотор за парите но најслаб карактер, C5 дизајнерски е без конкуренција, Инсигниата е најкомпактна.
« Последно менување: 04 Септември 2011, 14:13:58 pm Cuore Sportivo »

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #4 на: 04 Септември 2011, 14:21:03 pm »
Богами убаво си ги подредил ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #5 на: 04 Септември 2011, 14:22:45 pm »
1. VW Passat 2.0 TDi DSG како врвно решение, со најдобар мотор и менувач и цена и квалитет. Многу ми се допаѓа на изглед во живо, а секој детал е на правото место. Возачката позиција е совршена, а воедно и чусвтвото на патот. Кога би бирал, ова е мојот прв избор.


2.БМВ 318д, освен лошиот менувач возилото е одлично во скоро секој поглед. Малку грозно на изглед, но со М-изглед од 1400 евра, како и седишта од вештачка кожа од 180 евра, со одличниот  мотор ќе дојде околу 29.000 евра, што е одлично. Да не беше грдиот менувач би го ставил на прво место (само како М-изглед верзија, инаку на последно и најружно место. Тие 1400 евра се најважни кај оваа кола).


3. Хонда Акорд 2.2Д, прво и основно цената е ултра-превисока и занос до бесвест. Многу ми се допаѓа возилото од секој можен аспект и го сметам за одлично и може да го изберам на старо. Инаку занесената цена се погрижува бројот на примероци да е на незавидно ниво.


4. Опел Инсигнија 2.0 цдти, одлична цена за одлично возило. Навистина убаво изгледа, ама не се купува основно ниво на Инсигнија (како и секоја друга кола). Мора да се облие во опрема за да биде она што е. А цената го овозможува тоа. Соодветно го заслужува 4тото место, како кола која би ја купил.


5. Ц5 2.0 ХДи, преслаб мотор, цитроенова електрика... Оваа кола е за мене најубава во класата. Само за тоа вреди. Премногу ми се допаѓа! Сум видел некои врвни верзии во црна боја со огромни бандажи и облиена во опрема, и може комотно да е ривал на ф430 во изглед.


6. Мазда 6, заносот во салоните си го прави своето. Не ми се допаѓа возилото, посебно не за таа цена. Кога ќе влезеш ти објаснуваат зошто колата имала 10 воздушни и дека вредела за парите. Не да не вреди, него ај... На старо евентуално.

7. Тојота Авенсис 2.2Д, многу ми е ружна, инаку е врвно возило. Ама неможам да ја пребродам таа каросерија.



Би го гласал БМВ 318Д со М-look изглед да го имаше, за 29.000 евра. Тоа е мојот избор, рамен со Пасатот заради ДСГ.


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #6 на: 04 Септември 2011, 14:25:47 pm »
Honda е скупа, Маздата според мене е подобра од Тојотата.

Пасатот има најдобар мотор за парите но најслаб карактер, C5 дизајнерски е без конкуренција, Инсигниата е најкомпактна.
според мене,Тојота-та мие грдичка,Мазда-та е добар избор ама не е тоа шо треба да биди,Ц5-та после 5-6 месеци ке неќеш да ја видиш,Инсигниа-та исто како Мазда-та + Опел е,Пасат-от не иди во предвид,ѓубре невидено,мојот избор оди на ХОНДА
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #7 на: 04 Септември 2011, 14:29:01 pm »
Дени,Пасатот можеш да го ставиш на прво место за квалитет кога би бил во споредба со Форд,Тата,Чери,ама не кога околу него се Хонда,Мазда и Тојота  ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #8 на: 04 Септември 2011, 14:42:40 pm »
Пошто сум ги возел сите овие (со некои разлики во мотор, менувач и опременост), мојот прв избор е Passat-от. Ако се со иста цена со Инсигниа-та, ондак нема конкуренција измеѓу нив, Пасатот е опипливо подобар.

Дени, BMW не спаѓа во оваа категорија. Ја би го ставил во категорија Луксузни седани, со A4, Lexus IS250 & Mercedes C-Klasse. Отприлика

Е сега..

1. Passat. Дефинитивно е најдобар во оваа категорија. Како целина, ги шие сите од конкуренцијата. Не дека конкуренцијата е лоша, напротив, дури е одлична, но тука веќе правиме муабет за седан кој треба да издржи и тест на време, и секојдневно употребување, итн. И според мене, Пасатот како целина е најдобар.

2. Insignia. Одлична кола, одлична шасија. Добро склопена. За жал, никогаш нема да се осетите како да седите во кола која вреди 30к еура. Внатрешноста целата крцка (и ова не можам да го потенцирам доволно). Од рачките на вратите, до целата централна конзола која шета лево-десно. На некого ова не му е битно. Мене ми е. Најдобар (надворешен) дизајн од конкуренцијата. Малки простор внатре (вратите се МНОГУ дебели заради обликот на колата).

3. Honda Accord. Одличен голем седан. Го имам возено многу, и многу ми се свиѓа. Освен надворешниот дизајн, претходниот Акорд беше подобар. Дизајнот нема да го издржи тестот на времето. Го нема педигрето на VW/Opel.

4. Citroen C5. Златна средина. Ако е таа цената, ондак е прескап. Ентериерот е убав, али централната конзола е лавиринт од копчиња, и ергономијата не е баш погодена. Али дизајнерски е перверзно добар, и е вистински голем Citroen, особено ако има хидраулика.

5. Mazda 6. Убаво изгледа. Привлекува внимание и добро е опремена, со добри мотори. Али не знам зашто, скоро никогаш не ја земам во предвид.

6. Avensis.



Нула карактер, нула идентитет. 5 метра кола. Не ме привлекува ама баш ич.


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #9 на: 04 Септември 2011, 14:51:38 pm »
Zero, одлична анализа, исто и Дени. Ве групирам затоа што сте скоро со идентичен став за Пасатот. Одлично ауто, но нема карактер, индивидуалност. Веќе видено. Така да кога јас не би бил Алфиста и кога би имал 30 000 евра во џеб редоследот би бил следен

1. C5
2. Mazda
3. Accord
4. Passat
5. Insignia
6. Avensis

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #10 на: 04 Септември 2011, 14:54:09 pm »
Pasat 2.0 TDI so DSG e nad 28.000 eur.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #11 на: 04 Септември 2011, 14:57:29 pm »
Pasat 2.0 TDI so DSG e nad 28.000 eur.

У право си, поправено, 28754

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #12 на: 04 Септември 2011, 15:35:52 pm »
А зашто воопшто е пишан Пасатот со DSG? Дали другите се со автоматски мењач?

Која му е цената без DSG?

EDIT: Passat 2.0 TDI 170 Highline e 28055 еура, или 26574 со Comfortline опрема според vw.com.mk.

Според opel.com.mk, Insignia 2.0 CDTI 160 Cosmo e 28165.
« Последно менување: 04 Септември 2011, 15:41:19 pm zeroSignal »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #13 на: 04 Септември 2011, 15:40:31 pm »
А зашто воопшто е пишан Пасатот со DSG? Дали другите се со автоматски мењач?

Која му е цената без DSG?

EDIT: Passat 2.0 TDI 170 Highline e 28055 еура, или 26574 со Comfortline опрема.

Ефтина доплата голем мерак ;D ;D ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Diesel лимузини
« Одговори #14 на: 04 Септември 2011, 15:41:42 pm »
Нит ефтина доплата, нит голем мерак. Неам мерак на аутоматик. А ако редиш аутоматик, реди аутоматик на сите. И дај линкови до каталози, да видиме точни цени, со фиксно (највисоко да речеме) ниво на опрема.