@Falanga: Си ја возел Инсигниата? И ако да, си ја возел повеќе од 10 минути?
Сум возел два различни модела на инсигниа. 2.0 CDTi и 2.0 Тurbo. И двата опремени до јаја, и двата сум ги имал по неколку дена и сум ги возел во разно-разни услови на експлоатација.
Инсигниата ми има оставено одличен впечаток. До толку одличен, што доколку земам возило од таа категорија, сериозно би ја земал во предвид. 2.0 CDTi се покажа како доволно брзо и комотно возило. 2.0 турбо (бензин) со 220 коња се покажа како многу брзо и комотно возило. Катапулт. Со потрошња од 17 литра на 100 во градски услови.
Е сега. За безвезе муабетот што ти го збориш.
Инсигниата крцка. Кога ќе ги повлечеш рачките од вратите да ја затвориш вратата, крцкаат. Средната конзола крцка. Целата средна конзола се движи лево-десно по милиметар и крцка. Јебига, разочарува што GM има вложено толку многу во подвозјето и механиката, за на ентериерот толку да потфрлат. Ама соочи се со реалност, Инсигниата крцка. И не е мое субјективно мислење, туку е мислење на секој што ја има пробано. Нека ти потврди и Велештрумф ако мене не ми веруваш.