Ме интересира, дали знаете некој материјал за звучна изолација што се става ВРЗ веќе постоечки ѕид, да не мора да копам?
Јас го правев ова и сега ќе ти кажам.
Прво да, постигнав тоа што сакав...
На постоечки зид правиш конструкција со профили со директни држачи од кнауф. На секој држач ставаш - лепиш дихтунг трака каде што зидот допира со држачот, исто така и на страничните, горни и долни профили.
Од постоечкиот зид до завршетокот на профилот оставаш 5цм простор кој ќе го исполниш со камена волна од кануф.
И Обавезно, две гипс табли една врз друга со дебелина од по 12.5мм
Татко ми отиде во соседната просторија да се дере, и го слушав помалце од половично од предходното.
Затоа, истото го направив на плафонот - бидејќи тој пренесуваше поради немање на плоча и изолација во двете простории, само што ставив горе по една табла гипс.
Сега скоро и ништо не се слуша.
По јака варијанта ти е да залепиш плутени табли прво па после се ова. Ама скапи се.