Во Хубо имаат некои плафоњерки пластични со SMD лед диоди кружно поставени за цена околу 700 денари беа некаде но многу лошо светло вадат а и крш квалитет се, тие само за во ходник би ги ставил. Така да комшо, Не зимај такви да не те фркне глава од очен притисок
Овие се:
http://www.ledmarket.mk/index.php?route=product/product&path=20&product_id=173Општо проблемот кај нас е дизајнирање на собата со едно место за светло. Понатаму веќе се е џабе кога си ограничен. Овие се предвидени за ходници и слично да се ставени на сензори и да ги заборавиш со години.
Истиот проблем е со светла, со клими, со мотори за коли и се. Се се поддимензионира заради немаштијата и тоа е тоа. Се става едно место за сијалица, и на тоа место се става една сијалица. Наместо да има најамлку 10 места за сијалици во една соба. Се става клима за 35 квадрати во стан од 80 квадрати. Се става мотор 1.6 мотор во Мондео намест V8 во Камаро и слично.
Ако сакаш светло треба да ставиш сијалица. Ако сакаш повеќе треба уште една сијалица. Со една тешко дека собата ќе ја бидне. Сенките ќе те ослепат со острина.
Препораката за 25W х2 CFL е апсолутен минимум за осветлување на една соба во која се извршуваат работни задачи. Исто и со LED, неможе да очекуваш 12W плафоњерка да осветли соба. Уствари ќе ја осветли - колку да поминеш по ходник, ама не и да везеш во истата соба. За различни задачи има различно осветлување.
Кога веќе има едно место за светилка во соба јас би изиграл вака:
2 метри шина
http://www.ledmarket.mk/index.php?route=product/product&path=34_56&product_id=138со 4 вакви рефлектори оддалечени 50цм еден од друг, и насочени кон аглите на плафонот на собата. Тоа е 80W потрошувачка со 5000 лумени светло дифузирано од плафонот. И крај.