Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 108764 пати)

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Re: Мајстории по дома....
« Одговори #30 на: 09 Август 2014, 10:12:53 am »
@krell отиди до "Завар" (се наоѓаат после асуц, карши бензиската на мп) со скиците и таму ќе видиш какви материјали имаат и што цена ќе биде, а за стакло во "Јаца" само ако бараш црно немаат, имаат само димено во поголеми дебелини, ја за мене земав од 1см димено и залепив црна фолија одоздола и поприлично се постигна ефектот на црно стакло.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #31 на: 10 Август 2014, 00:36:06 am »

Ако ФИД от се инсталира на инсталација што нема никакво заземјување, ФИД-от нема да функционира. Ни преку тест копче ни па на време, поголема струја од пропишаната, ...итн. Доста случаи сум гледал во Бараки ставале ФИД склопка и мислеле дека им е решено заземјувањето, а оно склопката таму за украс им стои оти нема никаква функција.

Може со нуловање, само нуловањето да биде изведено пред фид-от.

Точно.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #32 на: 13 Август 2014, 16:34:36 pm »
Еве како изведов по дома:

Инаку направив вака:

Осигурачи: Земав АББ

Фид Склопка: Legrand 40A, 30 ms, ќе се стави само за инсталации во Купатило, WC и Кујна. Рестото нема да биде врзано на склопка.

Табла: Технопласт (Српска, ептен добро изгледа и е џабе).

Кабел струен: 3x2.5 Неготински

Кабел струен: 5x6 Zdenka (Немаше Неготински никаде)

Шуко штекери: Легранд Галеа

А оди инсталацијата вака:

Krell Појачало: Еден штекер сам, со посебен кабел 3x2.5 до посебен осигурач

Уште еден посебен кабел со посебен осигурач, ама на него се закачени три Шуко штекери

Трет посебен кабел со посебен осигурач, и закачени четири Шуко штекери

Чеврти посебен кабел исто како и третиот.

Ајде уште еден совет.. Има доста арматура во зидовиве, и читав дека ако се затвора со обичен Гипс ради киселина во него ги нагризува. Со што да затворам ако не со Гипс за да се избегне таквото дејство ?

Радикол?

 Пластик? (некакво средство од Спектар Тетово, ама не пишува на што база е).

Или цементирање? :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #33 на: 13 Август 2014, 18:10:30 pm »
радикол ти е на база на нај чистиот цемент и нај ситниот песок... со него нај убаво стега... плус тоа ти е готова смеса, не треба да микасш ова+она... само сипи у вангла, тури вода, измешај и мачкај... направи го по суво, за да лепи поубаво и да го држи кабелот додека да стегне...  инаку брзо се суши да знаеш, т.е. брзо стега, а за сушење му треба околу 12-15 саати за да може да се дотерува тчеч длетува-кречи-фарба и тн итн...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #34 на: 14 Август 2014, 09:07:54 am »
Имам некоја замисла, која сакам да ја остварам после одмориве.
Сакам гаражата да ја средам односно да се нивелира подот, бидејќи кога има големи дождови знае да протече од некоја цефка за атмосверска вода, наместо да ми стои водата во гаража, да излага надвор, значи сакам да се направи да има ореден пад подот, а горниот дел или ќе го поплочам или со онаква мрсна боја сакам да се направи, исто така сега имам само една сијалица, па планирам да си донесам струја, барем 2-3 штекери да имам во гаражата.

Имате ли да препорачате некој мајстор што нема да кажува приказни, и нема да работи фушерајски, што би го направил ова, у принцип ова е ситна работа па можеби многу мајстори и нема да се нафатат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #35 на: 14 Октомври 2014, 15:57:04 pm »
Малце да ја освежиме темава

Ми треба дечки неколку совети бидејќи сум од Битола и не ги владеам во Скопје продавниците/мајсторите

1) Препорака за добар мајстор за изработка на кујна, дневна соба и спална соба. Материјал некој рефлектирачки медијапан, убаво ми изгледа, немам некое големо искуство во смисла на одржување и затоа ако некој од вас има, нека сподели

2) Каде има квалитетни килими, стази и такви ствари се разбира и ценовно да се добри

3) Каде има најевтина бела техника вака од искуство. Јас долго време се бафтам со Нептун, што е ОК, задоволен сум од нив, ама знам дека сервисот им е Video Data што е најгној фирма во Македонија.

4) Прашање до климаџиите, дали се исплаќа да се зема инвертор клима?

5) Која е добра компанија за изработка на ролетни и венецијанери во Скопје со пристапни цени? Ми требаат обични пластични ролетни, знам дека има алуминиумски.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #36 на: 14 Октомври 2014, 16:24:29 pm »
Зошто воопшто би влегол во нептун?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #37 на: 14 Октомври 2014, 16:52:04 pm »

1) Препорака за добар мајстор за изработка на кујна, дневна соба и спална соба. Материјал некој рефлектирачки медијапан, убаво ми изгледа, немам некое големо искуство во смисла на одржување и затоа ако некој од вас има, нека сподели

2) Каде има квалитетни килими, стази и такви ствари се разбира и ценовно да се добри

3) Каде има најевтина бела техника вака од искуство. Јас долго време се бафтам со Нептун, што е ОК, задоволен сум од нив, ама знам дека сервисот им е Video Data што е најгној фирма во Македонија.

5) Која е добра компанија за изработка на ролетни и венецијанери во Скопје со пристапни цени? Ми требаат обични пластични ролетни, знам дека има алуминиумски.

1. Имам другари кои што се занимаваат со тоа, изработка на кујни спални и сл. За материјалот, бидејќи и јас сакам да правам спална и кујна, ме советуваа да го избегнам, бидејќи е поскап и секој залепен прст се познава. Имало некоја опција со иверица и матирано стакло на неа, ама не се разбирам многу. Јас од обична иверица ќе ја правам.

2. Солидни килими, а евтини може да се најде на пластичарска улица , кај Бит Пазар.

3. И мене ми се омилени Нептун, пред се поради цената и големиот број на производи со 5 годишна гаранција. Би останал на нив :)

5. Ти ќе ги местиш ролетните? Во Ѓорче 2 има фирма што ги изработува пластичните, доста поевтино. А венецијанер има во Jysk во City Mall. Исто во Inter Mall на влезот во Скопје има, сив трговски, од десно. Доста работи поефтини него во Скопје дуќанчињата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #38 на: 14 Октомври 2014, 16:57:14 pm »
Види за кујна знам дека иверица не ја бива, сум имал и сеа имам еден медијапан во станот во Битола, што не е баш медијапан ама е рефлетирачка површина. Прсти не се познаваат оти...немам потреба да допирам со цела рака само рачката ја фаќаш ;D ;D

Иверицата лепи многу мрснотија и тешко се чисти (во споредба со медијапанот). Е сеа иверица и матирано стакло да е поефтино од медијапан...тоа не знам. А ете сеа разбрав дека и ивериците кај нас не ги бива, па најубаво било медијапан.

ОК сепак I wanna know more. Еднаш ќе правам ваква работа па сакам да чујам повеќе мислења и локации да набавам материјали.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #39 на: 14 Октомври 2014, 17:15:25 pm »
Види за кујна знам дека иверица не ја бива, сум имал и сеа имам еден медијапан во станот во Битола, што не е баш медијапан ама е рефлетирачка површина. Прсти не се познаваат оти...немам потреба да допирам со цела рака само рачката ја фаќаш ;D ;D

Иверицата лепи многу мрснотија и тешко се чисти (во споредба со медијапанот). Е сеа иверица и матирано стакло да е поефтино од медијапан...тоа не знам. А ете сеа разбрав дека и ивериците кај нас не ги бива, па најубаво било медијапан.

ОК сепак I wanna know more. Еднаш ќе правам ваква работа па сакам да чујам повеќе мислења и локации да набавам материјали.
Ова не е разлика на иверицата и медијапанот, туку на финишот. Може и медијапанот д аго налепиш со фурнир, и иверицата. Исто ќе се прљаат зошто ќе се од истиот материјал од надвор. Ако го фарбаш медијапанот тогаш ќе се чисти полесно и ќе се лепат прсти и ќе се познаваат. Имам вакво биро пред мене, јас би одел на природен фурнир кога би правел следно биро (ова е старо 10 години), поубав е. Имаш и пластичен фурнир што мислам дека е она што го бараш, ем нема да се познаваат прсти, ем се чисти како пластика, а изгледа на дрво по избор. Само не трпи жешко, ако ставиш тенџере врз него отиде. Ама па за WC ни пие влага ни бутур, ако е заштитено дрвото под него со премаз, нема да има гајле долго време.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #40 на: 14 Октомври 2014, 17:16:02 pm »
http://unikondor.mk/kontakt.php

Јас од овде земав материјали, мислам дека се едни од поевтините. Можеш да прашаш за цени тоа што те интересира.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #41 на: 14 Октомври 2014, 17:16:07 pm »
И на мој другар, таткому работи столарија, добар столар е, ако сакаш да ти дадам број од другарот да се слушнеш, па да ти го каже бројот од таткому.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #42 на: 14 Октомври 2014, 17:34:55 pm »
4) врши работа ако имаш добра изолација

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #43 на: 14 Октомври 2014, 17:40:50 pm »
Има четири типа на медијапан:
1. Фурниран обичен - најефтин, не може да се добие со заоблени рабови.
2. Фурниран сјаен - заедно со фарбаниот во цена, и овој не го бива со заоблени.
3. Пластифициран медијапан - се помалку го има во Македонија, а е најдобар избор за капаци од кујна. Пластика не старее, па само една крпа влажна го праи ко нов. Кујната дома што ја правеше татко ми пред 5 години и денес изгледа свежо. Бонус: може во било каква форма да се изработи без проблем. Штета што се помалку го има.
4. Фарбан медијапан - детска правевме пред 1 месец, финишот е извонредно издржлив, ме зачуди дури. Со фарбаните парчиња бевме МНОГУ внимателни, откако пристигнаа беа замотани во целофан, замотани и ги носевме, се додека клиентот (реши да помогне) не пушти страница од креветче на асфалт и парчето јако се истреска. Го кренав и кога видов дека ни зуцка немаше, се каев зошто отиде една ролна целофан и живци за секое парче да го мотаме толку внимателно.

Мој избор сепак би биле пластифициран или сјаен. За потрадиционален изглед пластифициран, за модерен изглед обавезно сјаен.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #44 на: 14 Октомври 2014, 17:48:15 pm »
Слики од материјаливе имате?