Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 137740 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14769
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1005 на: 17 Октомври 2025, 11:10:58 am »
Малку поврзано, не знам зошто не постојат "detailing" сервиси за домови. Да чистат во ќошиња, под кревети/каучи, да ги избришат рачките на мебелот што собрале прашина, да исчистат околу лајсни во кујна, фрижидерот и полиците внатре, кујнските апарати како аир фраер и микробранова убаво да се исчистат и внатре и надвор итн. Ситници и детали што сам ако чистиш ќе ги средиш, а овие сервисиве не ги ни допираат голем дел од ствариве. Тие само поголемата прашина, ќе усисаат и џогираат под и толку.
Постојат,жени се викаат тие сервиси.😂
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44418
  • Il Moderatore
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1006 на: 17 Октомври 2025, 11:11:55 am »
EDIT: Се мислам дури и озонер (машина за озон) да се пушти на крај кога ќе се заврши со се, ама ќе видиме како ќе биде завршниот резултат дали ќе има потреба.


Ако се пушело цигари и ако има мириси било какви, озонер обавезно и тоа неколку дена упален пред да почнат луѓе пак да живеат. Да не се користи озонерот во присуство на луѓе!


 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2014
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1007 на: 17 Октомври 2025, 11:30:36 am »
Иво - 070 942 716
Дечково е одличен. Доаѓаат 2-3 во зависност од површина, заштита доле паркет. Си бришат си бркаат работа се.
Го контактирав Иво во Јули, дојде одма, го погледна станот. Ми даде цена повисока од другите 2ца што ги прашав, ама дека препорака доби, а и личеше профи, се договоривме на 11ти Автуст да работиме на станот.
Помина некое време, му ѕвонев за потврда, ми пиша бил на одмор. Се враќал од одмор денот кога јас одам, и се разминуваме.
Од одмор му пишав и ѕвонев на вибер, не се јави.
Кога се вратив во Мк, му ѕвонев на мобилен, не се јави.
Ако го знаеш, кажи му не испадна фер.

Го договорив Жика (https://www.facebook.com/profile.php?id=100075669858588) и супер испадна. 078 566 539
Дојдоа 2ца, за 2 дена тип топ станот.
Му давам препорака, ептен фин дечко, што е реткост деновиве.


Инаку, на гарнитурата, на страната каде се потпирам, ми се скрши дасчето од горниот дел (покажано на сликата). Материјалот не е оштетен, но треба да се дигне гарнитурата, да се отшие, отрвори, поправи внатре и пак да се зашие.
Дали некој знае што мајстор да барам ?
Тапацирање ?
Возможно е да најдам човек низ Скопје што може да дојде и да го поправи на лице место ?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
@Carpathian Lord и од мене имаш тука препорака за Жика ако се договорите

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14804
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1008 на: 17 Октомври 2025, 12:14:20 pm »
Супер фала.

Да се пушело ептен, ѕидовте катран се. Затоа морам озонер. Ако знае некој да има особено дечкиве со коливе што чистат (ако е доволно за стан) ќе платам само да завршам работа.

Претпоставувам озонерот ќе биде последното нешто, после молерисување и чистење на површините.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2655
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1009 на: 17 Октомври 2025, 12:32:26 pm »
Дечки да препорачате добар молер во Скопје?

Ми треба ден поскоро.

Исто ќе ми треба, доколку знаете некоја агенција за чистење, ама саглам чистење за вселување во користен стан. Треба салам рибање елементи, купатило, кујна, хемиско на гарнитура евентуално на лежај на спална.

За информација една фирма прати жена да изчистела, повеќе лом направи од што исчисти. Така ми треба тим кој ќе изчисти како што треба. Ама баш како што треба не јас да им висам на глава.


EDIT: Се мислам дури и озонер (машина за озон) да се пушти на крај кога ќе се заврши со се, ама ќе видиме како ќе биде завршниот резултат дали ќе има потреба.

Ова јас го поминав или поточно кажано уште го поминувам, моментот на преземање на стан после кираџии. Немаме многу време, се работи само за викенд по еден ден, да се среди дел по дел.

Сакав сам да средам молерај ама ме фати настинка па татко ми викна молер од Куманово што го знае и ја помина гарсоњерата (26 м2) два пати пошто беше ужас од пушење цигари.

Следниот викенд со сопругата удривме генералка, а претходно ангажирав хемиско (на ФБ Чиста куќа) за гарнитурата (шестосед) за 1800 ден, пред колегите од форумот да ми предложат (или да прочитам). Таман во исто време работевме, гарнитурата беше во очајна состојба, таква негрижа не трпат ни седиштата во ЈСП автобусите. Дечкото ја помина гарнитурата 4 пати и не бараше повеќе пари ама сепак му беше платено повеќе. Сега е како нова, секоја чест.

Инаку рацете ни отпаднаа со сопругата, да не набројувам се што работевме (меѓудругото го вадев силиконот од туш кабината затоа што беше црн од буѓа, деновиве треба да ставам нов).

90% е готово, останаа уште некои ситници, тоа натенане до крај на месец.

Ќе видам на крај дали ќе има потреба од озонер, бај да веј, да се бара во Алфи, Меркур или имате некој друг предлог?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14804
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1010 на: 17 Октомври 2025, 14:19:32 pm »
Јас не можам да најдам озонер ако има некој предлог нека каже.

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 628
  • Сузуки Витариче
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1011 на: 17 Октомври 2025, 14:26:42 pm »
Препорака за молер: Љупчо 070647145
Потпис.

Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 658
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1012 на: 24 Октомври 2025, 14:06:11 pm »
Препорака за мајстор стаклар кој може да изработи постоље од калено стакло!

Кој знае нека пише?
« Последно менување: 24 Октомври 2025, 18:44:08 pm dreamson »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7181
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #1013 на: 24 Октомври 2025, 16:45:25 pm »
Не знам дали уште постојат такви занаетчии, го Јаца инжинеринг да отидеш, крај краева во тој бизнис се може познаваат некој.