Не дека се брзам ама се нервирам што мора за ваква проста работа да се чека како за не знам каков специјалитет, додека во нормални земји е „придрж го пивово се враќам за 5 мин“ моабет. Ако ти треба нешто набрзина и малце материјал цел циркуз. Можеби за луеѓе што работа поголеми работи функционира, ама за хоби ентузијасти и DYI e невозможно. Шпреплоча моделарска не можеш да земеш малце или ако ја земеш испаѓа по цена колку пола табла да земам од Новомак, поликарбонатни плочки никако само Тему, ламинатна HPL фолија за да си сработиш нешто ситно треба да го нарачувам и на крај ќе заборавам зошто ми требаше.