Дечки да препорачате добар молер во Скопје?
Ми треба ден поскоро.
Исто ќе ми треба, доколку знаете некоја агенција за чистење, ама саглам чистење за вселување во користен стан. Треба салам рибање елементи, купатило, кујна, хемиско на гарнитура евентуално на лежај на спална.
За информација една фирма прати жена да изчистела, повеќе лом направи од што исчисти. Така ми треба тим кој ќе изчисти како што треба. Ама баш како што треба не јас да им висам на глава.
EDIT: Се мислам дури и озонер (машина за озон) да се пушти на крај кога ќе се заврши со се, ама ќе видиме како ќе биде завршниот резултат дали ќе има потреба.
Ова јас го поминав или поточно кажано уште го поминувам, моментот на преземање на стан после кираџии. Немаме многу време, се работи само за викенд по еден ден, да се среди дел по дел.
Сакав сам да средам молерај ама ме фати настинка па татко ми викна молер од Куманово што го знае и ја помина гарсоњерата (26 м2) два пати пошто беше ужас од пушење цигари.
Следниот викенд со сопругата удривме генералка, а претходно ангажирав хемиско (на ФБ Чиста куќа) за гарнитурата (шестосед) за 1800 ден, пред колегите од форумот да ми предложат (или да прочитам). Таман во исто време работевме, гарнитурата беше во очајна состојба, таква негрижа не трпат ни седиштата во ЈСП автобусите. Дечкото ја помина гарнитурата 4 пати и не бараше повеќе пари ама сепак му беше платено повеќе. Сега е како нова, секоја чест.
Инаку рацете ни отпаднаа со сопругата, да не набројувам се што работевме (меѓудругото го вадев силиконот од туш кабината затоа што беше црн од буѓа, деновиве треба да ставам нов).
90% е готово, останаа уште некои ситници, тоа натенане до крај на месец.
Ќе видам на крај дали ќе има потреба од озонер, бај да веј, да се бара во Алфи, Меркур или имате некој друг предлог?