Ќе се отвара Меркур во ситимол на 3ти септември, сигурно ќе имаат огромни попусти така да можеш од таму да купиш и препорака за максипол.
@Zile прогнозер, од 3 до 10.09. ќе има 20% попуст на СЕ во Сити Мол по повод отварањето на новата продавница. Само на веб гледам немаат Максипол, имаат само Бекамент. Мислам дека и Бекамент ќе ми заврши работа за гарсоњерата, сакам прописно да ја средам (кречење, хемиско, ситни интервенции по потреба) пред да ја огласам. Освен ако има некој лошо искуство со Бекамент, да не не се раствара убаво или слично...
Ова во Сити мол да ти било Меркур трафика за вазни и тањири (нешто како Зара хоум), ни боја ни четка, се прошетав фамилијарно и тоа
Терај со бекамент, не му ја мисли.
Колку ќе и бараш, локација и м2 ?
Сабота сабајле ќе одам Електрометал (покрај другото само таму најдов глет маса од 5 кг, на други места поголема количина имаше само) или Ројал Инвест (кај сервис Борче за гуми).
За цена уште не сме дефинирале, ќе треба да земеме во предвид цените за тоа место (Припор, до базен Ирина), комплет наместена и паркинг во подземна гаража, може ќе консултирам и некоја агенција за недвижности, вака грубо не би ставиле почетна цена испод 45к е