Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 132389 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #660 на: 27 Јануари 2024, 11:54:30 am »
Да, многу тешко се нанесува само. Ама кај што нема простор (некој ѕид) да се интервенира на друг начин, е подобро отколку ништо. Минимален е ефектот, ама ако имало мувла заради преладен ѕид на тоа место, сега ќе крене степен-два тоа место и ќе биде малку подобра ситуацијата.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #661 на: 27 Јануари 2024, 12:13:51 pm »
Аман бе? Што се случи?
Кај мене супер искочи, бело за мерак.

И после втора рака, не е баш бела. Плус, мноогу поретка е од јупол класик. Додуша, сега и јупол го расипаа, ама тоа е, мора да штедат некаде.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5931
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #662 на: 27 Јануари 2024, 12:15:25 pm »
А од аспект непропуштање топлина од надвор си сетил разлика ? Имам во станот ѕид на запад  со прозор, порано било балкон па проширено е цел ден сонце фаќа. Пекол е дневната пошо од 61ва е зградата, уште се договараме станарите за надворешна изолација.
Се мислев или директ со ова да премачкам  или да го опшијам од внатре со единица стиродур и ова за боја да го ставам над.
« Последно менување: 27 Јануари 2024, 12:22:33 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #663 на: 27 Јануари 2024, 12:19:56 pm »
Искуство со чудово има некој од форумов, има некоја разлика топлинска осетено по дома ?
Термостоп
јас
Му се заблагодари на Дени за информацијата

Не приметив дека веќе се развила дискусија :(

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #664 на: 27 Јануари 2024, 12:57:38 pm »
@Mikius од внатре мачкаше?
Имам ѕид, фаќа мувла, а немам финансии за одвлажнувач, а стиропор од надвор не е можно да се постави, па да го измачкам од внатре 3 раце, па 3 раце поликолор. Има ефикасност?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #665 на: 27 Јануари 2024, 13:03:39 pm »
А од аспект непропуштање топлина од надвор си сетил разлика ? Имам во станот ѕид на запад  со прозор, порано било балкон па проширено е цел ден сонце фаќа. Пекол е дневната пошо од 61ва е зградата, уште се договараме станарите за надворешна изолација.
Се мислев или директ со ова да премачкам  или да го опшијам од внатре со единица стиродур и ова за боја да го ставам над.
За нанесување го разредував малку повеќе од пропишаното за да добијам поситен рељеф како завршна површина, за да покрие убаво 3 раце со 24 часа пауза помеѓу.
Го нанесував со вљак со кратки влакна.
Пробен ѕид работев во тек на зимата лани, остатокот крај на август, така да за тоа дали е посвежо не би знаел, но сега со греење се осеќа, лани климата на периоди на 24 па и на 25 сум ја ставал, оваа година макс 23 (пред малку ја намалив на 22)

Не знам како ќе се понаша на споевите од стиродурот ако нанесуваш преку, од друга страна, што се однесува до изолација, самиот стиродур веќе завршил работа на термостопот.



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #666 на: 27 Јануари 2024, 13:06:01 pm »
Еве слика



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #667 на: 27 Јануари 2024, 13:10:08 pm »
@Mikius од внатре мачкаше?
Имам ѕид, фаќа мувла, а немам финансии за одвлажнувач, а стиропор од надвор не е можно да се постави, па да го измачкам од внатре 3 раце, па 3 раце поликолор. Има ефикасност?
Да, одвнатре.
Мувла немав додека се греев на парно, но со климите лани парче ѕидовите со мувла.
Оваа година раат :)

Не ти треба поликолор, бојата ептен ми се бендиса за разлика од ледената на бекатон

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #668 на: 27 Јануари 2024, 13:30:01 pm »
Рапава е? Барем така делува преку слика. Нешто слично како абрип?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #669 на: 27 Јануари 2024, 13:41:11 pm »
Ако сакаш мазно можеш со глетарица ваљда, јас сакав да излезе така, ситно рапаво, доколку не го разредиш се прави као браздесто. Ќе сликнам у купатило таванот. Само една рака поминав.
Инаку самиот материјал е нешто као густа шлаг пена.
« Последно менување: 27 Јануари 2024, 13:46:51 pm Mikius »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #670 на: 28 Јануари 2024, 09:22:44 am »
А од аспект непропуштање топлина од надвор си сетил разлика ? Имам во станот ѕид на запад  со прозор, порано било балкон па проширено е цел ден сонце фаќа. Пекол е дневната пошо од 61ва е зградата, уште се договараме станарите за надворешна изолација.
Се мислев или директ со ова да премачкам  или да го опшијам од внатре со единица стиродур и ова за боја да го ставам над.
Опшиј секако. А ако опшиваш не ти треба ова. Среди си со 2-5цм стиропор или слично, и стави си гипскартон. Ако имаш можност/простор за да се стави асална изолација не ти треба ова, не му е тоа ни намената.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 129
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #671 на: 29 Јануари 2024, 01:09:54 am »
@Mikius од внатре мачкаше?
Имам ѕид, фаќа мувла, а немам финансии за одвлажнувач, а стиропор од надвор не е можно да се постави, па да го измачкам од внатре 3 раце, па 3 раце поликолор. Има ефикасност?

Пробај Maxidis F, боја за внатрешни ѕидови, отпорна на мувла... Ја има во РојалИнвест: https://www.rojalinvest.com.mk/polikolori-i-glet-masi претпоследната на списокот...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #672 на: 29 Јануари 2024, 07:33:18 am »
Пред некоја недела зедов 2.5L - 7€ од лидл. Пролетвава ќе бојадисувам па каде што фаќало мувла во минатото ќе го поминам со Парксајдот, па се надевам нема да има разлика во нијанси со Бекамент, каде што ќе се преливаат.

Од секогаш сум користел Бекамент, па арно прочитав овде, не знаев дека други брендови не се баш бели бели, а сакав да сменам.


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #673 на: 29 Јануари 2024, 08:40:13 am »
POLIFLOR Extra  од оваа сум пријатно изненаден. Од кај Шварцо ја препорачаја, бојадисвавме кај другар каде шо се грејат на дрва и пушат цигари дома. Не беше 5 години фарбано па со една рака врвење ја обеле собата. Втора рака ко ново дојде.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5931
Мајстории по дома....
« Одговори #674 на: 31 Јануари 2024, 22:00:43 pm »
Ај едно прашање за тој шо ја разбира тематиката. Оти јас сум лаик освен за припомош шлакано немам сам ваква работа правено.
 Имам некои стари ѕидови дома што не се гледаа позади регали и др работи никогаш не било реновирано таму. Е сега немам повеќе регали и ќе треба да се  санираат,  планирам да се учам и сам да ги суредам . По некое чудо ако ми се потрефи да излезе да личи на нешто, може да досуредам и неко друг потаму.
  Ѕидовите се во состојбата како на сликите,  некој слој од поликолор низ пола век уназад и некои микро пукнатини, па некој поголеми биле крпени па пукнало и над тоа итн. Спрема шо гледав нешто, планот ми е да тргам лепак со мрежа за да се осигурам дека нема да ми излезат истите пукнатитни па над него да глетовам едно две раце, па за стружење ќе му ја мислам. 
-Прво прашање е , не ми се замара да земам да љуштам цел зид, дали би било доволно да земам да го исштрафтам целиот ѕид со штрафцигер или скалпер па да поминам со подлога и вероватно тоа би требало да е доволно грип за лепакот со мрежата. Некој гледам љуштат цели соби некој врват со оваа постапка.
-Второ прашање, кој лепак да го земам и која мрежа, некаде како да прочитав дека била некоја башка мрежа  оваа. Подлога вероватно било која ќе збрка работа, пример  у-врска
-Трето, која глет маса да ја земам за над лепаков, дали можи со еден глет да се заврши, пример  од Кнауф, мислам Биофиниш се вика или треба некој да речам башка за прва рака глет па башка за финиширање.
- Четврто дали треба тие линиите од пукнатините да ги разрзчам со скалпер па да ги крпам со глет посебен пред да го почнам цело ова или нема потреба.
 
Сеа засеа толку, ако ја разбира тематиката од искуство некој, секоја помош е добредојдена.



« Последно менување: 31 Јануари 2024, 22:05:53 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html