Искрено ако немаш никакво предходно искуство јас не би го правел тоа што си го замислил оти ќе излезе полошо од што е сега.
Тие микро пукнатини можеш да ги истругаш, помини го целиот зид со подлога, затвори ги пукнатините со бел акрилен силикон и помини со поликолор, пукнатините нема да ти се познаваат.
А ако сакаш ѕидот да е мазен како да е глетовано а сакаш да го правиш сам има и трета опција многу попогодна за почетници од мачкање лепак,мрежа па глетовање, а мислам дека финансиски слично ќе поминеш.
Можеш да залепиш(не да монтираш) гипс картон табли на ѕидот со радикол или со пур пена за таа намена, па да ги поминеш споевите со бандаж трака и фугенфилер или радикол , да не го глетуваш туку само да го поминеш со поликолор.