Ај едно прашање за тој шо ја разбира тематиката. Оти јас сум лаик освен за припомош шлакано немам сам ваква работа правено.
Имам некои стари ѕидови дома што не се гледаа позади регали и др работи никогаш не било реновирано таму. Е сега немам повеќе регали и ќе треба да се санираат, планирам да се учам и сам да ги суредам . По некое чудо ако ми се потрефи да излезе да личи на нешто, може да досуредам и неко друг потаму.
Ѕидовите се во состојбата како на сликите, некој слој од поликолор низ пола век уназад и некои микро пукнатини, па некој поголеми биле крпени па пукнало и над тоа итн. Спрема шо гледав нешто, планот ми е да тргам лепак со мрежа за да се осигурам дека нема да ми излезат истите пукнатитни па над него да глетовам едно две раце, па за стружење ќе му ја мислам.
-Прво прашање е , не ми се замара да земам да љуштам цел зид, дали би било доволно да земам да го исштрафтам целиот ѕид со штрафцигер или скалпер па да поминам со подлога и вероватно тоа би требало да е доволно грип за лепакот со мрежата. Некој гледам љуштат цели соби некој врват со оваа постапка.
-Второ прашање, кој лепак да го земам и која мрежа, некаде како да прочитав дека била некоја башка мрежа оваа. Подлога вероватно било која ќе збрка работа, пример у-врска
-Трето, која глет маса да ја земам за над лепаков, дали можи со еден глет да се заврши, пример од Кнауф, мислам Биофиниш се вика или треба некој да речам башка за прва рака глет па башка за финиширање.
- Четврто дали треба тие линиите од пукнатините да ги разрзчам со скалпер па да ги крпам со глет посебен пред да го почнам цело ова или нема потреба.
Сеа засеа толку, ако ја разбира тематиката од искуство некој, секоја помош е добредојдена.

