@vladic3110 Полека бе пријателе, одма на колец ме стави. Смири се малку.
Јас сум крив, едно мислев, друго напишав.
Во 99%, тнг боците пукаат заради лошо ракување. Најчесто, "диши" од некој спој, и се случува хаварија.
Е сега, за промена на боците. Тнг боца, за домашно ракување, по правило не се полни на бензинска, туку се заменува со нова полна боца. (фак рулс) Постојат правила и атести, кои мора да се следат. Макпетрол на секоја промена, се надевам, дека вршат полнење и проверка на боците. Имам полнето кинеска боца (мали сплескани) и макпетрол боца во исто време. Прво, самиот фитинг не им е ист, а потоа, макпетрол боцата, може да се наполни до крај, додека кинеската се полни до некој процент, па гаси пиштолот. Некогаш гаси два/три пати, некогаш дури и повеќе. Додека сме кај фитингот, за макпетрол боците ќе најдеш и лош и добар горилник, додека за турските и кинеските боци, стандардно е лош горилникот. Сум менувал за жал, сум барал по пазари, се додека не се решив за проверени работи. Дури и дизните, се лошо лиени.
Тоа што ти имаш ти боца од 78-ма, не проверена, и татко ми што вози кола, а преку 12 год, нема сменето ребраст (јер годишно прави 2к км), не значи дека сте во право. Како што каишот има рок од 5 години или 60к км, така и боцата подлежи на некакви прописи. Еве во Србија, дури и на авто-тнг боците, се врши реатест. Дали се небулози или не, размисли уште еднаш.
Како се случува експлозијата. Гасната смеша пропан+бутан, има поголема густина од воздухот. При "протекување" од некој спој, гасот се таложи на подот во просторијата. Бидејќи веќе е измешан со возудух, потребна е само една искра, за експлозија/беља. Тнг, се одорира, за полесно да се осети, ако има протекување.
Се надевам дека сум појасен. Ако сум утнал некаде, поправиме. Јас не сум тврдоглав човек. Човек учи додека е жив.