Гледам дека @SaleSk ни е Тесла на форумов 
Thx, ама далеку сум јас, можеби светлосни години од Тесла

Читајќи сфатив дека ЕВН кај нас носи струен кабел со 4 жици, 3 фази и нулта. Заземјувањето е очигледно оставено на потрошувачот. Во куќа е едноставно, во нов стан сигурно е задолжително од изведувачот, е сеа тука е во прашање стар стан од 83.
Што се однесува до твојата дилема, на времето така се правела инсталацијата. Односно штом станот ти е од постаро време, многу е очигледно дека се користел нулован систем.
По дозните каблите си се стандард со 3 жици (освен 3 фазните нели) , осветлувањето е со 2. Спратната табла не сум ја отворил да видам таму што се дешава и каде оди заземјувањето од ел. мрежа на станот. Не се чувствувам компетентен за такви екскурзии, иако се сум видел од „мајстори“.
Па така ми останува дилемата, што ако нема класично заземјување во станот, што се дешава со жолто/зелената жица?!?
Заземјување во твојот стан оди преку нулата, како што реков. Најчесто тоа на времето се правело во трафостаниците, нулата и земјата да се на ист потенцијал.
Во поново време тоа не е веќе пракса, но сите оние системи си остануваат и си функционираат такви какви што се. Нема штета да се стави плус заземјување, но ти во станот чисто се сомневам дека можеш да го направиш. Тоа со водоводните цевки е чиста глупост, но.... Незнам, веројатно имало проблем некаков па пробувале да го решат.
По дозните каблите си се стандард со 3 жици (освен 3 фазните нели) , осветлувањето е со 2. Спратната табла не сум ја отворил да видам таму што се дешава и каде оди заземјувањето од ел. мрежа на станот. Не се чувствувам компетентен за такви екскурзии, иако се сум видел од „мајстори“.
Па така ми останува дилемата, што ако нема класично заземјување во станот, што се дешава со жолто/зелената жица?!?
Зелената жица ке се врзе со плавата во табла...
Или ако се става ФИ склопка, ке се врзе согласно останатите компоненти и ситуацијата во табла.
Друго, гледам по запад користат исклучиво WAGO спојници, наместо класичнот метод на врзување, кој е кај нас главен увозник?
Се користат точно, брзо се спојуваат, веројатно се и сигурни, но може и стариот добар начин да се користи, 100% е и тој сигурен. Незнам кој е увозник за нив, можеби Лекс, Лира, таму да провериш...
Исто, дали имате некој електричар (инженер) кој би го ангажирал за проверка на електричната инсталација и некои корекции? Некој кој не би дошол со рацете во џеб, барајќи од мене алат, да ми продава магла за фид склопки, да ме убедува дека за плотна е доволно 1х1.5м2 ...
Се уште не знам таков, имаше солидни, но се тешко достапни и се скапи...
За комбинации никој не би се нафтил, за да биде саглам треба се од корен да се смени....
Ако сакаш да биде како што треба
