Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 131571 пати)

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #135 на: 12 Јуни 2015, 19:01:17 pm »
Коа ми е досадно у викендица, а често знае, си измислувам некое ново проектче да праам.  ;D
Некои сум ги сликал постапно некои не  :(

Еве нешто што сум напраил

Количка за у двор (мајками сакаше за цвеќиња да ставала )  ;D
Па еве дел од процесот како идеше:
-Збирање непотребни даски по двор и гаража
-Мерење, нацрт, замисла
-Сечење потребни даски
-Шмирглање пошто беа сите различни и у разни бои и димензии :)
-Па праење горен дел, т.е. корито, па даските за джачи на рака и тркало, па на крај и тркалото
-Па уште еднаш фино шмирглање
-И за крај фарбање :)

тоа е тоа ако сакате нешто прашања и коментари за проективе добредојдени се :)



























Стаклена масичка што почнав да ја правам, ама незнам каде заврши :)




Кревет за низ двор, врз него одозгора идат душеци тенки за убаво седење :)
Има дупки за чаши во рачките да не мора да се превртуваат додека седиш :D















« Последно менување: 12 Јуни 2015, 19:17:37 pm FICOOO »

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #136 на: 12 Јуни 2015, 19:33:23 pm »
Уште некои масички и столици што ги напраив но немам детални слики, така да еве ги готов продукт :)

Маса у сред двор  ;) За секојдневна примена



Уште една маса направена од котур за кабли :)




Вратички, ова ке биде дел од надворешна кујна.



Столици поише накај лежалки :)



Лежалката со друга помала масичка у комплет. И уште една лежалка за цел комплет да биде :)





Сите проекти у една слика :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #137 на: 12 Јуни 2015, 20:00:51 pm »
Секоја чест. Одлично испаднале :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #138 на: 12 Јуни 2015, 21:02:42 pm »
Браво! Предобро личат, само криј ги од сонце и вода зошто еден слој боја одма ќе им испари :)

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #139 на: 13 Јуни 2015, 01:21:44 am »
Фала фала :) Иначе ги кријам поише од дожд, од сонце си немаат гајле.
Имаат некои од масите и заштитен лак, и скоро сите се со по 2-3 руки боја .
Ма да сватив дека не ми се исплати да се замарам толку, еднаш у година, година ипол им удирам фина шмиргла и уште една рака боја  и топ искачаат :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #140 на: 13 Јуни 2015, 01:29:39 am »
Све супер али скара бе брат немаш нигде, плус травава многу ретка..


Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #141 на: 13 Јуни 2015, 14:34:26 pm »
Има скара :) не е експонирана :) У преден план се тракатанциве што сум ги напраил, дворот не ми беше у план да го претставувам хахаха :) Иначе тревата ретка исто ко што има и вода у викендицава  ;D Соње е,  јбг да стаат водовод друго ке е :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #142 на: 06 Август 2021, 13:05:39 pm »
Клабери,

Имам некои нејаснотии околу идни преправки во електриката во станот, па пребарувајки по нет, ми искочи темава. Гледам дека @SaleSk ни е Тесла на форумов :)
 
Читајќи сфатив дека ЕВН кај нас носи струен кабел со 4 жици, 3 фази и нулта. Заземјувањето е очигледно оставено на потрошувачот. Во куќа е едноставно, во нов стан сигурно е задолжително од изведувачот, е сеа тука е во прашање стар стан од 83.

Во тоалетите гледам имало некои жици врзано за водоводните цевки, луѓето, реновирале, нормално ги скинале :) Башка, како што читав низ нет, таа пракса е напуштена одамна, дополнително што цевките скапуваат па делови од нив се заменети со пластични со што се губи спорводливоста.

По дозните каблите си се стандард со 3 жици (освен 3 фазните нели) , осветлувањето е со 2. Спратната табла не сум ја отворил да видам таму што се дешава и каде оди заземјувањето од ел. мрежа на станот. Не се чувствувам компетентен за такви екскурзии, иако се сум видел од „мајстори“.
Па така ми останува дилемата, што ако нема класично заземјување во станот, што се дешава со жолто/зелената жица?!?

Друго, гледам по запад користат исклучиво WAGO спојници, наместо класичнот метод на врзување, кој е кај нас главен увозник?

Исто, дали имате некој електричар (инженер) кој би го ангажирал за проверка на електричната инсталација и некои корекции? Некој кој не би дошол со рацете во џеб, барајќи од мене алат, да ми продава магла за фид склопки, да ме убедува дека за плотна е доволно 1х1.5м2 ...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #143 на: 06 Август 2021, 13:44:00 pm »
Гледам дека @SaleSk ни е Тесла на форумов :)

Thx,  ама далеку сум јас, можеби светлосни години од Тесла :D :D :D

Читајќи сфатив дека ЕВН кај нас носи струен кабел со 4 жици, 3 фази и нулта. Заземјувањето е очигледно оставено на потрошувачот. Во куќа е едноставно, во нов стан сигурно е задолжително од изведувачот, е сеа тука е во прашање стар стан од 83.

Што се однесува до твојата дилема, на времето така се правела инсталацијата. Односно штом станот ти е од постаро време, многу е очигледно дека се користел нулован систем.

По дозните каблите си се стандард со 3 жици (освен 3 фазните нели) , осветлувањето е со 2. Спратната табла не сум ја отворил да видам таму што се дешава и каде оди заземјувањето од ел. мрежа на станот. Не се чувствувам компетентен за такви екскурзии, иако се сум видел од „мајстори“.
Па така ми останува дилемата, што ако нема класично заземјување во станот, што се дешава со жолто/зелената жица?!?

Заземјување во твојот стан оди преку нулата, како што реков. Најчесто тоа на времето се правело во трафостаниците, нулата и земјата да се на ист потенцијал.
Во поново време тоа не е веќе пракса, но сите оние системи си остануваат и си функционираат такви какви што се. Нема штета да се стави плус заземјување, но ти во станот чисто се сомневам дека можеш да го направиш. Тоа со водоводните цевки е чиста глупост, но.... Незнам, веројатно имало проблем некаков па пробувале да го решат.

По дозните каблите си се стандард со 3 жици (освен 3 фазните нели) , осветлувањето е со 2. Спратната табла не сум ја отворил да видам таму што се дешава и каде оди заземјувањето од ел. мрежа на станот. Не се чувствувам компетентен за такви екскурзии, иако се сум видел од „мајстори“.
Па така ми останува дилемата, што ако нема класично заземјување во станот, што се дешава со жолто/зелената жица?!?

Зелената жица ке се врзе со плавата во табла...
Или ако се става ФИ склопка, ке се врзе согласно останатите компоненти и ситуацијата во табла.

Друго, гледам по запад користат исклучиво WAGO спојници, наместо класичнот метод на врзување, кој е кај нас главен увозник?

Се користат точно, брзо се спојуваат, веројатно се и сигурни, но може и стариот добар начин да се користи, 100% е и тој сигурен. Незнам кој е увозник за нив, можеби Лекс, Лира, таму да провериш...


Исто, дали имате некој електричар (инженер) кој би го ангажирал за проверка на електричната инсталација и некои корекции? Некој кој не би дошол со рацете во џеб, барајќи од мене алат, да ми продава магла за фид склопки, да ме убедува дека за плотна е доволно 1х1.5м2 ...

Се уште не знам таков, имаше солидни, но се тешко достапни и се скапи...
За комбинации никој не би се нафтил, за да биде саглам треба се од корен да се смени....
Ако сакаш да биде како што треба :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #144 на: 18 Август 2021, 17:55:14 pm »
Бидејќи хаУс мајстор, па и ова да пробам да направам.
Сум местел на под, ама никогаш не сум лепел на ѕид. И добро испадна како за прв пат.
Ај совет од вас, лајсниве што ги даваат со ламинатот не ми прават мерак како стојат по ивиците, сакам нешто покултурно како завршна лајсна, L лајсна или слично, освен во Лав комерц каде да барам на друго место?

Sent from DHL


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #145 на: 18 Август 2021, 20:08:41 pm »
Лесна (качанички пат), хубо.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #146 на: 18 Август 2021, 20:10:52 pm »
Можеби бели L лајсни ќе ти вршат работа бидејќи гледам дека ѕидовите се бели а ако ставиш пак дрво шара, веќе во иста просторија ќе имаш
3 шари и бои на дрво.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #147 на: 18 Август 2021, 20:25:26 pm »
@osmica8 фала, ќе ѕирнам утре.

@AllMightyMe пробав со бели што имам нешто останато од завршни лајсни од плочки, ама не ми прави мерак, нешто у тон со ламинатот сакам да биде.
Инаку, ќе се става врз паркетот ламинат ист или најсличен на овој, со високи лајсни во тон на ламинатот.

Деновиве уште лебдечки полици да најдам останува.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #148 на: 18 Август 2021, 20:34:43 pm »
@зоки-златен провери во мега и квик степ. Имаат модели на своите страни.   :)

Ламинатот го лепеше директно на ѕид (со боја), или ја стружеше бојата?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #149 на: 18 Август 2021, 20:36:44 pm »
Зокс пробај црна алуминиумска U или П лајсна. Ќе има лајсна а нема да се познава :)

Или ако не ја собира ради ѕидот, L форма 10х10мм или 5х5мм.

Или крај краева летвичка 5мм со соборена ивица, па фарбај ја со садолин по ќеиф.