Обично не жалам за одлуките што ги носам во живтотот, али што не си земав Green Card кога имав конкретна и солидна шанса, жалам.
Немам ништо против тие што имаат Бугарски пасош, секој со своето.
Гледам, сте продискутирале за документи потребни за излегување од државава.
Ја имав еднаш проблем со нашиве, ми изнаглушија доста зашто немав виза за влегување во ОАЕ.
И му викам на тој нашиов копук, кога се дешава на на сите што работиме таму, на некои да пратат визи, на некои не, си има оддел за визи на аеродромот, си ја плаќаме визата и одма ни ја даваат, па фирмата ни ги плаќа после визите, зашто се смета за нивен трошок што не ги пратиле на време.
Работава дојде до тој степен што мораше да им отворам персонален мејл, да им докажам дека порано сум добивал визи на мејл, дека немам никаков проблем со влегување и излегување од ОЕА.
А првичниот лет е Скопје-Истанбул, и мајка му бара да ми бара виза за финална дестинација.
После и не им кажував финална дестинација. Кај идеш? Турција. Фала, чао, пријатно.
Кај америчката виза има добар детаљ пишан подолу. Вика, визава не ви гарантира влез во УСА, туку, дека ке дојдете до границите на УСА, и таму, службеник ке одлучи дали можете да влезете во државата. Можно е да бидете вратени без никакво објаснување.