@deanMKD
Темава не смрди, барем не кај мене, луѓе си дискутираат. Да, је ОТ али е дискусија.
Во постов не си во право:
Според законот сите сме исти пред цариникот на терминал на аеродром. Никој нема право да ме запре или да ми забрани влез во друга држава, доколку ги имам потребните документи за влез и регулиран престој, и се разбира пари. Кој е тој контролор да ми суди дали можам да одам во некоја земја судејки по тоа како сум облечен или што сум по вероисповед.. Ова го има само во МК. Во Европа за ваков кикс глави летаат, да не се лажеме.
Полициски службеник од граничната полиција на РМ ја вратил госпоѓицата глумица (ако збориш во контекст на таа случка). И тој не и забранил влез во Германија туку и забранил излез од РМ поради сомнение (ваљда за него основано, не ги имам видено со свои очи сите детали за да дадам мое мислење) дека таму ќе остане подолго од дозволеното или ќе работи или двете, незнам. За кај нас незнам, но на запад пограничните служби и цариниците се тренирани да го читаат јазикот на телото, колку смешно и да звучи ова. Ова го имам видено со свои очи.
Инаку тоа што го направил полицискиот службеник е негово дискреционо право (дали го употребил праведно или не не би знаел повторувам). Исто како што може да дојдеш до границата на некоја земја за која ти треба виза (УСА да речеме), да имаш нивна виза, повеќе од доволно пари за целиот престој и повторно да те вратат. Нивно дискреционо право е тоа и против нивната одлука (ако недај Боже така одлучат) можеш да поднесеш приговор, но истиот нема да ти го одложи "депортирањето" (враќањето назад од каде што си дошол со првиот авион/бус/воз). Симни UK Border Force и гледај, случките се вистински. Знам луѓе кои поред сите уредни документи и доволно пари ги подзадржале на граница пар минути до саат време, но за среќа откога културно се објасниле како луѓе со граничните служби (немало еј немој ти на мене и сл.) и презентирале гарантно писмо/резервација во хотел, доволно пари и пасош на увид, ги пуштиле да влезат во земјата.
Се разбира дека ако патуваш некаде треба да ги имаш задолжителните документи (пасош, патничко осигурување, гарантно писмо/хотелска резервација) и доволно пари.
Цариник е нешто сосема друго - има право да ти ги прегледа работите кои ги изнесуваш/внесуваш во земјата - дали се дозволени или не и дали се во дозволена/прекумерна количина.
Контролор на аеродром е контролор на летање.