на бауштеле се наоѓа работа уште несимнат од Виз
австрија/германија бизнисот го делат југо (срби, босанци) и пољаци
едните на другите не им се мешаат, ама затоа и друг не смее да влезе во тој бизнис
најголемите пари се прават секако со превара
најчесто сопственици на фирмите за изведување се унгарци во пензија, кои за солиден надоместок од југо газдите, отвараат фирма што се бави со некаква дејност од граѓевинство
работната сила е најчесто југо:
- со документи, што се ожениле со некоја цицлеста или добиле азил пред 15-20 години
- со документи, се иселиле во војните таму па имаат документи, но се под биро и носат медицински белешки за попреченост па зимаат социјално 1.200 евра и работат на црно за плус 1.000-1.300
- на црно. Одат од тука, работи таму 10-12 саати за што ќе биде супер платен (за да се фали после во татковината колку го плаќале), спие во изнајмен стан од газдата и дели ВЦ со 10 колеги и се враќа откако ќе помине законскиот рок со цифра од околу 5.000 еур
- со работна дозвола, каде примањата на крајот не се значително поголеми од тука
фирмата работи 6-8 месеци, кога на унгарецот ми се плаќа патни трошоци и плата за да дојде и извади од сметка кеш и после фирмата оди во стечај
легално вработените ја тужат државата дека фирмата ги оставила без работа и за тоа зимаат надомест, а продолжуваат да работат во новоотворена фирма на друг маџарски пензионер
и се така во круг
обично југо газдите за ваквите дејанија, не поминуваат неказнето и обично имаат на грб по 5 години затвор, ама кешот е огромен. ОГ-РО-МЕН. И добар дел се одлева во мито кај европјаните за добивање одредена локација, најава за инспекција итн. итн.
зборувајте ми за урбана мафија и дебар маало