Да не реплицирам на секого повторно ќе го кажам тоа што го кажав и пред неколку часа,и стојам на тоа бидејќи бев,видов,имам уште многу пријатели кои се иселиле од нашата мила државичка,каде владее безаконие,ако си на некој или ако трчиш по штабови и партии ќе бидеш вработен во јавна администрација за клати врата земај плата.Колега кој се исели пред 3 години,кој работеше со мене и кој со својата невеста (докторка) и своето дете сега живеат во Германија моемнтално исплаќа стан и да не звучи глупаво ама купи ново возило хјундај и половно возило А5.
Цените на производите во маркетите се исти,домат,краставици,месо,алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Цените на техничките стоки се поефтини од овде.Бев и видов,а и си купив нешто.Можам да набројам нешто.Звучките кои ги купив пред неколку месеци во зец се преку 600е а таму ги зедов за 400е,вапчето овде е преку 300е таму го зедов за 100е,мобилниот кој го зедов овде ниту да сакаш го нема сеште а постариот модел е за 1.5 пати поскап.
Да не зборуваме само за пари,но според мене парите се услов за квалитетен живот.
Во поглед на чистотата и владеење на редот и поредокот.
Воздухот е милион пати почист од нашиот тука,за секоја вратена флаша (стакло,пластика,лименка) се рефундираат по 25центи,и на крај математиката за водата излгеува дека еден пакет (6х1.5л)излегува 50-60центи.
Братучеда ми за малиот земала патики кои после 2 месеци им се расипа патентот,со фискалната сметка ги замени за нови,и милион такви ситници кои животот го чинат подобар и покваитетен.
Најмногу од се што ми смета тука е тоа што нема ред и поредок.Според законот за работни односи полно работно време е 40ч и максимално прекувремено работно време е 8ч неделно или 40ч месечно,односно не повеќе од 190ч годишно.А сум работел и по 260ч прекувремено во текот на една година.
Каде во светот си произведел некој производот за кој си вложил труд,си вложил пари и на крај си го продал а 2 години не е исплатен.Имам продадено грозје од 2015 кое до сега не ми е исплатено.Нафтата и хемиските препарати мора веднаш да ги платиш за да го произведеш а за пари ќе си почекаш.
Фала многу,мојот став е тој.Здравје за година,година и пол ако се оди според планот и ако ништо драстично не се смени тука јас заминувам.