Сигурно гипсар или било кој општ работник првин земал да проучи што е quality of life index, па затоа донел одлука за иселување.
90% од таквите се селат само заради пари. Ако му го читаш постот на АУДИ, ке видиш дека само парите се спомнуваат, математиката ја прави колку колкава плата ќе имаш, па ги минусира трошоците и рачуна колку ќе му остануваат.
Односно спомнува само пари, а не спомнува квалитети на живот. (Те спомнувам тебе АУДИ пошто од тебе започна конкретнава дискусија, ако сум те навредил, извини)
А што е квалитетен живот ? Со 500 евра на месечно ниво да ти остануваат нема да имаш квалитетен живот ? Ке имаш добро опремена СВОЈА куќа (наспроти живеењето под кирија во странство), можеш после 5 или 10 години работење да си дозволиш и нова кола од салон да си купиш. Можеш да си дозволиш еден солиден годишен одмор, плус неколку пати да отидеш било каде на зимовање, на викенд или слично.
Еве ти и друг пример. Мој најдобар другар, таткому со столарија се занимава 25 години. За 25 години столарија, успеаа да купат свој стан, 2 нови коли од салон, секоја година да одат на одмор низ Европа, успат секој продолжен викенд си одат некаде на патувања. Тоа не е квалитетен живот ?
Проблемот на македонскиот народ му е преголемата оптеретеност со СДС и ВМРО. Нема момент да не се мисли на овие две посрани политички партии, додека се спие, јаде, кења, само ВМРО и СДС му се вртат низ главата. Затоа оваа држава, односно народот е таков каков што е. Народот сеуште мисли дека политичарот е тој кој ќе се грижи за сите 2 милиони народ што живеат на оваа територија. Сеуште живеат во времето на Тито (патем и тогаш биле мизерија), живеат со мислите сеуште во 1970-та година и тоа е, тоа ти е главната причина зошто стагнираме, а и ќе стагнираме додека сеуште народот е со такви екс-ју мисли и бара спас во политичар.
Во оној момент кога народов нема да ги е*е ни 2% овие политички партии, кога на избори нема да излезе ниту еден граѓанин, па истите тие политичари на тој начин и не би можеле да основаат Влада и парламент и да се сместат во тие удобни фотељи и да лапаат по 1000 евра плата, по 10 000 евра патни трошоци, е тогаш ќе мрднеме од мртва точка.
А за да се крене општествениот стандард, за да се крене економијата, треба секоја можна услуга да се наплаќа како што се наплаќа во западните економии.
Кај нас доста работи сеуште можеме да ги уживаме за багатела и ги уживаме и пак плукаме дека нечини.
Али во секој случај, секој најдобро си одлучува што и како да прави со својот живот и што му е подобро.
АКо му е подобро да остави овдека каков таков имот кој е лично негов и да закрене да живее во Германија, да живее под ќирија и да започнува од 0, ок, негова одлука.