Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 141852 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
  • 69
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #390 на: 06 Февруари 2018, 01:46:27 am »
Вујко ми е Драги, да не имаш проблем со тоа?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2210
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #391 на: 06 Февруари 2018, 01:56:06 am »
И да имам неможеш ништо да сториш во врска со тоа!
Само дај образложи ми ја математиката,некако ми делува на квази математика,или пак нешто си се збунил од воздухот,или сеуште ја носиш розевата наочара.И молим те малку излади од планина одамна се имаме симнато,барем повеќето.

П.С добро ти е ова''Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje''
Во кој се ставаш ти?
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6191
  • 69
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #392 на: 06 Февруари 2018, 02:06:49 am »
од планина одамна се имаме симнато,барем повеќето

Така е.

Среќен сум што сум во оние малкуте, не од кај што сте вие повеќето.

Среќен ти пат во подобриот живот.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2210
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #393 на: 06 Февруари 2018, 02:08:48 am »
Те молам образложи ми ја оваа математика?
730+(30х10)+600=1630
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #394 на: 06 Февруари 2018, 02:37:32 am »
Вујко ми е Драги, да не имаш проблем со тоа?

Драги Шпага?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #395 на: 06 Февруари 2018, 02:42:40 am »
Пријател мој сега направија спрат. Ги земам моментално како пример кнауф мајсторите (3-ца се). 150 квадрати кнауф му наместија по цена од 2.5 евра по метар квадратен, односно  375 евра некаде за целиот кнауф. Му го наместија за 3-4 дена. Моментално го глетуваат, им требаат 3 дена, пошто ги глетуваат сите ѕидови (и надворешните кои се од цигла), вкупна квадратура за глетување 300 квадрати по цена од 1 евро. Значи 300 евра.
375+300=675 евра од една куќа за 1 работна недела.
4 куќи можеш да сработиш месечно, тоа се 4х675=2700 евра. Пошто се тројца, 2700/3=900 евра. Одбиј и данок ајде пошто е фирма, ете ке излезе по горе доле 700 евра на месец.
Значи еден од нив месечно носи дома 700 евра. Плус дома уште сопругата нека работи било што за 250 евра, тоа се 950, кружи на 1000 евра.

Малку пари се 1000 евра на месечно ниво во Македонија ?
Кнауфот во Германија е полесен за работење него во Македонија ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17612
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #396 на: 06 Февруари 2018, 03:38:49 am »
Не се селат луѓе само ради проблеми од финансиска природа. На Економски има предмет, Општествено богатство се вика. Делумно ги изучува сите елементи кои спаѓаат под "Квалитет на живот", официјален индекс во ЕУ. Парите се тука, да, ама тука се и мноштво други елементи. Кој сака да прочита, или ПДФ од книгата ќе му пратам, или нека си прогугла за quality of life index за да сфати зашто еден гипсар што зема 700 евра во Македонија би спакувал парталите и би отишол да биде гипсар во некоја од западните економии.


Edit: мала споредба помеѓу ние, и Словенија. Имајте на ум дека наквисокиот QOL индекс е 197 во Данска, додека Словенија, со своите "мизерни" 147 во скоро сите полиња брише под со нас.
https://www.numbeo.com/quality-of-life/compare_countries_result.jsp?country1=Slovenia&country2=Macedonia

Она што вие сакате да го наречете "парите", во категориите се води како purchasing power.
« Последно менување: 06 Февруари 2018, 03:49:14 am MartinAlfista »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #397 на: 06 Февруари 2018, 04:07:29 am »
Сигурно гипсар или било кој општ работник првин земал да проучи што е quality of life index, па затоа донел одлука за иселување.
90% од таквите се селат само заради пари. Ако му го читаш постот на АУДИ, ке видиш дека само парите се спомнуваат, математиката ја прави колку колкава плата ќе имаш, па ги минусира трошоците и рачуна колку ќе му остануваат.
Односно спомнува само пари, а не спомнува квалитети на живот. (Те спомнувам тебе АУДИ пошто од тебе започна конкретнава дискусија, ако сум те навредил, извини)

А што е квалитетен живот ? Со 500 евра на месечно ниво да ти остануваат нема да имаш квалитетен живот ? Ке имаш добро опремена СВОЈА куќа (наспроти живеењето под кирија во странство), можеш после 5 или 10 години работење да си дозволиш и нова кола од салон да си купиш. Можеш да си дозволиш еден солиден годишен одмор, плус неколку пати да отидеш било каде на зимовање, на викенд или слично.

Еве ти и друг пример. Мој најдобар другар, таткому со столарија се занимава 25 години. За 25 години столарија, успеаа да купат свој стан, 2 нови коли од салон, секоја година да одат на одмор низ Европа, успат секој продолжен викенд си одат некаде на патувања. Тоа не е квалитетен живот ?


Проблемот на македонскиот народ му е преголемата оптеретеност со СДС и ВМРО. Нема момент да не се мисли на овие две посрани политички партии, додека се спие, јаде, кења, само ВМРО и СДС му се вртат низ главата. Затоа оваа држава, односно народот е таков каков што е. Народот сеуште мисли дека политичарот е тој кој ќе се грижи за сите 2 милиони народ што живеат на оваа територија. Сеуште живеат во времето на Тито (патем и тогаш биле мизерија), живеат со мислите сеуште во 1970-та година и тоа е, тоа ти е главната причина зошто стагнираме, а и ќе стагнираме додека сеуште народот е со такви екс-ју мисли и бара спас во политичар.

Во оној момент кога народов нема да ги е*е ни 2% овие политички партии, кога на избори нема да излезе ниту еден граѓанин, па истите тие политичари на тој начин и не би можеле да основаат Влада и парламент и да се сместат во тие удобни фотељи и да лапаат по 1000 евра плата, по 10 000 евра патни трошоци, е тогаш ќе мрднеме од мртва точка.
А за да се крене општествениот стандард, за да се крене економијата, треба секоја можна услуга да се наплаќа како што се наплаќа во западните економии.
Кај нас доста работи сеуште можеме да ги уживаме за багатела и ги уживаме и пак плукаме дека нечини.

Али во секој случај, секој најдобро си одлучува што и како да прави со својот живот и што му е подобро.
АКо му е подобро да остави овдека каков таков имот кој е лично негов и да закрене да живее во Германија, да живее под ќирија и да започнува од 0, ок, негова одлука.
« Последно менување: 06 Февруари 2018, 04:52:45 am FiLo »

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #398 на: 06 Февруари 2018, 07:20:15 am »
Јас знам човек во Белгија што со плата од 1800 евра отплаќа стан и покрива трошоци за живот, дали има помош од неговите кои живеат исто таму незнам. Сигурно се заработува повеќе него во МК и остануваат повеќе пари, ама доста често некои откако ќе се пензионираат ако немаат купено стан/куќа неможат да си ги покријат трошоците па се враќаат. Можеби можат да си дозволат повеќе работи со нивните плати и тој стандард на живот, ама мислам дека балканскиот менталитет дава и доста погрешна слика. Не ретко доаѓаат тука со рент а кар поскапи коли за создавање слика, што го потврдува тој менталитет. Друго нешто што сум приметил е дека главно сите отселеници живеат во мали градови или далеку од центарот поради тоа што неможат да си дозволат да живеат во големите градови поради скапи кирии и слично, а во МК сите сакаме да живееме на 5-10 км од центар, 10 км веќе е далеку кај си отишол дури таму. Друго нешто се зависи од индивидуата, ако некој во МК зимал плата 15000 и му останувало 3-4000 за живеење, а во Германија да речеме му остануваат 300 евра за него тоа е далеку подобар живот што за друг може ќе биде исто како овде па и полошо.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1442
  • Eбач на батерии :D
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #399 на: 06 Февруари 2018, 07:24:08 am »
@FiLo дали во времето на Тито, татко ти/дедо ти успеале да изградат/купат куќа или стан.
Дали во времето на тито успеале да купат нова кола? Дали се шетале по Сфрј?
Јас не сум искочил од Македонија, не ни знам песок на плажа како личи.
 Дали во времето на Грујо,Зајко,петко... успеавте стан/куќа да купите? Дали успеавте саглам кола, немора да е нова да купите? Кадет, фелиција?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #400 на: 06 Февруари 2018, 07:54:24 am »
@FiLo дали во времето на Тито, татко ти/дедо ти успеале да изградат/купат куќа или стан.
Дали во времето на тито успеале да купат нова кола? Дали се шетале по Сфрј?
Јас не сум искочил од Македонија, не ни знам песок на плажа како личи.
 Дали во времето на Грујо,Зајко,петко... успеавте стан/куќа да купите? Дали успеавте саглам кола, немора да е нова да купите? Кадет, фелиција?

Се било вештачко во СФРЈ. Неможе да биде секој идентичен. Неможе некој интелигентен и вреден, желен за работа и што знае да се снајде и како да прави пари и некој имбецил да заработуваат исто. Во СФРЈ тоа се форсирало. Честопати и идиотот повеке заработувал него паметниот. Чист пример ти е филмот Тесна кожа кој одлично го доловува системот на СФРЈ и неговото функционирање, паметниот задња рупа, идиотот што незнае 2 и 2 колку се цело време директорува.
Си имал пар работи што биле достапни, честопати и ограничени. Си смеел само 20 литри бензин да наточиш. Пезетката уште во Гостивар ке ти го потроши тој бензин, а ти тргнат на одмор во Охрид.
Во титово време првенствено се било насочено кон Белград. Така да можеби Београгани уживале во титовото време, ама Македонија ? Задња рупа во таа СФРЈ била.

А иначе моите ни во титово време, ни сега немаат нешто плус различно. Ни тогаш не возеле гланц нова кола, ниту сега. Едино им замерувам што на времето не започнале нешто приватен бизнис, поготово механика зашто тоа е струката на таткоми, а и мене пошто ме интересира таа област, па денес да водевме сопствена фирма, да бевме самите на себе директори. Али јбг, можеби и ја ке ја отворам таа во иднина ако не успеам првично во сегашната струка што ја мислам.

Али пошто ги спомнуваш политичарите, јасно е кај лежи зајакот како што кажав во претходниот пост. Во оној момент кога народот нема да ги есапи политичарите, тогаш ќе мрднеме од мртва точка.
Грујо зошто одеше по селата ? Затоа што знаеше дека народот е носталгичен по СФРЈ, по лидер. Он го примени истиот метод на Тито. Само што проблемот е како што кажав, неможе интелигентен и вреден човек да заработува исто како и некој со интелигенција 60, што да го пратиш до Драчево, ке заврши во Дебар. Е тоа е главниот проблем.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7084
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #401 на: 06 Февруари 2018, 07:59:48 am »
За таа пара што ја украдоа политичариве изминативе 27 години и во кочина ќе влезам со свињите муабет да си попраам.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1442
  • Eбач на батерии :D
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #402 на: 06 Февруари 2018, 08:14:57 am »
@FiLo дали во времето на Тито, татко ти/дедо ти успеале да изградат/купат куќа или стан.
Дали во времето на тито успеале да купат нова кола? Дали се шетале по Сфрј?
Јас не сум искочил од Македонија, не ни знам песок на плажа како личи.
 Дали во времето на Грујо,Зајко,петко... успеавте стан/куќа да купите? Дали успеавте саглам кола, немора да е нова да купите? Кадет, фелиција?

Се било вештачко во СФРЈ. Неможе да биде секој идентичен. Неможе некој интелигентен и вреден, желен за работа и што знае да се снајде и како да прави пари и некој имбецил да заработуваат исто. Во СФРЈ тоа се форсирало. Честопати и идиотот повеке заработувал него паметниот. Чист пример ти е филмот Тесна кожа кој одлично го доловува системот на СФРЈ и неговото функционирање, паметниот задња рупа, идиотот што незнае 2 и 2 колку се цело време директорува.
Си имал пар работи што биле достапни, честопати и ограничени. Си смеел само 20 литри бензин да наточиш. Пезетката уште во Гостивар ке ти го потроши тој бензин, а ти тргнат на одмор во Охрид.
Во титово време првенствено се било насочено кон Белград. Така да можеби Београгани уживале во титовото време, ама Македонија ? Задња рупа во таа СФРЈ била.

А иначе моите ни во титово време, ни сега немаат нешто плус различно. Ни тогаш не возеле гланц нова кола, ниту сега. Едино им замерувам што на времето не започнале нешто приватен бизнис, поготово механика зашто тоа е струката на таткоми, а и мене пошто ме интересира таа област, па денес да водевме сопствена фирма, да бевме самите на себе директори. Али јбг, можеби и ја ке ја отворам таа во иднина ако не успеам првично во сегашната струка што ја мислам.

Али пошто ги спомнуваш политичарите, јасно е кај лежи зајакот како што кажав во претходниот пост. Во оној момент кога народот нема да ги есапи политичарите, тогаш ќе мрднеме од мртва точка.
Грујо зошто одеше по селата ? Затоа што знаеше дека народот е носталгичен по СФРЈ, по лидер. Он го примени истиот метод на Тито. Само што проблемот е како што кажав, неможе интелигентен и вреден човек да заработува исто како и некој со интелигенција 60, што да го пратиш до Драчево, ке заврши во Дебар. Е тоа е главниот проблем.

Доколку мислиш дека сум политички врзан се лажеш. Јас помисли па ти си врзан али нема везе.
Да еве, политички сум врзан и јас и моите и пола Македонија што сакаме да си одиме од земјава.
И веле беше прв на митинзи, па се отсели. (Извини веле, најтазе си отиде ти).(Извини).
Дали е вештачки животот во Сфрј или не не знам.
Најадени, прошетани, саглам квалитет на робата...
Денеска е борба од ден за ден.


Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6873
  • Бенве сие бенве
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #403 на: 06 Февруари 2018, 08:15:23 am »
Audi nekoj te laze

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6688
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #404 на: 06 Февруари 2018, 08:36:08 am »
Доколку мислиш дека сум политички врзан се лажеш. Јас помисли па ти си врзан али нема везе.
Да еве, политички сум врзан и јас и моите и пола Македонија што сакаме да си одиме од земјава.
И веле беше прв на митинзи, па се отсели. (Извини веле, најтазе си отиде ти).(Извини).
Дали е вештачки животот во Сфрј или не не знам.
Најадени, прошетани, саглам квалитет на робата...
Денеска е борба од ден за ден.

Ниту сум политички врзан, ниту пак велам дека си ти политички врзан. Убаво си го кажувам мојот став за политиката во претходните два поста.
Што се однесува за квалитетот на робата, во СФРЈ можеби траеле повеќе пример белата техника затоа што си ја штедел. Еднаш пушташ телевизор, гледаш вести, уште еднаш таму цртан филм ќе имало и гасиш.
Колата не ја возиш кога врне и кога е зима, под церада и така натаму.
Народот сеуште е во време на СФРЈ и уназад 30 години, сите тие луѓе што имаа деца, ги воспитуваа дека треба само да се учи за да не се работи, за да се седи во фотеља. И се чека исто како во СФРЈ, завршуваш средно и утредента одма на работа. Е тоа е главниот проблем, уназад 30 години се потценува занаетот, а се величи образованието. Не велам дека образование не треба, баш напротив треба за да биде што е можно народот поинтелигентен и поснаодлив, ама образование заедно со занаети да се искомбинира, да знаеш знаењето да го искористиш за бизнис, а не да стекнуваш знаење за да чекаш државата да те смести во канцеларија.
И батали више политика, знаеме како завршуваат дискусиите на форумов кога се отвора таа тема во која македонскиот народ е ''најголем експерт''.