Согласно најновиот изгласан закон во Бугарското Собрание во некаде втората половина на Јуни оваа година можеш да поднесеш барање за Бугарско државјанство доколку докажеш дека имаш Бугарско потекло до 4-то колено, значи: брат, сестра, вујко, чичко, братучед, дедо, баба итн. Можеш сам да си аплицираш во Бугарска амабасада кај нас во Скопје или да одиш во Софија или пак да аплицираш преку посредник. Доколку не го владееш Бугарскиот јазик те советувам да си аплицираш преку посредник. Му даваш полномоштво и он си ја брка работата, ти треба само два пати да се појавиш на местото на злочинот, еднаш кога ќе ги поднесуваш документите за аплицирање и вториот пат доколку добиеш "Происход" т.е Уверение за државјанство па ќе ти закажат интервју за добивање на пасош каде меѓудругото ќе мора да се изјасниш дека си Б'лгарин. Нормално на посредникот му плаќаш одредена сума за услугата. Инаку штом ќе добиеш происход 90% работата е завршена, ти зкажуваат интервју во рок од 2-3 месеца од денот на добивање на Происходот и после интервјуто чекаш до максимум година дена за пасош. Процедурата сега е пократка од порано кога минимум се чекаше 2 години за пасош.
Јас почнав со посредник, дечко од Скопје, ама детево здрвил опаш и продолжив сам. Аплицирањето ми е преку Блгарската амбасада и пред дечково да здрви опаш целокупната докумнтација веќе беше поднесена (тој дел одеше преку него). Аплицирав лани во Јуни и ми рекоа за 4-5 месеци од аплицирањето да им се јавам да проверам дали имам добиено Происход. Се јавив во Ноември лани и ми рекоа дека треба да доставам дополнителни документи за докажување на Бугарско потекло, иако при аплицирањето им доставив копија од Бугарски пасош и Бугарска лична карта од брат ми кој веќе 5-6 години има Бугарски пасош. И сакав да се откажам кога разбрав во Јуни оваа година дека требало да го изгласаат тој нов закон што го спомнав на почетокот од постот. Им отидов во Амбасада и повторно им ги доставив истите документи од брат ми и сега во Септември треба да им се јавам да видам дали има излезено Происход за мене.
Иаку, мој најдобар другар кој исто така аплицираше преку Амбасада се откажа, бидејќи и него му бараа дополнителни документи и во Јуни преку друг посредник аплицираше директно во Софија и веќе Происходот му е излезен. Сега треба да оди на интервју. Како доказ кога повторно аплицираше во Јуни достави копија од пасош од Вујко му кој веќе има Бугарски пасош.
Велештрумф ако планираш да аплицираш само преку посредник друже. Целата процедура ќе те чини некаде 400-500 евра. Има во Паланка еден човек преку кого многу луѓе зеле пасоши. Од истиот тој разбрав за новиот закон и преку него другар ми аплицираше повторно. Има уште еден посредник од Кратово, Русе се вика. Можам и од двајцата да ти најдам контакт. Во Скопје, веднаш спроти влезот на Бугарската амбасада има фотокопирница, има една г-ѓа што работи, мислам дека е и сопственичка а може и грешам, не е битно, она исто посредува за Бугарско државјанство.
Ако те интересира уште нешто друго пиши.