Колку е казна ако возам кола со плин без А-тест и дали на некој ви имаат пишано таква казна? Доколку го имате и членот од законот добро би било да го цитирате
Еве што вели законот за возила:
Прекршок по член 54 ст 1 а казниво по член 54 ст 9 или 200 евра во превод. Како Миле што ти кажа, немој да бидеш душбег
, далеку поевтин е атестот отколку казната а таа не ти бега, порано или подоцна.
Член 54
Евидентирани промени на возилото(1) Сопственикот на возилото е должен да побара промените во возилото кои настанале по неговото одобрување, а не претставуваат преправки и поправки согласно со членот 19 на овој закон, да бидат евидентирани кај техничката служба, во рок од 15 дена од денот на извршената промена.(2) Промените од ставот (1) на овој член се однесуваат на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликуваат од основно вградените, а истите биле одобрени за вградување во конкретниот тип (варијанта, односно изведба) на возило, како што се:
- издувни системи,
- влечни уреди за возилата, чијашто најголема вкупна маса не поминува 3.500 кг, со исклучок на трактори,
- спојлери и
- светлосни тела и други.
(3) Вградувањето на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема од ставот (2) на овој член го врши правно или физичко лице што е регистрирано за одржување и поправка на возила, за што издава потврда за вградување.
(4) Вградувањето на уреди за погон на течен нафтен гас, на компримиран земен гас, или друг уред согласно со одредбите на овој закон врши правно или физичко лице кое добило овластување од Министерството за внатрешни работи.
(5) Овластувањето од ставот (4) на овој член се издава на правно или физичко лице кое поседува овластување од производителот на уредите или опремата што ја вградува, кое ги исполнува просторните, материјално-техничките, безбедносните услови, како и условите во однос на кадарот за вградување на уредите и дополнителната опрема на возилата.
(6) Ако овластеното лице за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, односно на компримиран земен гас, или друг уред и дополнителна опрема не ги извршува доверените работи во согласност со закон, или престане да ги исполнува условите од ставот (5) на овој член, министерот за внатрешни работи со решение ќе му забрани вршење на работите и ќе определи рок од 30 дена за отстранување на утврдените недостатоци.
(7) Ако овластеното лице не ги отстрани утврдените недостатоци од ставот (6) на овој член, министерот за внатрешни работи со решение ќе му го одземе овластувањето.
(8.) Решението од ставот (7) на овој член е конечно и против него може да се поведе управен спор пред надлежен суд.
(9) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возилото кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.(10) Глоба во износ од 800 до 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на возилото што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
(11) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10) на овој член.
(12) Глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото или правното лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (4) на овој член.