Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1690996 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7680 на: 17 Септември 2016, 13:55:47 pm »
Колку е казна ако возам кола со плин без А-тест и дали на некој ви имаат пишано таква казна? Доколку го имате и членот од законот добро би било да го цитирате :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7681 на: 17 Септември 2016, 14:01:07 pm »
Колку е казна ако возам кола со плин без А-тест и дали на некој ви имаат пишано таква казна? Доколку го имате и членот од законот добро би било да го цитирате :)

Нека ти ја проверат колата и извади си а-тест, немој да бидеш душбег (не велам дека си) и да загрозуваш нечија сопственост и безбедност. Казната треба да е максимална за поседување возило без а-тест.
« Последно менување: 18 Септември 2016, 02:07:00 am Џонтра »

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7682 на: 17 Септември 2016, 16:43:55 pm »
Колку е казна ако возам кола со плин без А-тест и дали на некој ви имаат пишано таква казна? Доколку го имате и членот од законот добро би било да го цитирате :)

Еве што вели законот за возила: Прекршок по член 54 ст 1 а казниво по член 54 ст 9 или 200 евра во превод. Како Миле што ти кажа, немој да бидеш душбег ;D, далеку поевтин е атестот отколку казната а таа не ти бега, порано или подоцна.

Член 54
Евидентирани промени на возилото


(1) Сопственикот на возилото е должен да побара промените во возилото кои настанале по неговото одобрување, а не претставуваат преправки и поправки согласно со членот 19 на овој закон, да бидат евидентирани кај техничката служба, во рок од 15 дена од денот на извршената промена.
(2) Промените од ставот (1) на овој член се однесуваат на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликуваат од основно вградените, а истите биле одобрени за вградување во конкретниот тип (варијанта, односно изведба) на возило, како што се:
- издувни системи,
- влечни уреди за возилата, чијашто најголема вкупна маса не поминува 3.500 кг, со исклучок на трактори,
- спојлери и
- светлосни тела и други.
(3) Вградувањето на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема од ставот (2) на овој член го врши правно или физичко лице што е регистрирано за одржување и поправка на возила, за што издава потврда за вградување.
(4) Вградувањето на уреди за погон на течен нафтен гас, на компримиран земен гас, или друг уред согласно со одредбите на овој закон врши правно или физичко лице кое добило овластување од Министерството за внатрешни работи.
(5) Овластувањето од ставот (4) на овој член се издава на правно или физичко лице кое поседува овластување од производителот на уредите или опремата што ја вградува, кое ги исполнува просторните, материјално-техничките, безбедносните услови, како и условите во однос на кадарот за вградување на уредите и дополнителната опрема на возилата.
(6) Ако овластеното лице за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, односно на компримиран земен гас, или друг уред и дополнителна опрема не ги извршува доверените работи во согласност со закон, или престане да ги исполнува условите од ставот (5) на овој член, министерот за внатрешни работи со решение ќе му забрани вршење на работите и ќе определи рок од 30 дена за отстранување на утврдените недостатоци.
(7) Ако овластеното лице не ги отстрани утврдените недостатоци од ставот (6) на овој член, министерот за внатрешни работи со решение ќе му го одземе овластувањето.
(8.) Решението од ставот (7) на овој член е конечно и против него може да се поведе управен спор пред надлежен суд.
(9) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на возилото кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
(10) Глоба во износ од 800 до 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице сопственик на возилото што постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
(11) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице кај правното лице за сторен прекршок од ставот (10) на овој член.
(12) Глоба во износ од 480 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичкото или правното лице што постапува спротивно на одредбите од ставот (4) на овој член.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2916
Одг:
« Одговори #7683 на: 21 Септември 2016, 09:05:58 am »
Некое дело за да застари,  треба да поминат 2 години од датумот на пишување на казната или од датумот на донесување на пресудата?

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20594
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7684 на: 21 Септември 2016, 10:30:46 am »
Мислам дека не се 2 години, од што и да е.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1759
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7685 на: 21 Септември 2016, 10:41:36 am »
Не сум сигурен но мислам дека беше 3 години според новиот закон за прекршоци, ако зборуваме за прекршоци. За кривични дела е друга приказна.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2916
Одг:
« Одговори #7686 на: 21 Септември 2016, 10:43:47 am »
Да за прекршок се работи, ама ме интересира од кога треба да поминат тие 3 години, дали од датумот на пишување на казната или од датумот на донесување пресуда?

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7687 на: 21 Септември 2016, 10:49:57 am »
Од пишување на казната

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9999
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7688 на: 21 Септември 2016, 11:19:13 am »
6 години е апсолутен рок, од денот на прекршокот.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2916
Одг:
« Одговори #7689 на: 21 Септември 2016, 11:49:02 am »
Фала на двајцата :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7691 на: 23 Ноември 2016, 18:22:30 pm »
Го изгледав вчера. Го извозеле ко експресен воз. Срамота.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20061
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7692 на: 23 Ноември 2016, 18:27:11 pm »
Прашањето е кој плаќа 2000 евра за половен дрон отпосле.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4966
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7693 на: 23 Ноември 2016, 19:01:43 pm »
Па добро, после првите три-четири пати се навикнува човек. На него му е прв пат.
 :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2552
  • Слобода или смрт
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7694 на: 23 Ноември 2016, 19:30:43 pm »
Па добро, после првите три-четири пати се навикнува човек. На него му е прв пат.
 :D
Американциве на царина нас редовно не пеглат. А тој е од посебната раса па ништо чудно и  да им се испонашал на цариниците како знаете ли вие дека јас сум Американец? Воопшто не му верувам дека е толку наивен како што се претставува.