Што може да се случи од оваа ситуација?
Возам по булевар со две ленти од страна на влезот од Прилеп од кај Плетвар. Пред мене во левата лента има споро возило и никако не се трга десно. Бидејќи пред мене многу истото го направија го поминав од десно во спората лента. Дефинтивно не возев побрзо од 50 колку што е дозволено тука. Носев појас се по ред.
Да ти имало тука скриени џандари во темницата по мене и со ротација ме запираат иако пред мене едно 5 возила го поминаа овој од десно, на спората лента и возеа видливо побрзо од мене.
ОК дај дозвола, возачка и книшка му давам се ОК. Ајде да дуваш се соменваа дека сум пијан испадна 0,00. Се во гепек ми прегледаа ништо не фалеше и некако добив впечаток дека бараат само маана да пишат казна.
И сеа ОК казна 300 евра неправилно претекнување па и забрана можи послем да имаш...ова она. Влегоа таму во јетито со документите мој и бааги време се задржаа и си реков ебате среќата моја, ојдоа 20 000.
И сеа излегуваат викаат ајде немаш нешто пред ова прв пат ти е, ова, она ќе те пуштиме со опомена сега ама внимавај за друг пат.
Сепак некако ме јаде јанза дека пак ќе ми стигне некоја казна на домашна адреса или па скраја да е забрана нешто. Можно ли е ова? Бааѓи се задржаа внатре во јетито, а дефинтивно запишаа нешто. Гледаа низ една книга како со закони да беше, ваљда бараа нешто да ме казнат и сл.