Прееска возам од Влае накај Центар. Кај Сити Мол позади мене џандар во Спаркче ми пушта ротација и ми вика да застанам на десна страна. Застанувам после автобуската.
Џ: Добар ден, сообраќајна и возачка.
З: Добар ден, повелете.
Џ: Помина на црвено.
З: Господине, сигурен сум дека не сум поминал на црвено.
Џ: Помина на црвено, пред мене.
З: Господине, не сум поминал на црвено.
Џ: Излези од кола те молам.
З: (Излегувам, застануваме на тротоар). Не сум поминал на црвено.
Џ: Пред мене беше, сите стоевме на семафор, ти помина на црвено.
З: Сигурен сум дека не сум поминал на црвено.
Џ: Во средна лента беше, помина на црвено.
З: (Тука контам дека нешто не е во ред). На двата семафори на кои поминав бев во скроз десна лента. Лево од мене на двата семафори стоеше црн Тојота Ленд Крузер.
Џ: Од каде се вклучи на Партизанска?
З: Од Влае, од Франц Прешерн.
Џ: Ааа, грешка, друг бил тогаш. Пријатно.
Мене, вилицата на земја. Да не се убедувавме 5-6 минути, сигурно ќе ми ја пишеше казната и сигурно ќе останев без возачка.