Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1822195 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5715 на: 10 Јануари 2015, 22:11:08 pm »
Па ако немал алкохол во крвта можеби и ќе му прогледале низ прсти. Океј е да прогледаш и да простиш еден прекршок. Но да прогледаш низ два прекршока? Е тогаш е грубо кршење.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5716 на: 11 Јануари 2015, 00:11:55 am »
тоа и јас сакав да го кажам, требал барем да не пие, ќе прошол многу лесно ко јас на пример, тогаш ќе го замолел и ќе го пуштел без казна или некоја минимална, грешката е што пиел, не дека е нешто многу пиено, али сепак два прекршоца се тука
No turbo, no fun :)

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5717 на: 11 Јануари 2015, 01:46:25 am »
И јас сум за најстрога казна кога станува збор за алкохол, не викам не, ако е толкава казната, значи ок си е законот, односно ти дозволува да се напиеш околу 2 пива со мезе, за да биде до 0.5 промили... Значи можеше да ми прогледа низ прсти, ама се гледа дека не сакаше... Ме прашаа дали имам пиено, јас кажав да, имам испиено 1 чаша вино, што испадна точно, значи фала богу од моја страна сум си фер и искрен... Полицаецот да го ценеше тоа (а ми се има десено, во различна ситуација) , ќе ме пуштеше со некоја минимална казна и со тоа ќе направеше добар гест, кој јас многу ќе го ценам и немаше да ми текне да возам више помеѓу 11 и 5 додека ми е забраната... Ама ете не испадна така и тоа е тоа...

Да, има. Баш така. Поголема глупост од тоа нема. Уште 10 дена да има и да не можеш да почекаш? Море 10 години јас не би дозволил возење.
Спенсер, и ти дете си, уште не си научил дисциплина во животот. Сите вие сте навикнати да ви се простува. Абе ко ќе се научите да преземате одговорност тогаш ќе ви се простува.

За разлика од вас постарите- дете сум. Ама за разлика од поголемиот број мои врсници мислам дека сум посериозен и многу посовесен/подисциплиниран (општо :P а и кога станува збор за сообраќајна култура и однесување).   И јас сум ЗА, строго да се казнуваат- ама оние што навистина треба да се казнат.  

И добро, секој со свое размислување и поента. :)  

Спенсер, делиме исто мислење...  ;) А ич не ми е гајле што другите мислат дека сум дете, нека мислат што сакаат...

И јас сум ЗА, строго да се казнуваат- ама оние што навистина треба да се казнат.  

Кој е тој судија што ќе каже овој сериозен е не го казнувај а овој е несериозен казни го?
Затоа, за секој случај, сите казни ги :D
Оној што не бил 6 месеци казнет да плати 300 евра глоба.

Џонтра да не ти ги цитирам постовите, иначе фала ти за убавите зборови... Помал сум па бидејќи имам почит кон постарите нема да искоментирам ништо...  ;)
« Последно менување: 11 Јануари 2015, 02:01:57 am Mario_306 »
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Присутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5718 на: 11 Јануари 2015, 02:47:07 am »
А забранава сега е 2 години и за тие што положиле на 18? Знам се зборуваше во некоја тема за тоа...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5719 на: 11 Јануари 2015, 02:50:13 am »
Не е битно кога си положил 2 години е, го сменија.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5720 на: 11 Јануари 2015, 02:55:54 am »
Razlikata e vo toa sto tie na 18-19 ili 20 godini polozile, trebase 2 uslova da ispolnat, i 21 god da imaat i 2 god vozacka. Sega samo 2 god se potrebni da imas vozacka od denot na izdavanjeto, a ne od koga si polozil.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5721 на: 11 Јануари 2015, 04:49:41 am »
А од кај знаат кога ти е издадена кога на возачката пишува кога си положил? Или сменето е?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5722 на: 11 Јануари 2015, 07:49:23 am »
Пишува од напред кога е издадена, тоа 4a.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5723 на: 11 Јануари 2015, 09:28:23 am »
Добро бе бранители на законов со 2 години искуство, како може времето (без активност) да биде мерило за искуство? Две другарки имам кои откако положија (пред 4-5 години) имаат поминато вкупно 20 километри. Дали тие се веќе искусни во возењето, бидејќи законот вика дека тие веќе одамна го стекнале искуството?

Не бидете смешни, законов е катастрофа, ама од мука го почитував додека да ги наполнам тие 2 години. :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5724 на: 11 Јануари 2015, 09:50:33 am »
Така си е тоа, го делам истото мислење со тебе. За жените се знае, дали 15% од нив возат активно што се од 18-30 години. Ама и мажи има такви,  некој и пред да положи извозил илјадници км на диво, некој положил и возачката фаќа прашина и после 3 години имал искуство. Жими јашара. Од друга страна пак не ги разбирам тие што полагаат а не возат, не полагај ако не возиш, положи на пример за лиценца за обезбедување со тие пари и работи. Како еден мој комшија, вика не возам што ќе полагам, парите ги вложив за тоа. Кога ќе возам ќе си положам и ќе си стекнам искуство со возење а не со стаж на возачката.
« Последно менување: 11 Јануари 2015, 09:58:36 am Allexxander »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5725 на: 11 Јануари 2015, 10:09:58 am »
Александар, секој треба да знае да вози и да има положено за возачка. Јас не признавам возрасен без возачка дозвола. Е сеа, тој што не го бива да вози нема да вози, но во крајност мора да има возачка.
На пример сестра ми положи од прва, без никаков проблем и вози одлично. Ама ете, нема возено 7-8 години. Во принцип и не и треба бидејќи користи метро, но и беше услов за вработување и благодарение на тоа ја доби работата и сега вози повремено. Некогаш ќе мораш да возиш сакај-нејќел

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5726 на: 11 Јануари 2015, 10:22:10 am »
Мора да постои некој критериум за да се одвојат возачи-почетници од искусни возачи.
Наједноставен критериум е да биде години возачко искуство. Не може километражник во г`с да им стаат на возачите на секое седнување во кола, така да не може друг критериум да се воведе.
Воведувањето на категорија возач-почетник е за оние кои интензивно возат, во тие 2 години стекнат доволно искуство за нормално однесување во сообраќајот кога ќе се стекнат со нормалната возачка.
Оние кои не возат интензивно во првите две години, кој ги е*е, и онака не се проблем во сообраќајот, затоа што нивното учество е минимално. :)

Од работите што би ми пречеле во категоријата „возач почетник“ би ми пречело само возењето навечер. Другото се` би го оставил како што е, и на автопат до 110, и 0% алкохол и незнам што уште има..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5727 на: 11 Јануари 2015, 11:37:35 am »
Мора да постои некој критериум за да се одвојат возачи-почетници од искусни возачи.
Наједноставен критериум е да биде години возачко искуство. Не може километражник во г`с да им стаат на возачите на секое седнување во кола, така да не може друг критериум да се воведе.
Воведувањето на категорија возач-почетник е за оние кои интензивно возат, во тие 2 години стекнат доволно искуство за нормално однесување во сообраќајот кога ќе се стекнат со нормалната возачка.
Оние кои не возат интензивно во првите две години, кој ги е*е, и онака не се проблем во сообраќајот, затоа што нивното учество е минимално. :)

Од работите што би ми пречеле во категоријата „возач почетник“ би ми пречело само возењето навечер. Другото се` би го оставил како што е, и на автопат до 110, и 0% алкохол и незнам што уште има..

Симо , а што правиме кога ќе почнат да возат интензивно , а уште се дудуци ? пак нема да претставуваат проблем ?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5728 на: 11 Јануари 2015, 12:29:46 pm »
Александар, секој треба да знае да вози и да има положено за возачка. Јас не признавам возрасен без возачка дозвола. Е сеа, тој што не го бива да вози нема да вози, но во крајност мора да има возачка.
На пример сестра ми положи од прва, без никаков проблем и вози одлично. Ама ете, нема возено 7-8 години. Во принцип и не и треба бидејќи користи метро, но и беше услов за вработување и благодарение на тоа ја доби работата и сега вози повремено. Некогаш ќе мораш да возиш сакај-нејќел
Точно и ја се сложувам дека секој мора да има возачка, кога тогаш ќе ти треба но во моментот ако немаш кола или немаш желба за возење, не ја зимај само онака возачката. Нејсе немам ништо против нека полагаат сите. Поентата ми е повеќе за законот, дека нема баш логика тоа временско искуство кое не е стекнато со возење туку со стаж на возачка... И коа ќе го прашаш некој абе не возиш имаш возачка? Ееехеј ќе ти рече од 2007ма а тој сиротиот нема поминато 200 км... Нема грам искуство. А законски по глупиов закон тој има 8 години искуство со 3пати седнување у кола... Секоја чест и за девојчињата што возат активно, пошто јас од тие шо ги знам само 2 возат, другите само положиле и така колку да се рече. А другото што е до 21 година има некако логика, пошто медицински гледано тогаш мозокот е комплетно развиен, односно стравот, размислувањето, чувството за последица, најверојатно поради тоа е законот така.  Иако има луѓе кои се сеуште деца без размислување на тие години :) Како и да е, не е убаво склопен законов некако, не сум правник не би знаел што да предложам но мора некако да се измени. Мене одамна не ме засега тој закон, али го почитував од што морав, од страв да не јадам казна, возев некогаш и ноќе не дека не ама генерално го почитував.  Ако ме прашаш и мене исто и јас ќе ти кажам дека не признавам возрасен човек, поготово маж што неќе да полага, има кола има се неќе да вози, не можам да го разберам ама ич.
« Последно менување: 11 Јануари 2015, 12:43:45 pm Allexxander »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5729 на: 11 Јануари 2015, 13:01:15 pm »
Цитат
И јас сум за најстрога казна кога станува збор за алкохол, не викам не, ако е толкава казната, значи ок си е законот, односно ти дозволува да се напиеш околу 2 пива со мезе, за да биде до 0.5 промили... Значи можеше да ми прогледа низ прсти, ама се гледа дека не сакаше.
Пошо си возач почетник за тебе е 0 промиљи дозволено и за алкохол не простуваат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D