Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1822442 пати)

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5700 на: 10 Јануари 2015, 19:44:52 pm »
памет за друг пат

Баш од таа причина довро е што воведоа таков закон. Деца без памет да не смеат да возат ноќе и да не смеат да пијат алкохол.
Ѓаволот не ти е крив. Самиот си крив и криво ќе ми биде ако поминеш само со 200 евра казна. Јас да сум закон уште 5 години нема да ти дозволам кола да возиш, за да не се случи она „памет за друг пат“. Зошто ако немаш памет треба дома да си седиш, а не да управуваш со возило. Ја-з’к.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5701 на: 10 Јануари 2015, 19:49:04 pm »
Абе тоа е, како што викаат ѓаволот ни ора ни копа... Јас пробав како да преговарам, да молам нешто ова она, ама џабе, башка незгодно време за да вртиш да бараш врски... Тоа му е, јас да сум здрав и жив, памет за друг пат, се е ова искуство ама кај мене богами сите искуства се скапо платени...

Си требал, да настапиш „оо, уште нема 5 саат?, туу, сум подранил еден саат...“ :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29607
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5702 на: 10 Јануари 2015, 20:04:44 pm »
памет за друг пат

Баш од таа причина довро е што воведоа таков закон. Деца без памет да не смеат да возат ноќе и да не смеат да пијат алкохол.
Ѓаволот не ти е крив. Самиот си крив и криво ќе ми биде ако поминеш само со 200 евра казна. Јас да сум закон уште 5 години нема да ти дозволам кола да возиш, за да не се случи она „памет за друг пат“. Зошто ако немаш памет треба дома да си седиш, а не да управуваш со возило. Ја-з’к.

Фалангич, никад, ама никад у живот не си направил никаков сообраќаен прекршок? Кога си бил помлад, на 18-19-20 години, кога си земал возачка, ни еднаш не си направил некаква глупост?

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5703 на: 10 Јануари 2015, 20:07:23 pm »
По некој ситен прекршок сум правел, многу ретко, но никогаш не сум направил глупост како на пример да возам под дејство на алкохол и свесно да кршам закон, односно прекршок кој кошта 400 евра.
Башка јас возев олд-тајмер од 45 коњски сили а не ко вас дечишта денес што возите турбо-дизели :P

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5704 на: 10 Јануари 2015, 20:22:05 pm »
памет за друг пат

Баш од таа причина довро е што воведоа таков закон. Деца без памет да не смеат да возат ноќе и да не смеат да пијат алкохол.
Ѓаволот не ти е крив. Самиот си крив и криво ќе ми биде ако поминеш само со 200 евра казна. Јас да сум закон уште 5 години нема да ти дозволам кола да возиш, за да не се случи она „памет за друг пат“. Зошто ако немаш памет треба дома да си седиш, а не да управуваш со возило. Ја-з’к.

Не драматизирај толку, стварно нема потреба. Побитно е да се средат буџованите што се понашаат као шерифи на дивиот запад, отколку некој како Марио што си одел дома во 04:00 кога на патиштата има 10% од колите што ги има преку ден, со испиено едно пивце. Ок, имал 0.25 промили (дозволено 0.50 е за регуларните возачи). Си признава, ќе си плати. Ама нема потреба стварно од таков твој коментар.

Исто како да украдам од продавница ЕДНА орбит, а некој да ограби банка со милиони евра- и ти да ми мрчиш мене ? Не бива шефе, не бива. :)

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5705 на: 10 Јануари 2015, 20:25:30 pm »
Бива и има потреба. Дисциплина си е дисциплина.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5706 на: 10 Јануари 2015, 20:28:20 pm »
Не нема. Во  конкретниов случај- воопшто нема потреба. 10 дена до истек на 2 годишно искуство, во 04:00 на празни улици ?  Пф. :D

Немој да го глумиш ФилипВ те молам ;D :D


Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5707 на: 10 Јануари 2015, 20:35:03 pm »
Да, има. Баш така. Поголема глупост од тоа нема. Уште 10 дена да има и да не можеш да почекаш? Море 10 години јас не би дозволил возење.
Спенсер, и ти дете си, уште не си научил дисциплина во животот. Сите вие сте навикнати да ви се простува. Абе ко ќе се научите да преземате одговорност тогаш ќе ви се простува.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5708 на: 10 Јануари 2015, 20:46:08 pm »
и мене ме фатија на 7 дена до истек на 2 години од возачка, и тоа пред гаража...

моли коли, не ме пишаа :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5709 на: 10 Јануари 2015, 20:54:40 pm »
И мене ме фатија еднаш па сеа се сообраќајци у Охрит.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5710 на: 10 Јануари 2015, 21:05:02 pm »
Да, има. Баш така. Поголема глупост од тоа нема. Уште 10 дена да има и да не можеш да почекаш? Море 10 години јас не би дозволил возење.
Спенсер, и ти дете си, уште не си научил дисциплина во животот. Сите вие сте навикнати да ви се простува. Абе ко ќе се научите да преземате одговорност тогаш ќе ви се простува.

За разлика од вас постарите- дете сум. Ама за разлика од поголемиот број мои врсници мислам дека сум посериозен и многу посовесен/подисциплиниран (општо :P а и кога станува збор за сообраќајна култура и однесување).   И јас сум ЗА, строго да се казнуваат- ама оние што навистина треба да се казнат. 

И добро, секој со свое размислување и поента. :) 

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5711 на: 10 Јануари 2015, 21:37:02 pm »
И јас сум ЗА, строго да се казнуваат- ама оние што навистина треба да се казнат. 

Кој е тој судија што ќе каже овој сериозен е не го казнувај а овој е несериозен казни го?
Затоа, за секој случај, сите казни ги :D
Оној што не бил 6 месеци казнет да плати 300 евра глоба.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5712 на: 10 Јануари 2015, 21:45:24 pm »
Тој судија што ќе има МУДА да го казни богаташот со БМВ 7 што прелетува на ДЛАБОКО црвено со 150км/ч по Партизанска и тоа на раскрсница. Е тој судија.   Што јадам бурек џабе и јас не знам.  :D Одјава/

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5713 на: 10 Јануари 2015, 21:48:51 pm »
Ааааа ти на тоа ли си мислел?
Јас мислев за судија кој ќе суди ист прекршок, како она што велиш ти дете си бил ама си бил сериозно дете, а имало и несериозни деца.

Сакаш да кажеш дека кршење на законот каде почетник не смее да вози ноќе е мал прекршок а оној што вози 150 каде не треба е голем?
Па и јас се слагам со тоа. Тој со БМВ прави голем прекршок и загрозува безбедност во сообраќајот. Почетникот кој го крши законот за забрана за возење можеби не ја нарушува безбедноста во сообраќајот но со тоа покажува дека во иднина ќе крши други закони и ќе ја нарушува безбедноста, бидејќи нели, забрането му е но не го јебе законот 2%, односно е несериозен. Безбедноста во сообраќајот не толерира несериозни личности. Затоа се случуваат ситуации: памет за друг пат.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5714 на: 10 Јануари 2015, 22:03:32 pm »
Во ред е да се почитува, закон е закон и одредбите какви такви треба да се почитуваат. Но колку марио е подобар и посовесен возач ако возел во 5 часот тоа утро кога законски му е дозволено од 5 часот утрото сам да вози без придружба, отколку кога возел во 4 часот ?
Ете ке седел до 5 часот, веке ке се раздени, почнува на организмот да му се спие, можеби уште од 3 часот му се спие, срце му спие, ама ке чека 5 часот и тогаш чичко полицаец, аа 5 часот е, мали можеш сега да возиш, сега си безбеден и примерен возач, а во 4 часот не си.

Или друга ситуација во која ја лично бев засегнат од таа одредба додека бев возач почетник. Работно време во лисиче 22:30 ми завршуваше. Дома стигнував 22:45.
Работно време кога работев во Карпош ми беше 23 часот.
Разлика половина час, во едниот термин смеев да возам, во другиот не. Зошто сум поопасен половина час подоцна да возам ?
Значи уредно од работа идам дома, сум работел, сакам дома да стигнам, да јадам и да се опружам на кревет. Врзан со каиш додека возам, возам 50-60 км/ч 95% од времето, ни грам алкохол од мене, се вракам едноставно од работа, од место за кое сум заработувал за леб и во 23:10 часот да ме застане полиција, ти 400 евра казна, опасен прекршок правиш, а ни брзина сум прекорачил, нит сум пиел, нит од забава идам, нит без каиш сум возел, ни па мобилен сум користел да речеме ?

За алкохол прифакам, 0 толеранција, ок е, кого фатиш, а утврдиш дека е возач почетник и има алкохол во него, толеранцијата нека си остане 0 за него, ама зошто да не му дозволиш да вози ? Зошто да му забраниш на почетникот да вози ако ти го гледаш од далеку дека си вози нормално, не прекорачил брзина, се врзал со каишот, го тераш да дува, нема алкохол и зошто да го казниш ? Ајде марио имал алкохол, ама еве да речеме и дека немал.

Затоа таа одредба после 23 часот ја сметам како премногу глупа, затоа што има некој што се убива од возење, но ете ја почитува и не вози после 11, а друг 5 пати седнал во кола во рок од 2 години, и после истекот на тие 2 години, двајцата сме рамноправни во возењето.
Логика вришти.