Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1852716 пати)

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4275 на: 12 Февруари 2014, 18:54:35 pm »
Но од друга страна, пред 2 дена кај мене на улица пијан човек на некои 50тина години околу16-17h удри директно во кола што идела од спротивен правец, па ај што не можевме него да го извадиме од кола (не сакаше да излезе, а кога го легнавме во брзата помош пробуваше да стане и беше агресивен), сериозно го повреди и девојчето што управувала со другата кола (спомнаа нешто дека има скршена рака и повреда на кичмата). Да не треба да ги ограничиме и луѓето на негови години ради ваквите примери? Затоа постои алко-тест, па кој ќе го фатат пијам нека си плати.

Оваа дешавка што ја кажуваш, може најверојатно се однесува на една колешка на мајками од работа, она пред 2-3 дена доживеа сообракајка и тоа со кола што сега си ја купила пред нешто помалку од месец дена, поло мислам.
Таа е, Поло возеше некоја темна боја.
[/quote]

Ама сепак тоа си ти. Еве и јас не пијам алкохол веќе 3 години, капка не ставам во уста а не смеев да возам после 23h. А познавам и доста други млади луѓе слични на мене, некој не пие воопшто, некој само кога вози...

Браво за тебе, исклучок си! Па и тие твои неколку пријатели, алал да ви е.
Сега што всушност велиш, законите да се носат според исклучоците или според мнозинството.

Или сакаш да не убедиш дека мнозинството не пие алкохол?
[/quote]
Не сум исклучок, има повеќе како мене. Ете и тука се јавија уште такви. Можеби сме помалку од другите ама не сме исклучоци, не има доволно. И не треба законите да се носат според исклучоци, едноставно не треба да бидат селективни.
А дека мнозинството пие алкохол си во право, ама не е така само кај возачите почетници.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4276 на: 12 Февруари 2014, 19:09:28 pm »
И јас ич не пијам кога возам или пак ако планирам да пијам, гледам дали има опција да се преспие до сабајлето. Ако нема, си пијам сокче. :)

Оваа навика ми е од првиот ден со возачка и немам направено исклучок.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4277 на: 12 Февруари 2014, 19:10:05 pm »
Mногу нормално.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4278 на: 12 Февруари 2014, 19:14:34 pm »
А дека мнозинството пие алкохол си во право, ама не е така само кај возачите почетници.
Нема што да се спори цитираново.
Тоа што го пропушташ е: основата на целата рестрикција на основа возраст е дека е потребно искуство пред да станеш полноправен учесник во сообраќајот. Искуство, како шоферско (2год од земање на дозвола), така и животно (мин. 21г).

Од истов аспект, некој може да се жали и зошто се станува полнолетен на 18год. а не, на пример... на 12 години.
Сигурен сум дека ако сега прашаш некој 12годишен зошто не го оставаат сам да оди на летен одмор или да остане надвор до 5 наутро... ќе добиеш одговор налик на нешто во стилот на ова што го пишувате вие тука за рестрикцијата до 21.
Мan it up, ќе дојдат тие 21г побрзо одошто мислиш...

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4279 на: 12 Февруари 2014, 19:15:53 pm »
И да дополнам, не е за фалење некои што кажуваат тука "леле колку глупости имам правено како млад, пијани се тумбавме па еве за среќа жив сум". Епа од некои што ја немале вашата среќа (а ги правеле истите глупости), невино семејство останало без некој член поради нечија глупост.

Друго е возење брзо (ако си трезен) и го оправдувам секогаш каде што е логично, тогаш си свесен и можеш и подобро да реагираш и да процениш ситуација. Во пијанство таа можност најчесто ја немаш и за возење во рамки на дозволеното.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4280 на: 12 Февруари 2014, 19:22:23 pm »
Таман работа ако е за фалење кога некој кажува колку бил глуп. Напротив.
Равенките се отприлика вакви (за повеќето луѓе), пијан=глуп но млад+пијан=многу поглуп

Тоа пак со барањето логика во брзо возење (над лимит)... тоа има логика само пошто имаме полиција која не си ја работи работата. Во спротивно сега ќе правевме муабет дали има логика постојано да плаќаш казни за брзо возење.  :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1916
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4281 на: 12 Февруари 2014, 19:22:35 pm »
Јас од пиење не кратам. Од возење секако, ќе се снајдам - опција пешки е секогаш тука.  :D

Отсутен Мартин_91

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4282 на: 12 Февруари 2014, 19:26:36 pm »
А дека мнозинството пие алкохол си во право, ама не е така само кај возачите почетници.
Нема што да се спори цитираново.
Тоа што го пропушташ е: основата на целата рестрикција на основа возраст е дека е потребно искуство пред да станеш полноправен учесник во сообраќајот. Искуство, како шоферско (2год од земање на дозвола), така и животно (мин. 21г).

Од истов аспект, некој може да се жали и зошто се станува полнолетен на 18год. а не, на пример... на 12 години.
Сигурен сум дека ако сега прашаш некој 12годишен зошто не го оставаат сам да оди на летен одмор или да остане надвор до 5 наутро... ќе добиеш одговор налик на нешто во стилот на ова што го пишувате вие тука за рестрикцијата до 21.
Мan it up, ќе дојдат тие 21г побрзо одошто мислиш...
Дојдени се тие 21г. и поминати се. Поминато е и тоа 2 годишно искуство, едноставно законов ми нема логика. Зошто е земем баш тој период од денот? Зошто баш 21 година? Едноставно за пијани луѓе постои алко-тест. За тие што се глупираат со кола има полиција на секој чекор, доста често и со радари. Проблем е селективноста при казнувањето, не е незрелоста на новите возачи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4283 на: 12 Февруари 2014, 19:30:41 pm »
Oд истите причини заради кои полнолетство почнува на 18, а не на 17. И од истите причини зошто кафичите работат до 24ч, а не до 23ч. Арбитрарна е одлуката.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4284 на: 12 Февруари 2014, 19:35:10 pm »
Таман работа ако е за фалење кога некој кажува колку бил глуп. Напротив.
Равенките се отприлика вакви (за повеќето луѓе), пијан=глуп но млад+пијан=многу поглуп

Тоа пак со барањето логика во брзо возење (над лимит)... тоа има логика само пошто имаме полиција која не си ја работи работата. Во спротивно сега ќе правевме муабет дали има логика постојано да плаќаш казни за брзо возење.  :)

Полицијата нека си ја брка работата на начин на кој ќе придонесат кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, арно ама не им е тоа целта, целта им е само да казнуваат. НОНСТОП да има контрола кај Мавровка, контроли кај Битпазар за трчање преку жардињери, контроли на хиљаду други места кои се критични за нормално одвивање на сообраќајот и се знаат причините за застој (причина за застој не е брзо возење). Нека казнуваат алкохолизирани, поминување на црвено, споро возење. А не како што кажа Банзаи, застанале кај знак 40 да те измерат како возиш 55. Глупости живи.

За полесно разбирање на логиката, ќе го кажам следново:

Зошто на Аутобан (пат кој не е нешто ултра посебен ниту поразличен од автопатите во другите земји, па дури и полош од некои автопати) е дозволено да се вози колку сакаш? Значи во таа глупа екипа, се нашле некои паметни и рекле "Дај бе да не го ограничуваме патов, нека си вози народ како си сака" и ете си функционира како таков многу години.

Сигурен сум дека има помалку сообраќајки од нашиве патишта кои се преограничени. 40 in the middle of nowhere? Као вие ги поштувате тие знаци? И Филип а.к.а  Дева Марија дебело ги прекорачува иако можеби не е свесен на тоа. Муабетов е правен 2000 пати, ама кога некој се запнал за нешто, неможеш да му докажеш. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4285 на: 12 Февруари 2014, 19:36:02 pm »
Дојдени се тие 21г. и поминати се. Поминато е и тоа 2 годишно искуство, едноставно законов ми нема логика. Зошто е земем баш тој период од денот? Зошто баш 21 година? Едноставно за пијани луѓе постои алко-тест. За тие што се глупираат со кола има полиција на секој чекор, доста често и со радари. Проблем е селективноста при казнувањето, не е незрелоста на новите возачи.

Зошто баш 18 години за полнолетсво?
Претпоставувам исто е и со ова со 21год за возење навечер. Ваљда морале да одберат некоја возраст каде повеќето луѓе почнуваат да бидат релативно зрели и стабилни. Да, има некои се зрели и стабилни и на 15години. Да, има и такви што цел живот не им успева тоа.
Но, истите правила мора да важат за сите, и затоа се ставаат фиксни граници иако тоа не е секогаш и во сите случаи фер.

Затоа е добро што има вакви регулативи, зошто во случајот на повеќето луѓе границата за возраст е добро одбрана. Не можам подобро да го објаснам ова. Всушност изгледа како што стојат работите, јас не можам толку добро да ги објаснам работите -колку што ти не сакаш да се помириш со нив.  ;)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1916
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4286 на: 12 Февруари 2014, 19:39:43 pm »
Ќе има ефект кога ќе се казнува секој ебан човек во Македонијава безразлика од која партија е, на која функција е, кои се неговите познаници и слично. Ќе има ефект кога ќе постои нешто како домашно воспитување, нешто што се многу ретко се среќава денес. Ќе има ефект кога ќе постои толеранција во сообраќајот и секако свесност на учесниците во сообраќајот за ризикот кој се презема со возење на моторно возило.

Тогаш доколку се намали бројот на сообраќајни несреќи, посебно тие во кои учествуваат млади лица од 18-21 година, јас лично максимално ќе го поддржам.

Ете тука е проблемот со законите. И со овој и со сите слични. Што се носат само за пари во буџет, а не за градење свест и култура кај населението.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4287 на: 12 Февруари 2014, 19:51:40 pm »
Полицијата нека си ја брка работата на начин на кој ќе придонесат кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, арно ама не им е тоа целта, целта им е само да казнуваат. НОНСТОП да има контрола кај Мавровка, контроли кај Битпазар за трчање преку жардињери, контроли на хиљаду други места кои се критични за нормално одвивање на сообраќајот и се знаат причините за застој (причина за застој не е брзо возење). Нека казнуваат алкохолизирани, поминување на црвено, споро возење. А не како што кажа Банзаи, застанале кај знак 40 да те измерат како возиш 55. Глупости живи.

Сигурен сум дека има помалку сообраќајки од нашиве патишта кои се преограничени. 40 in the middle of nowhere?
Таму во middle of nowhere, ставиле ограничување на 40км/ч затоа што е населено место. Да, направиле глупо и мрзливо решение. Не требало да дозволат да се направат куќи окулу прометен регионален пат, или не требало да го направат патот да поминува баш таму ако веќе имало село на локацијата.
Како и да е, грешките се направени и огранчување мора да има. Пошто нели, подобро е да успориш на 40 одколку да згазиш некое недквакано детуле.

А за во Скопје, мајката му е само систем за автоматско регистрирање прекршоци и казнување. Ништо друго. Од полицијава гледаме колку корист има.


За полесно разбирање на логиката, ќе го кажам следново:

Зошто на Аутобан (пат кој не е нешто ултра посебен ниту поразличен од автопатите во другите земји, па дури и полош од некои автопати) е дозволено да се вози колку сакаш? Значи во таа глупа екипа, се нашле некои паметни и рекле "Дај бе да не го ограничуваме патов, нека си вози народ како си сака" и ете си функционира како таков многу години.
Си возел на германски автопат?
Пази не им се сите патишта без ограничување, напротив... само мал дел. А дека се полоши од „некои автопати„ е тука не знам што сакаш да кажеш. Одлични им се автопатиштата.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4288 на: 12 Февруари 2014, 20:04:40 pm »
А извини молим те за населеново место. ;D ;D ;D




Си возел на германски автопат?
Пази не им се сите патишта без ограничување, напротив... само мал дел. А дека се полоши од „некои автопати„ е тука не знам што сакаш да кажеш. Одлични им се автопатиштата.

Реков на Аутобан, не им се сите патишта аутобани. Знам дека е мал дел, ама сепак постои и е генијално решение.
Пошто не сум возел, си гледам клипови. Баш на еден јапонски (ме мрзи да го барам) EVO 9 возеа на аутобан во Германија и баш спомнаа дека патот на некои места е малку бампи, далеку од лош, ама има подобри НОВИ автопати кои се со ограничување 100-120 во соседството.

Брзо гуглање:

Autobahn


Croatia Highway

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #4289 на: 12 Февруари 2014, 20:07:42 pm »
Таман работа ако е за фалење кога некој кажува колку бил глуп. Напротив.
Равенките се отприлика вакви (за повеќето луѓе), пијан=глуп но млад+пијан=многу поглуп

Тоа пак со барањето логика во брзо возење (над лимит)... тоа има логика само пошто имаме полиција која не си ја работи работата. Во спротивно сега ќе правевме муабет дали има логика постојано да плаќаш казни за брзо возење.  :)

Полицијата нека си ја брка работата на начин на кој ќе придонесат кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, арно ама не им е тоа целта, целта им е само да казнуваат. НОНСТОП да има контрола кај Мавровка, контроли кај Битпазар за трчање преку жардињери, контроли на хиљаду други места кои се критични за нормално одвивање на сообраќајот и се знаат причините за застој (причина за застој не е брзо возење). Нека казнуваат алкохолизирани, поминување на црвено, споро возење. А не како што кажа Банзаи, застанале кај знак 40 да те измерат како возиш 55. Глупости живи.

За полесно разбирање на логиката, ќе го кажам следново:

Зошто на Аутобан (пат кој не е нешто ултра посебен ниту поразличен од автопатите во другите земји, па дури и полош од некои автопати) е дозволено да се вози колку сакаш? Значи во таа глупа екипа, се нашле некои паметни и рекле "Дај бе да не го ограничуваме патов, нека си вози народ како си сака" и ете си функционира како таков многу години.

Сигурен сум дека има помалку сообраќајки од нашиве патишта кои се преограничени. 40 in the middle of nowhere? Као вие ги поштувате тие знаци? И Филип а.к.а  Дева Марија дебело ги прекорачува иако можеби не е свесен на тоа. Муабетов е правен 2000 пати, ама кога некој се запнал за нешто, неможеш да му докажеш. :)
И покрај тоа што е дозволено да се вози колку сакаш, луѓето си возат онолку колку што сметаат дека е во ред. Исто како и на сите други патишта што прави просечниот човек кој рационално размислува.

Parameters   Year
(for light vehicles)   1982                                     1987                     1992
Average speed             112.3 km/h (70 mph)         117.2 km/h (73 mph)   120.4 km/h (75 mph)
85th percentile speed     139.2 km/h (86 mph)         145.1 km/h (90 mph)   148.2 km/h (92 mph)
Percentage exceeding 130 km/h   25.0%           31.3%                    35.9%
http://www.umweltbundesamt.de/sites/default/files/medien/publikation/long/3136.pdf

Гледаш како прогресивно луѓето си возат по малку побрзо. Просечната брзина на движење се зголемува по 3-4кмч секои пет години. И тоа е највеќе диктирано од камионите кои се спори, ако земеме средна вредносто од 85% од возачите тогаш просечна брзина на аутобан е 148кмч во 1992ра година. И прогресивно си расте по 4-5кмч на секои 5 години. Значи луѓето не возат којзнае колку брзо, туку онолку колку што сметаат дека е во ред. А тоа по се изгледа дека било околу 150кмч пред 20 и кусур години. Да видиме како се движи брзината после 22 години?
« Последно менување: 13 Февруари 2014, 10:02:08 am Deni »