Таман работа ако е за фалење кога некој кажува колку бил глуп. Напротив.
Равенките се отприлика вакви (за повеќето луѓе), пијан=глуп но млад+пијан=многу поглуп
Тоа пак со барањето логика во брзо возење (над лимит)... тоа има логика само пошто имаме полиција која не си ја работи работата. Во спротивно сега ќе правевме муабет дали има логика постојано да плаќаш казни за брзо возење.
Полицијата нека си ја брка работата на начин на кој ќе придонесат кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, арно ама не им е тоа целта, целта им е само да казнуваат. НОНСТОП да има контрола кај Мавровка, контроли кај Битпазар за трчање преку жардињери, контроли на хиљаду други места кои се критични за нормално одвивање на сообраќајот и се знаат причините за застој (причина за застој не е брзо возење). Нека казнуваат алкохолизирани, поминување на црвено, споро возење. А не како што кажа Банзаи, застанале кај знак 40 да те измерат како возиш 55. Глупости живи.
За полесно разбирање на логиката, ќе го кажам следново:
Зошто на Аутобан (пат кој не е нешто ултра посебен ниту поразличен од автопатите во другите земји, па дури и полош од некои автопати) е дозволено да се вози колку сакаш? Значи во таа глупа екипа, се нашле некои паметни и рекле "Дај бе да не го ограничуваме патов, нека си вози народ како си сака" и ете си функционира како таков многу години.
Сигурен сум дека има помалку сообраќајки од нашиве патишта кои се преограничени. 40 in the middle of nowhere? Као вие ги поштувате тие знаци? И Филип а.к.а Дева Марија дебело ги прекорачува иако можеби не е свесен на тоа. Муабетов е правен 2000 пати, ама кога некој се запнал за нешто, неможеш да му докажеш.