Не доволното влијание на овој закон, според мене, е само во нецелосна и лоша примена на истиот. Не се спроведува доволно законот.
Во врска спроведувањето на ЗБСП (така се вика скратено законот) мене највеќе ми пречи дека најчесто се казнува само колку да се казни и да се исполни некоја норма или да се напуни буџетот. А не да се влијае на безбедноста или почитувањето на правилата.
Прост пример е казнувањето во летниот период кај дискотекиве и редовните контроли и казни преку викенд на излез од парк. Тоа го оправдувам и подржувам, само така ќе се одвикнат повеќето да не возат пијани од диско накај дома. Но не ми е јасно која е сврхата на казнувањето ако ти лупне казна колку и да е и ти дозволи да продолжиш да си ја возиш колата до дома или кај и да возиш. Ако веќе превентивно казнуваш да не се случуваат срања, ем ќе ми ја земеш возачката тогаш, ем нема да дозволиш јас со повеќе алкохол во организмот од дозволеното возејќи да си отидам. Или ќе вози некој друг сопатник кој не е пијан или ќе ме паркираш, па да кршам глава и да се снаоѓам како ќе си отидам.
Ништо не си направил ако ме казниш, а јас на наредната раскрсница пројдам на црвено и не дај боже утепам некого или направам голема штета.
Или казнувањето колку да се казни, ќе те застане и ти бара за што да те казни. А во друг случај ако пројдеш покрај него со 200 низ град, или претрчаш на сред улица, или пројдеш на црвено, он ако не е стацниониран некаде да казнува, ич уво не го боли, си тера даље како ништо да не се случило.
Во белиот свет што би рекол бугар, луѓето имаат почит и страв од џандари, случајно да проаѓа и да те види како правиш прекршок ќе застане и ќе те казни или опомене, а не само кога ќе се скрие позади некоја грмушка на некое место каде што од пред 2 години стои знак 40 и не го тргнале, да ме казни дека возам 55 заради норма или не знам што.
На пример секој ден проаѓам кај градска и особено во вторник и петок пензионерите, а и остали, си проаѓаат на сред улица кај автобуската како пешачка зона да е. Џандари со Јети си проаѓаат, па дури и им застануваат да пројдат. На еден џандар застанат кај порта Македонија му викам дека секој ден, а и во тој момент позади него на 200 метри е хаос, он ми вика знам бе друже, цел живот така праат не може да ги одвикнеме. Му предложив бар 2 пати неделно некој џандар да седи и ги казнува партизаните кои си одат кај сакаат, овој само крева со раменици и ми вика да да во право си