Хах... Интересно... Копија од членовиве обавезно...
Член 143 и 144:
„(3) Возилата под придружба, водејќи сметка за безбедноста на другите
учесници во сообраќајот, имаат право на првенство на минување во однос на
сите други возила, освен во однос на возилата што се движат на крстосница на
која сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци што
ги дава униформиран полициски службеник.“
„(1) За возила на службата за брза помош, на противпожарната служба, на
Полицијата и на Армијата на Република Македонија, кога со посебни уреди
даваат светлосни и звучни знаци, не се применуваат одредбите на овој закон за
ограничување и начинот на менување на брзината (член 36 ставови (1) и (2) и
член 38 ставови (1), (2) и (3)), за забрана на престигнување и обиколување на
колона возила (член 51) и за забрана за пресекување на колона пешаци (член
130). Тие возила имаат право на првенство на минување во однос на сите други
возила (член 42), освен во однос на возилата под придружба (член 143) и
возилата што се движат низ крстосница на која сообраќајот е регулиран со
светлосни сообраќајни знаци или со знаци на униформиран полициски
службеник, под услов да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во
сообраќајот.“
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20bezbednost%20na%20soobrakaj%20na%20patista-neoficijalen%20precisten%20tekst%20okt.%202010.doc.pdf
абе вие возачки ги зимавте на распродажба или полагавте за нив? и македонски разбирате што пишува или не? читајте убаво во законот што вели и не си го тумачете по свое туку онака како што пишува тумачете.
со пуштени ротациони светла полиција, пожарна, брза помош и војска можат да те удрат и да си продолжат по патот без да застанат и ти ке бидеш крив иако на раскрсница тебе ти светело зелено а на него црвено...
возило под придружба е една работа... во таа категорија спаѓаат возила кои се придружувани од агенции за обезбедување...
а другите се возила кои имаат предност ако со светлосни и звучни сигнали те опоменуваат дека треба да застанеш...
веројатно за да го сватите овој закон ви треба да ги прочитате и членовите 36, 38, 42, 51 и 130. сите се врзани заедно меѓу себе... вака селективно ретко кој ја разбира реално проблематиката...