На автопат ме имаат избутано од лента, среќа имаше простор надвор од патот. Не знам што им стана, замалце ќе се извртев во песокот. А возев во контра лента. После ми кажаа као демек сум требало да закочам 
Не им станало ништо, тоа им е работа. Ако се плави-црвени светла, онда се придружба, и ДА, има право да те учука и да те убие, и ти ќе бидеш крив за тоа.
Член 143:„(1) Како возила под придружба во смисла на овој закон, се сметаат
возилата на кои им е доделена придружба од возила на Полицијата или од
воени лица на посебни моторни возила, снабдени со уреди за давање на
посебни звучни и светлосни знаци во сина и црвена боја, додека се даваат тие
знаци.
(2)
Возачот кој на пат ќе сретне возило или колона на возила под
придружба и возачот кој ќе биде престигнат од возило или колона возила под
придружба, е должен да го запре своето возило; ноќе наместо долгите светла
да употреби соборени светла за осветлување на патот; строго да се придржува
кон наредбите што му ги даваат лицата од придружбата и да го продолжи
движењето дури откако ќе поминат сите возила под придружба.“