Хах... Интересно... Копија од членовиве обавезно...
Член 143 и 144:
„(3) Возилата под придружба, водејќи сметка за безбедноста на другите
учесници во сообраќајот, имаат право на првенство на минување во однос на
сите други возила,
освен во однос на возилата што се движат на крстосница на
која сообраќајот е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци што
ги дава униформиран полициски службеник.“
„(1) За возила на службата за брза помош, на противпожарната служба, на
Полицијата и на Армијата на Република Македонија, кога со посебни уреди
даваат светлосни и звучни знаци, не се применуваат одредбите на овој закон за
ограничување и начинот на менување на брзината (член 36 ставови (1) и (2) и
член 38 ставови (1), (2) и (3)), за забрана на престигнување и обиколување на
колона возила (член 51) и за забрана за пресекување на колона пешаци (член
130). Тие возила имаат право на првенство на минување во однос на сите други
возила (член 42),
освен во однос на возилата под придружба (член 143) и
возилата што се движат низ крстосница на која сообраќајот е регулиран со
светлосни сообраќајни знаци или со знаци на униформиран полициски
службеник, под услов да не ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во
сообраќајот.“
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20bezbednost%20na%20soobrakaj%20na%20patista-neoficijalen%20precisten%20tekst%20okt.%202010.doc.pdf