За Британија сум апсолутно сигурен - ако имаш казнени поени на возачката, осигурувањето ти е поскапо пошто се рачунаш за ризичен возач. Осигурувањето го пресметуваат по некоја си формула која зема во предвид возраст на возачот, колку години има возачка, каков е автомобилот, колку коња е, кога си дома дали го паркираш на улица, во двор или во гаража, во кој дел од земјата живееш (осигурување во Лондон е 3х поскапо од осигурување во некое помало градче) итн.