Некаде на форумот читав дека повеке не е морално да се вклучени светлата преку ден. Денес ме пишаа за светла и за појас во градот. Досега знам само еден човек што го пишале за појас во град. Цајканот не ни беше собракаец туку од оние „пожарникарите“. Ме запиша во тефтер, немаше никаков записник и ми викаше дали сакам казнени поени или ке си ги платам казните. Страшно многу ме изнервира копилето со неговата ароганција што дојде до кавга, па почна да ми траже и други маани, имаш ли трокут, елече, ланци... Му побарав легитимација, пред него вртев за да средат работа со казните, па дури исфилував за неговото недолично однесување, како ми бара повеке маани и кога осети по муабетот дека татко ми е близок со началникот дојде докај мене и почна да ми кажува дека немало потреба да се нервирам до толку, па ме праша што ми е началникот и дека несакал да ме казни туку дека само ме опоменал и дека нема потреба да ја правиме голема, да сум си ги чувал џокерите кај началникот за некои други поголеми казни и дека тоа ми било само опомена. Скоро секогаш ми се вклучени светлата, дури навика ми е штом седнам во колата да ги вклучам, ама преска стварно заборавив и право ме пиша. Ме интересира дали е во право за што ме пиша за светлата и дали може да пишува казна во обичен тефтер?