2 случки, со моторче 50цц.
I случка:
Ме запира полицаец, Охрид спроти судот, за да ми даде флаерче со некоја нивна кампања за возење безбедно.
Викам фала, и викам: може да ве прашам нешто.
Полицаецот: Повелете, слободно прашајте.
Јас: Јас сум со моторче т.е. велосипед со мотор, дали имам обврска да носам запалени светла преку ден?
Полицаецот: Па види сега, можеш да ги чуваш запалени.
Јас: Знам дека можам, ама дали имам обврска?
Полицаецот: Па не ти смета ако ги имаш запалени.
Јас: Не е дали ми смета или не, ме интересира чисто информативно дали имам обврска да ги чувам запалени?
Полицаецот: Пааа, ааааа, како да ти кажам, незнам, не сум јас од тука, ме донесоа летово да помогнам во гужвава, од друг град сум.
Јас: Ок, фала, пријатно !?!?!?!?!
II случка:
Исто во Охрид. Возам со моторчето, давам лев жмигавец и полека кочам, а од спротивна страна иде џип, и речиси застанав во моментот кога се разминував со џипот. И џипот речиси застана кога се разминуваше со мене, беше полициски, и полицаецот ми вели: Изгаси го жмигавецот.
Јас му велам: Вртам лево, затоа ми е и уклучен!?!?
Полицаецот: Е ако де.
И си продолжија
))))