Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1777190 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13425 на: 13 Август 2024, 19:01:27 pm »
Јас на белата 145ка земав избришав се од црвени детали на старите таблици, тогаш таков филм ми беше во глава... ;D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13426 на: 19 Август 2024, 09:28:23 am »
Некој да го пастират законов за каџни за побрзо возење?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3665
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13427 на: 19 Август 2024, 09:40:08 am »
30+ вон населено место 45е, 50+ 400е
30+ во населено место 400е

Тие се битните што треба да се знаат.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 370
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13428 на: 19 Август 2024, 10:20:00 am »
Некој да го пастират законов за каџни за побрзо возење?

Во населено место:

до 10+, 10 евра казна,
од 11 до 29+, 45 евра казна,
од 30 до 49+, 300 евра казна и 3 до 6 месеци одземање возачка,
50+, 400 евра казна и 6 до 12 месеци одземање возачка.

Надвор од населено место:

до 30+, 20 евра казна
од 31 до 49+, 45 евра казна
од 50 до 69+, 300 евра казна и 3 до 6 месеци одземање возачка
70+, 400 евра казна и 6 до 12 месеци одземање возачка

За подетално, член 35 и 36 од ЗБСП.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13429 на: 19 Август 2024, 10:25:08 am »
Вчера беше уловено гастарбајтерче (20-22) со 120 на радар, на место каде е дозволено 50 (низ град). Типов ми блендираше да се тргнам при што забрзав до 80 и не го пуштив. Ме помина мене и уште 3 коли на полна линија со 120.

Да немаше радар ќе поминеше со 50че.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13430 на: 19 Август 2024, 10:29:05 am »
Казниво е ако некој те престигнува да забрзуваш.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13431 на: 19 Август 2024, 10:29:32 am »
Дури и на полна линија? Што ако тоа беше направено за да не влегува во ризик бидејќи малку подолу кочев и имаше 3 пешачки премини кои не се најдобро осветлени и поминуваат деца од кафичот?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13432 на: 19 Август 2024, 10:35:24 am »
Со твојата постапка и ти кршиш неколку закони. Возиш 80 на дозволено 50, забрзуваш додека те престигнуваат, сигурно не си оставил растојание итн итн. Што ако од таму идело возило со две деца внатре? И поради твојот инает тој морал да забрза до 120 за да те помине и ги убие? Ќе спиеш мирно? Што ако тој што те престигнува носи итно човек со срцев удар во болница? Полиција ли си или судија па ти да спроведуваш правда по улиците? Младо си, ќе напраиш 3-4 бељи, се надевам без последици и ќе си го научиш школото.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13433 на: 19 Август 2024, 10:37:00 am »
Јас сметам дека мојата постапка е правилна. И јас сум возел брзо низ град, се пуштив со друга астра, имаше кола пред мене, не сакаше да ме пушти, закочив, си влегов зад него и тука престана сѐ.

А тој као морал да престигне? Не. А лигле на мама и тато што вози 120 низ град со кола купена 30к евра на кредит (1 месец живее во ДЕ) и кога го запираат излегува со телефон во рака (бара пријатели) мочај се во него.

Инаку се работи за улица со 4 ленти (по 2 од страна), тој влезе дури во трета лента, епа баце така оди во Германија прави. Баш после мене тргна од Лукоил до скоро до кружниот (поназад беше запрен) сите коли ги престигна.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13434 на: 19 Август 2024, 10:40:03 am »
Од Прилеп си, не очекував да не си у право. Ти кажав, животот ќе те научи на лекција, на добар или лош начин. Барем мене што имам над 1 500 000км поминати насекаде низ еу што со кола што со камион не ми кажувај како се случуваат глупостите.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13435 на: 19 Август 2024, 10:42:16 am »
Јас сметам дека мојата постапка е правилна. И јас сум возел брзо низ град, се пуштив со друга астра, имаше кола пред мене, не сакаше да ме пушти, закочив, си влегов зад него и тука престана сѐ.

А тој као морал да престигне? Не. А лигле на мама и тато што вози 120 низ град со кола купена 30к евра на кредит (1 месец живее во ДЕ) и кога го запираат излегува со телефон во рака (бара пријатели) мочај се во него.
Ти жирант ли си му? Знаеш ли дали е со кредит кој му ја купил и колкава е ратата? А господине judge Dred? Само братот @Jimny е за тебе.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6633
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13436 на: 19 Август 2024, 10:43:54 am »
И не ги изменувај и дополнувај мислењата, се губи смислата на моабетот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13437 на: 19 Август 2024, 10:43:59 am »
Да зошто сестра му...ај ќе го прекинам тука муабетот.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29523
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13438 на: 19 Август 2024, 11:13:45 am »
Не да не ти е правилна постапката, туку ти е ризична и опасна. Прво и основно, забрзуваш додека некој те претекнува. Тоа е забрането со закон. Да, дури и на полна линија. Понатаму, со тоа што си забрзал од 50 до 80, си го натерал тој што претекнува да забрза до 120, со што се внесува уште поголем ризик и бетер небезбедност во сообраќајот. Си го натерал тој што се однесува небезбедно да се однесува уште понебезбедно. Подолго да вози побрзо во спротивна лента. Го разбираш тоа?

Инаку, ќе те претекнел со 60-70-80, и во несакана ситуација ќе можел да закочи до 0 за (околу, да речеме) 50-тина-метри. Од 120 кочењето до 0 е повеќе од 100 метри. Дупло.

Дали тој бил лигле или не, дали тој морал да престигне или не, дали возел така во Германија или не, дали колата му е на кредит или не... Сето тоа не е твоја работа. Не си џандар па да регулираш сообраќај. Ако некој сака да се убие, остави го да се убие. Ти (свесно или несвесно) експоненцијално си зголемил небезбедност во сообраќајот, само поради твоето его и ништо повеќе.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1755
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13439 на: 19 Август 2024, 11:44:24 am »
Вчера на враќање од Берово по тоа кривинте ја имав истата случка со бебе во кола идам по знаци зошто агресивно во кривни колку и да е во детско седиште не може да се држи фиксно како нас возрасните поседовно дека е 7м, почнува да ми се лепи на 60-70 мерива саглам до браник што нај ме нервира кога не држи растојание му давам сигнал да ме претица дека ке успорам не ме помина продужи пар километри така, позади дојде и туран зад него, дојде до мал правец отпуштив гас тргна да ме претицаат, поминува меривата по него туранот и туранот натепува гас да прдужии и меривва да ја претица во исти момент натепува гас и меривата и доаѓаат во ситуација на кривина да нејќе да го проушти, при што имаше нагло кочење од туранот и враќање позади меривата, од позади да го гледаш тоа е далекуу непријатно и не зрело продолжија со исто темпо да се бркаат при што ги изгбив од видик за некаде на втора патарина штип скопје да ја сретнам меривата повторно ме помина, чему толку брзање и правење непремислени потези не ми е јасно.