општо познато и законски прецизирано е дека до +49км/ч на автопат се плаќа паушал, без санкција одземање дозвола
може ли некој тука да објасни или да најде кој дел во законот вели дека тоа не се однесува на место на клучки, односно каде што има исклучување/вклучување од регионалена пат?
По правило кај што се клучки, мора да има и од лева страна ограничување за тие што го продолжуваат движењето по автопат, а такво нешто кај нас нема или многу ретко, само на Скопје - Штип имам приметено. Ама дека не важи правилото горе што го наведе, тоа никаде го немам тоа прочитано, ако е 100кмч, следствено до 149кмч е без одземање на дозвола.
Член 36
(1) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:
- 130 km/h на автопат;
- 110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 90 km/h на други патишта.
(2) На патот надвор од населено место возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак поставен на патот.
...
...
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина и кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
Обично има знак пред клучката.
Клучка нема збор во законот, автопат има влез и излез, со посебни ленти за забрзување и забавување. Тоа не му доаѓа како крстосница, крстосница нема на автопат, или има?. 
19. „Крстосница“ е површина на која се вкрстосуваат или соединуваат два или повеќе јавни патишта;
во понеделникот, пред Велес, ме запре полиција на означеното место

пред удолницата, на огрничување 120, возев 150 на темпомат, до 160 на претекнување
на знак 100 (некаде на почеток на правото пред исклучувањето), ц'цнав на кочница за да почне колата по инерција да забавува
пред мене имаше камион, па не кочев, туку оставив така по инерција да го поминам и воедно да не ги кочам останатите позади мене
излезе полицаецот во трета лента да мафта, забрзав малку да го допреминам камионот и да може да застанам, а притоа да не го изгазиме
побара документи за контрола и ме праша дали знам зошто ме застанал, одговорив дека претпоставувам дека на дозволено 100 сум возел околу 140
ме повика да излезам и одам кај радарот и ми покажаа снимка, сум возел 142
- во ред -велам- знам дека возев толку, претходно возев 150 и кога го видов знакот почнав да намалувам (му објаснив како и зошто)
- и сега што правиме?
- не знам, тоа останува на вас, јас сум свесен за прекршокот што сум го направил
почна да запишува во некоја тетратка нешто, во меѓувреме јас следев на радарот што се случува и како функционира
ме праша за лични податоци, иако ги има и во дозвола и во сообраќајна, па проверуваше дали истите му ги кажувам
- г-дин Марјан, каде работиш?
- графика
- значи дозволата нема да ти треба?
- молам?!?!
- за ваков прекршок следува одземање на возачката дозвола, покрај паричната казна, казната може да ја платите во рок од 8 дена на 50% попуст
- поправете ме ако грешам, но на патишта надвор од населено место до 49км/ч над дозволената брзина се плаќа сама парична казна без одземање дозвола
и тука почнува објаснување дека тоа не важи каде има исклучување/вклучување од спореден пат и дека требало дополнително внимание за возилата што се вклучуваат/исклучуваат
негирам и велам дека ниту се исклучувам, ниту се вклучувам, возам на автопат во лента за претекнување и барам доколку е можно да ми посочат каде во законот постои овој исклучок
тука се вклучува постариот полицаец што беше на радарот и почнува да објаснува дека тоа било исто како кога паркирам на тротоар или на плоштад, исто било, ама различна била казната....нити го разбрав што збори, ниту па слушав веќе
па имаше 3-4 минути тишина додека едниот гледаше во телефон, а првиот пак вртеше низ тетратката, па повторно:
- и сега што правиме?
- не знам што правиме, вие го спроведувате законот и соодветно треба да ме казните. Јас знам дека 25год. возам следејќи правила и прописи и во тие години немам ниту една казна, а ако требало првата да биде затоа што на автопат сум возел 140, се согласувам и ќе ја платам уште утре, ама дека треба да ми се одземе дозвола заради тоа, не се согласувам и се надевам дека ако бидам повикан на суд, ќе можам да го докажам тоа
- сам ли си, од кај идеш?
- од Грција, со сопругата и децата
- знаеш Марјан -се вмеша постариот- гледам дека си фер и не пробуваш да се вадиш и да лажеш, знаеш, возат луѓе 150 па не' убедуваат дека возеле 110, дека не работи радарот итн., ти си кажа дека си возел 140, ние те измеривме 142, што викаш колега овој пат да помине без казна и да внимава понатака како ќе вози?
- во ред Марјан, повели документите, овој пат нека биде без казна и внимавај на вакви клучки и не брзај толку - додаде помладиот
- фала многу, имајте убав ден